La Liga Santander 2016/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Atso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Два пати со ред Реал дома си тепа со 3 коефициент... И двете 1-1 и 3+. Тешки пари си има некој направено.
 
Јака утакмица нема што,нека им е честито победата на Реаловци,според мене заслужи Барса бод вечерва,посебно поради второто полувреме,ама тоа е сами се криви што примија 2 гола уште на почеток на натпреварот,плус Реал има далеку по искусни играчи што знаат да изиграат на резултат,наспроти децата на Барса и лордот Брејтвејт што паѓа на допир како снајпер да го погодил,како заврши овој лик во Барса ќе треба книга да се напише за тоа.

Ако ништо друго конечно едно јако Ел Класико за разлика од претходните години кај што се играше мртов фудбал,инаку дождот си даде посебен шмек на утакмицата.
 
Мора да се признае дека беше перфектно судена утакмицата. Немаше пенал над Бретвајт, ама нормално е да проба да одглуми пошо имаше мал контакт.

Сигурен сум и над било кој играч на Реал да беше ситуацијата ќе правеа притисок за пенал.
 
сите се правени само зинедин Зидан



му еб тоа среќата ќељава,сега лани и пополани за сите утакмици..
 
Мора да се признае дека беше перфектно судена утакмицата. Немаше пенал над Бретвајт, ама нормално е да проба да одглуми пошо имаше мал контакт.

Сигурен сум и над било кој играч на Реал да беше ситуацијата ќе правеа притисок за пенал.
Onaka okolu sudijata bidi siguren deka ne. Toa e trademark na Barcelona
 
Дехеехехел Боохохохохохој.

Не знам зашто ама така ми дое да го застрелам Дел Бој од нигде никаде. Иначе никад нема Барса да биде шаНпијон сезонава, гарант ќе губат бодови и од послаби екипи до крај.
 
сите се правени само зинедин Зидан



му еб тоа среќата ќељава,сега лани и пополани за сите утакмици..
Вау, полека мангупе.
Не е до среќата, до тимот е. Тоа што вие го немате 5 години.
 
Барса што `тоа е тоа` и ќе освоеле според Дел Бој Бонано.

Реал паднатите и слабите според ЕлНињо Салгадо.

Реал што не знаат кај удараат според Бланцо Днозе Марија Днутиерез Днути.

Винчиниус слабиот според овие двајца Кака.

Зидан не толку добриот и пред се преценетиот тренер според - е сега баш не можам конкретно да се сетам на некој реаловец на форумов - Гравесен.
 
Сериозно прашање за фановиве на Реал

Гледајќи ги успесите негови...дали е Зидан најдобар тренер во историјата на Реал и што би требало да направи за да биде (ако не е)
 
Честито победа, заслужена. Зидан ни објасни шо значи поимот "рутина", иако можеше да биде од готово вересија. Како го вади максимумот од 35 годишен Модрич, секоја чест. :cuc:


99% оди титулата кај Реал, реков кој го зима класикото тепа се до крај. Трпајте сеа брдо лова на Реал и заборавете шта је то сиротиња. :cool:
 
Се надевам дека егото на Зидан ќе му проработит и ќе останит тренер на Реал уште минимум 5 години, да соберит некоја титула плус и да си го зациментират и нумерички статус како еден од GOAT фудбалски тренери, по шо мотивацијата шо ја носит, како и тактичките замисли веќе му се во рамките на најдобрите евер. Поставеноста на играчите адаптирана на противникот вечерва беше за во учебниците. Навивам за Реал 20 години и подобар тренер овој клуб никогаш немал. Ја зеде играта на Анчелоти и ја модифицира на начин кој шо изгледат толку едноставен, ама немој секој да го играт.

Транзицијата шо Реал ја имаше првото полувреме, а и претходната утакмица со Ливерпул се она шо можит да си го дозволат екипи со предобар среден ред - нешто шо беше и вечерва Х фактор за финалниот резултат.

Дождот ни скрати 40 минути квалитетен фудбал - иако и овој беше атомски и преинтересен, али многу хаотичен и неорганизиран ради временските услови.

Бензема е играчиште со неверојатна фудбалска интелигенција. Сакам после крајот на кариерата да се напрајт еден документарец за него со инсајд на неговите бивши соиграчи, за да се видит стварно неговата големина и квалитет, и конечно да го добиет заслуженото поштовање.

Овај Мингуеза и не е така лош играч, мајке ми.
Она од Брајтвајт не беше пенал, ама Менди се испонаша во таа ситуација како вечерва да почнал да играт фудбал. Многу глуп и непотребен потег.

Се на се - заслужена победа, иако и да завршеше нерешено немаше да е страшно, особено земајки ја во обзир пречката на крај :)
 
Сериозно прашање за фановиве на Реал

Гледајќи ги успесите негови...дали е Зидан најдобар тренер во историјата на Реал и што би требало да направи за да биде (ако не е)

Нема такво нешто како најдобар тренер/играч во историја, све у свое време. Мур не извади од калта, изгради менталитет, Карло изгради и тим и тренер (Зизу) за успеси. И сеа Зизу најповеќе со авторитет и мотивација пред се, мн битно со вакви играчи, го вади максимумот и резултатите се тие што се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom