UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.466
Поени од реакции
4.600
Не знам за Германија јас за Шпанија зборав, таму владее сиромаштија, цените и те како се скапи за нив.
Немам претстава за стандардот во Шпанија. Може да ми кажеш однос меѓу просечна/минимална плата и цена на карти?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.095
Поени од реакции
19.486
Немам претстава за стандардот во Шпанија. Може да ми кажеш однос меѓу просечна/минимална плата и цена на карти?
Минималната плата е не повеќе од 1200 евра, цената на еден билет за натпревар е најефтината над 40 евра ама со двоглед да го гледаш натпреварот.
За дерби да не прајме муабет, цените се до плафон.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.466
Поени од реакции
4.600
Минималната плата е не повеќе од 1200 евра, цената на еден билет за натпревар е најефтината над 40 евра ама со двоглед да го гледаш натпреварот.
За дерби да не прајме муабет, цените се до плафон.
Да уствари, за Шпанија може, ама за Германија/Англија не треба нешо многу да се бунат :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.095
Поени од реакции
19.486
Да уствари, за Шпанија може, ама за Германија/Англија не треба нешо многу да се бунат :)
Конкретно за Атлетико зборам, откако го направија новиот стадион цените се многу високи шо е и за очекување, знам имаше навивачи се бунеа од првата година со втората имаше големо кревање на цените на картите.

Јас платив 150 евра со Еибар играа ама последниот натпревар на Торес беше тој, единствени слободни места беа тие долу во прв ред зад клупата на тренерот и во вип ложата.
Околу мене двајца тројца дали беа Шпанци, сето туристи од Азија, Франција, Италија.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.466
Поени од реакции
4.600
Конкретно за Атлетико зборам, откако го направија новиот стадион цените се многу високи шо е и за очекување, знам имаше навивачи се бунеа од првата година со втората имаше големо кревање на цените на картите.

Јас платив 150 евра со Еибар играа ама последниот натпревар на Торес беше тој, единствени слободни места беа тие долу во прв ред зад клупата на тренерот и во вип ложата.
Околу мене двајца тројца дали беа Шпанци, сето туристи од Азија, Франција, Италија.
Е добро, 150 евра стварно е лудост :D во Германија најскапата карта е 100 евра, со било кој, против било кој :D
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.242
Поени од реакции
8.142
Другар, Интер во 2010 освои ЛШ. Освои ТРИПЛЕТА.
Интер е единствениот клуб во Италија којшто освоил ТРИПЛЕТА!

Јувентус кој фактор е во европа жити се? Какво постоење на мапа бе другар.
0 титули у последни 20 години постоење на мапа ли е? Не ме интересира кој колку играл во лш, ниту пак кој колку пати изгубил финале. Ако гледаме по титули со Бенфика, Порто и Нотингем Форест сте на листа.


Ако толку постоите на мапа, кај ви се титулите? Не ми кажувај кој колку играл, не е работата само да се учествува. Од последната освоена титула во европа на јуве титула имаат освоено тимови како Порто и Борусија Дортмунд.
Извини ама 5 изгубени финалиња во 26 години не се постоење на мапа.

п.с.
Од последната освоена титула на Јуве во ЛШ
Манчестер Јунајтед 2 титули
Милан 2 титули
Интер 1 титула.
За Реал, Барса и Баерн да не праиме муабет.


И да, мене не ми е успех ако клубот се палсира, помине група и флопне или изгуби финале. За мене успех е ако тимот го дигне трофејот покрај прејаката конкуренција!



п.с Јувентус играл 9 финалиња во ЛШ, од којшто 7 има изгубено. Од кој 5 се од последната нивна титула.



И да, ако се прави муабет за ГОЛЕМИ ТИМОВИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Јувентус не треба да е пред Интер, особено не во ист ранг со Ливерпул, Милан, Реал, Барса, Баерн па и Манчестер Јунајтед.
Aбе ОК е дека Интер не е калакурница од клуб како што често се спомнува кога ќе се закараме навивачи со навивачи ама прекардашивте со таа триплета. Па еден Реал нема триплета и што сега? Тоа го прави помал клуб од Интер? Па Барса и Баерн кои имаат по две триплети не ги спомињаат толку ко навивачите на Интер, веројатно во недостиг на титули па ко слепи за стап се фатиле триплета па триплета.
 
Член од
4 јануари 2006
Мислења
160
Поени од реакции
109
Значи пример, ако еден клуб во 10 години освои еднаш ЛШ а другите 9 сезони воопшто не се пласира во ЛШ (нешто како Интер), e поголем клуб од тој што сите 10 бил дел од ЛШ и 2 пати играл финале (нешто како Јуве)? Јако :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.475
Поени од реакции
14.913
Тука имаме различно мислење, по мене тоа ее турист, ниту сее идентификува со клубот ниту со неговите вредности... а истиот е наавијач ради глобализацијата и ради тоа што истата му овозможила да се заљуби у игра на некој играч или некој стил на игра, но тоаа не значи дека утре нема да се заљуби у друг играч и друг стил на игра.

