Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Зек Снајдер: Студиото ми извади ептен материјал, затоа морам директорс кат верзија да извадам да се долови целата поента

Абделатиф Кечиче:

Прегледај го приврзокот 290358
Само и тие сцени вредеа во филмот. Другото беше на ниво на тинејџерска романтична трагикомедија.
 
Jamón, Jamón (1992)
IMDb вели - Кога една мајка нема да ја одобри љубовницата на нејзиниот син, таа ќе ангажира модел на долна облека и поранешен борец со бикови за да ја заведе истата.
IMDb дава скромна 6.4, но ако прашате просечен Шпанец тој веднаш би дал 9ка.
Зошто филмот кој се смета за култен во Шпанија врви толку неразбрано меѓу интернационалната публика?
Би можел комплетно да го раскажам и кога би го гледале пак не би ви било криво. Зошто? Прво и најважно - филмот спаѓа во жанрот Фарса, а не Драма, Романса, Комедија како што навеле на филмскиот сајт. Тоа значи дека нема поента да барате значење или скриени пораки во филмот, што за мене беше многу освежувачки за промена. Седнуваш да гледаш филм во кој дејството не прави апсолутно, воопшто, буквално, на микро и на макро ниво, ама баш никаква смисла. Никој не може да ти го расипе со спојлери, затоа што истиот не може да биде расипен. Има изобилство од секс.
Специфична кинематографија за широка популација :) Филмов не е непознат, прво поради специфичниот наслов: Шунка, шунка :)
Јас имам впечаток дека секогаш постоела тивка војна и докажување помеѓу Бигас Луна и Педро Алмодовар.
Имаше неколку добри филмови во период од неколку години и од едниот и од другиот. Многу подобро помина Women on the verge of a nervous breakdown од Алмодовар...
Имаат сериозно добри филмови и омилени актери кои се провлекуваат низ повеќе филмови.
 
Последно уредено:
Летербокс е за хипстери што сакаат да лепат сликички. Си има IMDB за се, а рецензии и на форумов сме пишувале како нормални луѓе. Еднаш ме излажа Њотомир и така лепев плакати 3 дена, се осеќав како во кампања за избори... Друго што ме нервира е она хипстерското 3.5/5, пошто 7/10 е многу старомодно нели.

Доста си го арчите времето.

 
Летербокс е за хипстери што сакаат да лепат сликички. Си има IMDB за се, а рецензии и на форумов сме пишувале како нормални луѓе

Оплоди ме те молам :love:
 
Само Хермиона, од тогаш ништо :D
Па искрено требаше да се повлече после Хари Потер, стварно не ја бива. Никаква харизма нема, глумата и се базира на лигавење и правење некои гримаси а ла Николас Кејџ една иста фаца има за цела лепеза на емоции, глумата и е собирање веѓи и збрчкување чело, толку.
После Хари Потер ништо нема извадено асално.
 
Па искрено требаше да се повлече после Хари Потер, стварно не ја бива. Никаква харизма нема, глумата и се базира на лигавење и правење некои гримаси а ла Николас Кејџ една иста фаца има за цела лепеза на емоции, глумата и е собирање веѓи и збрчкување чело, толку.
После Хари Потер ништо нема извадено асално.
Па да, а уствари сега видов колку сиромашна кариера има. Последен филм со нејзе што го гледав беше Beauty and the Beast, и таму ме разочара. Очекував да видам бар 5-6 филмови од тогаш, ама само 2 снимила. Little Women гледам има висока оценка на imdb, али трејлерот не ме воодушевува да го гледам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom