FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Network

Одличен филм и по трето гледање. Делува ко да е напишан пред една недела. Пука сатира и суптилна комедија.

Тв мрежи во лов на што поголем рејтинг, ако рејтинг носи некој лудак што вика булшит, дај му емисија чим се пали народ. Така почна, а заврши со убиство во живо за да се реши проблемот со мала гледаност и да се направи јак почеток на нова сезона.
Газди во лов на билиони, нема зборење ако му штети на бизнисот, има да доживееш бого(газда)јавление и ќе се просветлиш, зашо луѓе, демократија и слично не постои, постои само бизнис и пари, таму нема мешање.

Две сцени што ми текнуваат кај што се смеев.
Терористи на состанок со тв мрежа преговараат фусноти у договор за емисија (реално шоу) кој термин ќе го фатат и со кој ќе бидат у конкуренција од другите канали.
Сцената кога Дајен и Шумахер искачаат заедно, оваа му збори цело време за работа за на крај док имаат секс да сврши на помислата дека нејзината емисија ќе биде успешна.

Глумата е врвна од сите, растураат и само од тој аспект беше уживање.

Исто и сценариото коска, тоа и беа движечките сили на филмов, глеам таму и оскари зеле.

Динамика ми губеше во некои сцени со Дајен и Шумахер.


8,5/10

@Zlatikevichius фали мојата 7ца у твојот ексел за 24 hour party people
 
Последно уредено:
Мрежа (1976)

Филмов е стар скоро половина век, а темата што ја обработува и денес е актуелна. Само мрежата е друга. Доволно е да се заменат зборовите ТВ со Интернет, гледаност и поени со следбеници и лајкови, имињата на компаниите и филмов ќе е исто релевантен како да е сега сниман.

Маестралното сценарио всушност ни покажува како забавата влегува во информативниот дел на телевизијата. Сѐ додека нештото е гледано, односно носи пари, воопшто не е важно што е. Затоа имаме пророк во вестите кој претскажува што ќе се случи следната недела, финансирање на криминална организација во замена на ексклузивни снимки од грабежи и останати сензации кои се поддршка на стожерот кој е еден ментално заболен водител со обраќање кон гледачите кои па послушно ги извршуваат сите негови барања.

Тоа што тогаш било сатира, денес за жал е реалност и можеби затоа ништо од сето тоа не ни изгледа претерано или туѓо.
Одлична изведба на Вилијам Холден, како и на Финч и Бити во нивните монолози.

Дефинитивно е ова еден од филмовите на кои се дефинирал Соркин.

8/10


п.с.
во контекст на мрежите, баш деновиве од IMDB ме потсетија дека правам јубилеј.

1617023259233.png
 
Network

Што знам бе дечки, филмов има се што треба да има и пак нешто како да му фали, дали некоја емоција, дали кулминација, не знам што е, ама нешто како да фали за да се поврзам и да ми биде одличен. Пораката што требаше да ја пренесе ја пренесе, што е одлична бај д веј, сатирата, глумата, плотот, се беше на место. Должината не беше, мое мислење е дека премногу минутажа отиде на аферата помеѓу Макс и Дијана, а целата таа приказна не беше воопшто важна за филмот. Истовремено, филмот не е доволно фокусиран на ликот што ја носи пораката, а тоа е Хауард Бил. Го ѕирнавме малку на почетокот, па после пак малку на средина, малку повеќе видовме на крајот, ама сето тоа сегментирано и премногу отсечно за да може да се следи тој лик. Најмногу ми се допадна сцената со него и Џенсен, премоќна е таа сцена за да остане неспомната. Штета што целиот филм беше фокусиран на лигавењето на Макс по Дијана, апсолутно одвратно беше сето тоа за гледање, за на крај што? Да ни кажат „еее јас сум од едно друго време што знае да љуби и да пати, а ти си хуманоид производ на телевизијата“, па не мораше да гледам тој очаен обид за cowgirl за да ми го кажат ова, всушност сосема прифатливо за мене ќе беше тоа воопшто и да не ми го кажеа. Нејсе, на почетокот ми делуваше малку наивно што една огромна корпорација гладна за долари ептен се трудеше атракција како Хауард Бил да го тргне од телевизија, сите знаеме дека не функционираат така медиумите, денес сите гледаат што повеќе да се глупираат и да бидат dancing bears за внимание и пари, ама сепак, јас живеам во друга ера, тогаш можеби сеуште телевизиите сакале да одржат некаков стандард. Криво ми е стварно што ете, и покрај тоа што ги штиклира сите квадратчиеа кај мене, сепак нешто фали за да ме импресионира. Слична идеја со Fifteen Million Merits.

7/10
 
Нејсе, на почетокот ми делуваше малку наивно што една огромна корпорација гладна за долари ептен се трудеше атракција како Хауард Бил да го тргне од телевизија, сите знаеме дека не функционираат така медиумите, денес сите гледаат што повеќе да се глупираат и да бидат dancing bears за внимание и пари, ама сепак, јас живеам во друга ера, тогаш можеби сеуште телевизиите сакале да одржат некаков стандард.
Да, тоа е времето кога сѐ уште се држеле до професионалните стандарди и кога и за минимални испади се прекинувала програмата со задолжителни извинувања кон гледачите после тоа, а презентерот трајно го отстранувале од етерот. Барем овие постарите новинари како Шумахер, наспроти новиот бран кој започнува со внесување на сензационалистички и таблоидни настани поддржан од газдите на кои важен им е само профитот. Денеска ситуацијата е обратна, хуманоидите победија.
 
Network

Ќе се сложам со оние кои пишале дека филмот е добар, ама сепак му фали нешто да биде подобар, да остане подолго во сеќавање кај гледачот, тој Х фактор му фали. Интересни се дијалозите, иако мене темата не ме заинтересира премногу. Филмот е стар, а како да е снимен денес, ништо не е сменето во ТВ, Интернет. Богати, злобни и алчни газди го водат овој бизнис каде битен само рејтингот, гледаноста на шоуто. Дното на општеството, шлајмот, посебно кај нас во Македонија.
Можеби и затоа ниту сум изненаден од нивните животи, интриги и како овие луѓе размислуваат. Ми го немаше тој шок фактор филмот, можеби оти денес е презаситена оваа тема, често ја гледаме, читаме и спомнуваме насекаде.
Дијалози имаше добри, имаше и монотоност.
Се на се, и од мене има 7.
 
Network

Уште еден филм на листата со непотребни сцени. Кој фактор беа Макс и Дијана у целава приказна? Дури ми се слоши од некои нивни сцени, поготово оргазмот и коа и кажа "You are madness, Diana, virulent madness, and everything you touch dies with you. " :pos:

Сатирата на ниво, приказната одлична. Филмов да го има некој гледано во тоа време, пред 20 години, сега или по 20 години ќе биде исто. Само медиумите и мрежите ќе се менуваат, болната вистина е таа. Имаше низ филмот неколку дијалози што мислам дека го поставија стандардот на високо ниво, а поради должината имаше и некои многу лоши па затоа и филмот имаше неколку падови. Досаден не би рекол, ме издржа до крај без да ме фати досада ама се сложувам дефинитивно дека му фали нешто за да биде wow. Штета што не видовме малце повеќе од Хауард низ филмов, мислам ќе му дадев сигурно една оценка повеќе.
Алергичен сум на филмови што додаваат непотребна романса и љубов кај што не треба да има, ама не би можел да му дадам помала оценка.

7/10
 
Тука некаде привршуваме со 121 филм, Network. Го гледаа 12 души, и му дадоа средна оценка 6,9. Го испуштија:

јас (sorry, ветувам ќе го изгледам), @Leo Bonnie , предложувачот @Tyler Durden и @Violetova - на сите прв неизгледан
@Setsuko - втор неизгледан (жолт картон)
@ManUtdChampions - трет неизгледан (црвен картон)

Следен предложувач е @bobipp . Тој ќе ви каже сам до утре (понеделник) вечер, 20:00, кој е филмот. Ако не, ќе ме почекате мене.
 
Тука некаде привршуваме со 121 филм, Network. Го гледаа 12 души, и му дадоа средна оценка 6,9. Го испуштија:

јас (sorry, ветувам ќе го изгледам), @Leo Bonnie , предложувачот @Tyler Durden и @Violetova - на сите прв неизгледан
@Setsuko - втор неизгледан (жолт картон)
@ManUtdChampions - трет неизгледан (црвен картон)

Следен предложувач е @bobipp . Тој ќе ви каже сам до утре (понеделник) вечер, 20:00, кој е филмот. Ако не, ќе ме почекате мене.
И јас го изгледав. Пиши таму :D.

Настапите на главните актери, Роберт Дувал, Питер Финч, Феј Данавеј и Вилијам Холден се многу силни, а сите ги прикажуваат нивните посебни тв-изведувачи со уникатен егоизам, што ве привлекува да верувате дека така функционира една тв станица. На моменти, приказната делува малку плитка и недостига малку длабочина, при што клучните сцени се движат малку побрзо отколку што треба. Но, генерално, го задржува вниманието до крај. И дијалогот е одличен! Тв станица ја искористува јавната криза на еден човек за подобрена гледаност на програмата. Нешто што е секојдневие денес. Филмов претставува “1984“ во 1970та :D.

Едно 7че од мене :).

Утре ви го претставувам мојот предлог за филм. Се читаме.
 
Утре ви го претставувам мојот предлог за филм.
Ќе може утре околу пладне да го кажеш предлогот?
Ќе одам попладнето на планина каде интернетот е 2G, па да имам време да го симнам претходно :)
 
Мојот предлог за филм е Secret (2007). Ми остана како еден од најомилените, од периодот кога наголемо гледав корејски филмови, а меѓу нив се најде и по некој кинески, јапонски и еве еден тајвански. Филмот е музичка романтична sci-fi драма. Музиката е главниот носечки мотив и секој кој сака пијано мелодии, сигурен сум ќе му се допадне. Главниот лик, Jay Chou е и сценарист и режисер и пијанист во филмов :cuc: Филмов бил хит во Азија кога излегол и има неколку награди освоено на тој филмски пазар.

1617652160584.png

Малку ќе се помачите додека го најдете , но тој што има Нетфликс, може и таму да го гледа. Другите или барајте....знаете како :P (или по англиското име или по кинеското - Bu Neng Shuo De. Mi Mi). Ако и така не успеете, моментално го поставувам на wetransfer, па пишете ми пп, ќе ви пратам линк за симнување.

Уживајте во филмот и верувам на поголемиот дел од вас ќе ви се допадне. Не знам дали предложувачот има право да гласа за својот филм, ама ако може, јас давам стартна 8ка :)
 
Леле ме утепа, музика, романса и sci-fi трите категории што не ги сакам ич, ама ветувам ќе го изгледам и ќе бидам реален. До сега дали 20тина Азиски филмови сум изгледал, ама ниеден ме нема разочарано.
 
Азиска кинематографија - топ. Иако мака мачам со ликовите и имињата скоро цел филм, досега тоа што го имам изгледано било многу добро.
Ќе се обидам да го изгледам и овој во тој рок од две недели .
 
Ако и така не успеете, моментално го поставувам на wetransfer, па пишете ми пп, ќе ви пратам линк за симнување.
Ова никако. Ќе ви даде 900mb 320x240 .avi xvid mp3. Канцерогено е.
На Zamunda има 720p bluray ~4gb.
 
Има и на рарбг 1080 ама нема сидери. Кај мене не мрда ни ова од замунда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom