Презаслужен пролаз на Реал, по не знам кој пат страшен пик во форма кога е најпотребно, што да се каже друго.
Од друга страна Ливерпул е дупка без дно, очајна сезона, буквално распад система од јануари навака. Милион криминални изданија, без никаква идеја, без една светла точка. Не сум видел толкав пад на толку краток период, башка екипа што освојува најголеми трофеи во минати две сезони. Срамна игра денес, дрвење со топка околу 16ник, нема креација кога се повлекува екипа и ги чека со 10 луѓе позади топка, што е скоро секој меч.
Мане и Фирмино сезонава се трагични, и тоа е главниот проблем.
Нека заврши сезонава побрзо дека на ништо не личи играва, мастер ресет е единствено решение.