2019 кога сменија регулации на предниот спојлер што дебело ги оштети Ред Бул аеродинамички и така-така Ферари, никој од Мерцедес не кажа дека новите регулации биле нефер пошто сврзаа 8 победи по ред на стартот
После имаше и гласање за враќање на старите гуми што на пример ќе им одговараше на Ферари, ама Мерцедес си излобира кај другите тимови да гласаат за нив и ГГ.
Пред 4-5 години Мерцедес гореа уље со адитиви заедно со бензинот за поголема брзина, па Ферари виде што прават и они го имплементираа тоа. Кога почна Ферари да го прави истото одма ФИА ја банираше "финтата".
Па и за регулациите на моторот 2014 се збори дека Мерцедес уште од 2009 работеле на V6 турбо моторот.
2013 имаа нелегален тест со Пирели, а таа сезона они имаа најголем проблем со гумите, посебно на трка. Имаше трки каде што стартуваа топ 3, а завршуваа надвор од поени заради агресивна деградација на пневматиците.
Мерцедес за 10 години во спортов има повеќе дубари направено од Ферари за 70 години мме. Одвратен тим.
Земале плачат сега демек регулациите бил за нив да ги успорат, а уствари од самиот старт се знае дека ги имплементираа за да ги успорат болидите зошто беа пребрзи за Пирели гумите.
Џејмс Алисон викаше скратувањето на подот нема ништо да смени, исто ќе е, ама некако ги изненади изгледа.
Единствено лани забраната на "party mode-од" на квалификации беше дирекно насочена кон Мерцедес да ги успори од 1 секунда на -0,800 од вториот најбрз тим [emoji23]
/rant over