Наполи, Хајдук Сплит, Ривер Плата никогаш не изгубиле подршка од своите навијачи а сите имаат во одреден временски период ужасни резултати.

Значи,но немора да е пресудно... и ден денеска ради одредени вредности навијачите се приклонуваат кон еден или друг клуб... секако управата ако во одреден период работела добро го издиганала клубот на шампионско ниво, но ако утре некоја управа работи лошо и клубот има лоши резултати тие навијачи нема да се откажат од тој клуб ради погоре наведеното.

не е ова баш сосема точно и е предмет на широка дискусија, но ЦЗ секогаш важел за Београдски/ Српски клуб,а тоа ке го приметиш од структарата на играчи од нивно основање, секако после се менувале со текот на времето но во основа останало тоа, Партизан важел за Југословенски клуб исто така тоа можеш да го видиш од играчите при негово основање, Динамо Загреб за Хрватски, Хајдук Сплит како еден од постарите за Далматински, Вардар за Македонски клуб...Паок важел за клуб на Грци од мала азија кои се населиле во денешна егејска македонија после Грчко-Турската војнаа, Арис клуб на грците од Солун, Панатинаиокос воен клуб, Олимпијакос народски клуб....

Холандија, Италија, Немачка, Данска ако ги ставаш во западна европа и Чешка, па и Грчка имаат и те како солидна ултра култура, така да далеку се од умирање.
Уште овој пост и се повлекувам, да не бидам уште повеќе досаден. :)

Па веќе одреден период и ретко кој се одлучува да навива за некој клуб поради делење на некакви вредности, туку поради неговото опкружување (семејство, училиште, улица) или поради тоа што ќе им се допадне некој фудбалер или клуб како игра. Овие два принципа важат без разлика дали си во Мадрид, Скопје или Сеул и си одлучил да навиваш за Реал. Со тоа што првиот принцип повеќе важи за тие во Мадрид, а вториот за Скопје и Сеул. Какви вредности дели тоа дете од Мадрид што на 10 години вика како лудо на трибини или пред телевизор и веќе одлучило за кој тим ќе навива?

Се сложувам јас дека има специфични средини, дека некаде тие врски (клуб-локална заедница) се посилни, а плус и тоа што го пишав за веќе поделени карти и клубови кои што биле успешни и ги задржале тие конекции... Не негирам јас дека постојат такви клубови. Но не се тие од Господ дадени (да не играле во први лиги и освојувале титули, тешко дека ќе делеле некои вредности и денес, туку ќе биле заборавени), поради Х причини тие клубови израснале во тоа што се, поради Y причини и други клубови ќе бидат големи и (а и се) или ќе створат поинакви конекции со навивачи.

Зошто мора да е статичен тој процес, кој никогаш и не бил статичен?!

А кога веќе ќе се определи некој да навива за одреден клуб, без разлика од која причина, тој тешко менува потоа клуб.

Значи за мене е клучен успех, тоа го прави или направило некој клуб голем и така ќе биде во иднина. Без успех, во било какви рамки, не настануваат големи клубови, а може да опстанат, но ако неуспехот е катастрофален (втора, трета лига), неколку децении, тогаш веќе може да се зборува за клубови кои што во одреден период биле големи.


За овие формирани во Југославија после 2СВ... Сум почнал да читам и да разговарам со луѓе, со намера дека ќе го потврдам тоа што ти го пишуваш, а и јас сум го мислел, но не е така. Клубовите не се формирани да бидат национални репрезенти, напротив... Нормално дека повеќето од Србија ќе навиваат за ЦЗ или Партизан, затоа што тие клубови им биле географски близу, во Белград студирале, оделе поради работа, имале роднини, па стапиле некако во контакт со овие два клуба.

Србите и Хрватите од Сарајево претежно навивале за Жељезничар (најмногу и живееле во тој дел од градот), а Србите во Загреб навивале во голем број за Динамо. Хрватите од Херцеговина повеќе гравитирале кон Загреб, па нормално и за Динамо да навиваат, исто како Србите од тој дел што гравитирале кон Белград.

Нормално дека за ДЗ навивале повеќе Хрвати, а за ЦЗ навивале Срби, но не за да покажат дека се големи Срби и Хрвати, туку затоа што еден клуб е од Загреб (кај што живеат Хрвати), а друг од Белград каде што живееле Срби, но и кон кој град гравитирале други Срби.

А и во Југославија голема улога за одбирање на клуб влијаел некој познат фудбалер или успех на клуб. Па и генерациски може да се види дека не мал број ги избирале клубовите затоа што во тој период биле успешни.

До промена на перцепција, која важи и денес, почнува во втората половина на осумдесетите. Тогаш почнува полека да се турка тој национален наратив. Поточно националното прашање дошло до израз, сојузните раководства и сојузните служби и преку клубовите се налепуваат на тој бран, меѓу другото и за подобро да ги водат процесите. Иако ни тогаш не е направен реска поделба, која се прави со почеток на војната.

Твојата Црвена Звезда, станува "српски национален клуб", не затоа што е формиран како таков, туку како последица на доаѓање до израз на националното прашање во Југославија, па со се поголемо потенцирање на националното чувство на навивачите и со мешање на службите и се прилепува како дефинирачки тој национален елемент.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Aбе ОК е дека Интер не е калакурница од клуб како што често се спомнува кога ќе се закараме навивачи со навивачи ама прекардашивте со таа триплета. Па еден Реал нема триплета и што сега? Тоа го прави помал клуб од Интер? Па Барса и Баерн кои имаат по две триплети не ги спомињаат толку ко навивачите на Интер, веројатно во недостиг на титули па ко слепи за стап се фатиле триплета па триплета.
Работата беше пошо Јувентус го ставија ешалон над Интер кога правиме муабет за ЛШ, и тоа нешто историски гледано беше муабетот, поточно Јувентус беше ставен над интер во ист ранг со Ливерпул, Милан и Манчестер Јунајтед.
Е сеа ти како фан на јуве кажи ми дали е реален тој муабет и по кој основ.

А за триплетата ја спомињам јас лично пошто за мене тоа е најголемиот успех на мојот клуб во мојот животен век. И нормално е да се гордееме/да славиме/да се курчиме со нешто такво. Па и некад непотребни форсови да се тераат коа ќе се зајадеме вака :D



Иначе за Реал што да каже човек, Триплета од титули направија и секоја чест за тоа. Сепак се убедливо најдобриот клуб во Европа историски гледано. Глупо е сеа на нив некој да им збори за ЛШ :D
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.242
Поени од реакции
8.142
Работата беше пошо Јувентус го ставија ешалон над Интер кога правиме муабет за ЛШ, и тоа нешто историски гледано беше муабетот, поточно Јувентус беше ставен над интер во ист ранг со Ливерпул, Милан и Манчестер Јунајтед.
Е сеа ти како фан на јуве кажи ми дали е реален тој муабет и по кој основ.

А за триплетата ја спомињам јас лично пошто за мене тоа е најголемиот успех на мојот клуб во мојот животен век. И нормално е да се гордееме/да славиме/да се курчиме со нешто такво. Па и некад непотребни форсови да се тераат коа ќе се зајадеме вака :D



Иначе за Реал што да каже човек, Триплета од титули направија и секоја чест за тоа. Сепак се убедливо најдобриот клуб во Европа историски гледано. Глупо е сеа на нив некој да им збори за ЛШ :D
За мене Интер е голем клуб рамо до рамо со најголемите во Европа иако навивачки често знам понижувачки да настапам кон него кога ќе се препираме, дали на форумов, дали во живо. Ама мислам дека е преголем форсот со триплетата (често користен како аргумент во препирките на релација Интер-Јуве) иако истата ја нема најголемиот клуб во светот Реал.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Ma kaki golem klub bil inter, k.. moj.. dali 5-6 pati bil u top5 klubovi u evropa, i 5-6 puti u top10.. Juve konstanto od svoe postoenje e u top10 (osven tie 3-4 sezoni koa ne igrase LS radi Seria B), najcesto i vo top5, pa proglasen e za vtor najdobar klub (posle real) za 20ti vek, a eve vo 21vi milion tituli osvoija, ne se vazele finalinjata, ok druze, toa sto dostigale do sam finis 10 puti, sto nad 50 puti pominale grupna faza, i se vrtkaat non stop u top8, ne se vazi, a edna mocana tripleta u 110 god postoenje zemale i na kuroff se kacuvaat, ebate navivacite.. nikad nema u ist kos da bidat Juve i Inter bez razlika sto samo 1 mocana titula poise ima osvoeno Inter.. Pa i Vardar rukomet ima 2 osvoeno i samo 8 god igra LS pa ne go prai podobar klub od par giganti koi osvoile 1 ili 0 a se u sam vrv.. ubavo si kaza Tribiani, si znae covekot..
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Добро со овие од Челшит фановиве расчистивме колку толку. Туку што правиме со врснициве на Барса фан бојс од фан клуб Дночестер Умрајтед? Дечкиве тврдат дека биле пред Ливерпул, Милан и Јуве. Т.е. Срејал, Срањерн и Дночестер биле кремот, додека све друго било под нив. А од друга страна кутрите дечиња го занемаруваат фактот дека Ливерпул има дупло повеќе титули од нив во ЛШ и ист број на ПЛ(или Дночестер имаат една повеќе), Милан дупло плус 1, а Јуве 36 титули има во Серија А и постојано се мота во крајните фази, многу, многу повеќе од нивниот умрен тим.
Дночестер јаките на кои испод чест им било да се споредуваат со Ливерпул, Јуве и Милан. Иш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom