Не реков дека сакам сериозно да разговарам, ама глупаво е препукувањата од темите за политика овде да ги префрлаат. Мислам дека за тоа се согласуваме. Инаку не знам како тема за коронавирус може да биде хумористична. За мене реално не е. Кај мене во маало од почетокот на вирусот починаа 16 луѓе и мене реално не ми е хумористична ситуацијата.
Немој да ме сфатиш погрешно, немам намера да бранам никого. Само убаво би било да не се префрлаат препукувања од темите за политика овде. Од друга страна ниту имам намера да бранам некој од министрите или премиерот, секој треба да си превземе одговорност за своите постапки. Но во оваа држава тоа малку потешко.
Во ред е. Јас само спомнав дека беа оправдани опомените. Дека условите во болниците не се добри знаеме сите. Знаеме и дека има недостаток од медицински персонал. Сите се виновни за ова што се случува. Оваа лоша состојба е создадена низ години наназад, единствено што сегашните не мрднале со прст тоа да го променат. Луѓе умираат и поради тоа што нема медицински персонал и поради тоа што способните и доволно стручните во оваа област си заминале од државата.