UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Овие Реал Мадрид се најдовратна екипа со фудбалот што го играат...еден куп истрошени фудбалери,предвидливи во потезите и во нападот многу тупи со едноставни дупли пасој...пробивност нула,контри/полуконтри нула,некостантни до максимум..една утакмица играат, другата џогираат....колку да ги мразам сепак мислам дека се фаворити против Ливерпул....јбг презависни се Ливерпул од Хендерсон на средина кој заедно со Фабињо му се root players и скелетот на тимот...едноставно Алкантара нема капацитет да го замени Хендерсон ...премек и преспор е за таа позиција и одговорност која му ја дава Клоп..и тука Ливерпул губи на цврстина која со повредите оваа сезона ја изгубија и затоа дојдоа лошите резултати.

Што значи дека Челзи многу лесно можи да стигни до финалето и да се бори за втор трофеј во ЛШ со оглед на формата која ја имаат и противниците кои му следат.

А што сме ти згрешиле толку? Зошто? Мораше ли?
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837

Обично прифаќам заебанции на моја сметка ама овај муабет е веќе клише со оглед на тоа дека во последно и баш ми оди со прогнозите...ако ти е за утеха и лани уште во 1/8 финалето типував на Баерн дека ќе го освои и дека ќе го прегазат твојот Челзи(што баш така испадна).

Реално Челзи делуваа најспремни моментално од таа гранка (каде се добива финалистот)..Реал и Ливерпул имаат многу мани,недостатоци,повреди,форма и се останато...Челзи се со комплетен состав,во форма,компактни и се останато...уште Вернер со Зијеш да постигнат некој гол и да добијат на самодоверба бидејќи се добри играчи ама не му оди едноставно.
Автоматски споено мислење:

Kaде го виде Фабињо во претходниот пост?
Никаде....ама јас ги спомнав Хендерсон со Фабињо како дуо на средина..и тој ми изигра мајтап демек Хендерсон е никој и ништо и можат без него..а се гледа колку можат со Алкантара на средина....нема ниту 10% од импактот што го носи Хендерсон.

Не велам дека е подобар играч од него,туку дека за играта и системот што го практикува Ливерпул Хендерсон е измислен играч на средина и се гледа дека многу му фали...посебно кога треба некој да ги покрива Робертсон и Арнолд.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.307
Добро...не сум јас никој да кажвам ама прашајги фановите на Ливерпул шо мислат за Фабињо и Хендерсон и ќе ти кажат...огромна разлика во играта имаше ко му се врати Фабињо на средина...дури Салах самиот тоа го спомна на интервјуто...ама добро шо разбирам јас.

Хендерсон му е многу битен играч на средина..можеби во нападот се битни Салах и Мане не ги спорам нив..ама за целата игра што ја практикува Клоп,брзата транзиција по бекојте Арнолд и Ровертсон....Хендерсон и Фабињо имаа клучна улога каде Тиаго и Џонс неможеа да одговорат на улогите бидејќи сите можни дуели ги губеа на средина.
Kaде го виде Фабињо во претходниот пост?
У претходниот пост еднаш го спомна Фабињо. Ти изреагирав за Хендерсон, и ми реплицираш со 16 пати спомнат Фабињо.:D

А за фановите на Ливерпул да ги прашам за Хендерсон, голем дел ќе одговорат дека подава само назад а Пеџа ќе рече дека овие не се нормални браД хејтаат остај ги. :D

За Фабињо немам зборови.

За Хендерсон највеќе изреагирав за да се насмееме пошто увек си ваков со мислење контра цел свет. Не дека е лош играч или слично, океј е Хендо, голем работник, тркач, мотор. Ама не дека он е главниот штраф или дека без него не можат пошто не е така. Ги спомнуваш Тијаго и тој Џоунс а го изоставаш Вајналдум. Ливерпул тепаше и без Хендерсон у постава, кога моите споменати беа на ниво, поготово Мане.

Нормално дека Тијаго не може да го замени кога не се ист профил на играчи, Тијаго е плеј, нежен играч, натијадајмија, алиби играч. Хендерсон е мускул.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
И додека целиот свет е свесен дека Ливерпул е презависен од брзата транзиција на Салах и Мане плус офанзивната поддршка од бековското дуо Робертсон-Александар Арнолд сепак според Џони Улие тоа е Џордан Хендерсон.

и според апсолутно никој на светов. :D
Па може да се каже дека брзата транзиција на Салах и Мане плус офанзивната поддршка од бековското дуо Робертсон-Александар Арнолд зaвисат од средината на Ливерпул, која ја држи Џордан Хендерсон.
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.307
Па може да се каже дека брзата транзиција на Салах и Мане плус офанзивната поддршка од бековското дуо Робертсон-Александар Арнолд зaвисат од средината на Ливерпул, која ја држи Џордан Хендерсон.
Истата работа ја врши и Вајналдум, и кој и да игра у средина. Тоа што Арнолд не може центаршут да погоди, што Мане и Салах водат инат, што Фирмино не знае кај удара, што Робертсон делува на прекуван нема врска нели.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Пак се вративме на темата среќа во ЛШ.
Едната страна има многу полесен пат до финалето.
Пред ждребот, реално, никој не очекуваше дека Челзи би можел до финале.
Ама ете, според повеќето, главните 3 фаворити Сити, Баерн, ПСЖ се од едната страна.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.913
Поени од реакции
84.320
Пак се вративме на темата среќа во ЛШ.
Едната страна има многу полесен пат до финалето.
Пред ждребот, реално, никој не очекуваше дека Челзи би можел до финале.
Ама ете, според повеќето, главните 3 фаворити Сити, Баерн, ПСЖ се од едната страна.
Пак ќе повторам
Лигиве се хаос

Пред ждребот сите викаа дека:

-Сити имаат лузерски менталитет во ЛШ и прашање на време е кога ќе отпаднат
-ПСЖ - исто како и Сити
-Челзи, еве викаш и ти, никој не очекуваше финале
-Реал, во очајна форма се, исто така никој не очекуваше финале
-Порто и Дортмунд..секако, никој не очекуваше
-Ливерпул, исто како и Реал

...па мора некој некогаш да влезе во финале, не може само Баерн да игра сам :D
А зошто и да не отпадне Баерн до душа..еве се мачат во Бундес не водат 7-8 поени како порано :D
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Истата работа ја врши и Вајналдум, и кој и да игра у средина. Тоа што Арнолд не може центаршут да погоди, што Мане и Салах водат инат, што Фирмино не знае кај удара, што Робертсон делува на прекуван нема врска нели.
Па најдобро е уствари да збориме за Вајналдум, Фабињо и Хендерсон како целина, но ете издвоен беше Хендерсон како капитен. Ама сметам дека баш средината е најбитна за играта на Ливерпул и тоа што средината не е во тој состав сезонава е можеби главната причина за лошата форма на напаѓачите и бековите. Со нивната енергија и буквално орањето по терен на Трент и Робертсон им беше овозможено без да се секираат многу за одбрана да летаат напред и да играат како крила затоа што некој од средината ќе покрива за нив. Со тоа Мане и Салах играа како напаѓачи без да мора да покриваат за бековите и секогаш беа достапни за брза транзиција, а Фирмино слободно можеше да ја поврзува играта меѓу средината и нападот.
Сега во средината ја немаш таа енергија, не можат да покриваат Тиаго и Џонс исто како Хендерсон и Фабињо. Поради тоа Трент и Робертсон мора многу повеќе да покриваат назад, а тоа не им е најјака страна, па поради тоа мораат и Салах и Мане да играат како крила наместо напаѓачи и да се враќаат за да им помагаат на бековите, а Фирмино останува сам во позиција која не му одговара. И со сето тоа добиваш Ливерпул кој не може да игра како што играше и делува како просечен тим.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Дали ќе им играле Хендерсон, Алкантара, Фабињо или Роналдињо е небитно. Ќе бидат згазени ко шлепер жаба. Само од ПСЖ ми е страв, другиве екипи се мачкина кашлица за Реал.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.307
Па најдобро е уствари да збориме за Вајналдум, Фабињо и Хендерсон како целина, но ете издвоен беше Хендерсон како капитен. Ама сметам дека баш средината е најбитна за играта на Ливерпул и тоа што средината не е во тој состав сезонава е можеби главната причина за лошата форма на напаѓачите и бековите. Со нивната енергија и буквално орањето по терен на Трент и Робертсон им беше овозможено без да се секираат многу за одбрана да летаат напред и да играат како крила затоа што некој од средината ќе покрива за нив. Со тоа Мане и Салах играа како напаѓачи без да мора да покриваат за бековите и секогаш беа достапни за брза транзиција, а Фирмино слободно можеше да ја поврзува играта меѓу средината и нападот.
Сега во средината ја немаш таа енергија, не можат да покриваат Тиаго и Џонс исто како Хендерсон и Фабињо. Поради тоа Трент и Робертсон мора многу повеќе да покриваат назад, а тоа не им е најјака страна, па поради тоа мораат и Салах и Мане да играат како крила наместо напаѓачи и да се враќаат за да им помагаат на бековите, а Фирмино останува сам во позиција која не му одговара. И со сето тоа добиваш Ливерпул кој не може да игра како што играше и делува како просечен тим.
Хендерсон Вијналдум и Фабињо заедно со Милнер имаат највеќе утакмици одиграно сезонава што се однесува на играчите од средината на теренот.
Ливерпул имаше серија на утакмици без пораз со Фабињо на штопер. Хендерсон дали 5-6 утакмици изгра на штоперска позиција.

Бековите не можат центаршут да погодат, Салах е себичен, Мане е умрен од прво коло, Фирмино од лани не знае кај удара. Каква врска има дали некој му покривал на бекот или не ако он не е способен една квалитетна топка да упати.

Јас не викам дека не е битна средината, далеку од тоа, везниот ред е кичма на секој тим.

Фудбалот, стилот, пристапот на Клоп е највеќе крив за падот на Ливерпул. Јес да имаа и повреди ама тоа се нормални повреди што ги има секоја екипа секоја сезона, они лани немаа ниедна и затоа сеа се зачудени а освен Ван Дајк другите имаа да речам нормални, тековни повреди.
Клоп од 5 години, 4 води инат за некупување играчи и играње курташак и лупање у гради со постоечките.

Не ја освежи екипата првенствено на штоперска позиција, купи сомнителен лев бек, десен бек за резерва нема, средината освен Фабињо му е истрошена, цела сезона се занимаваат со договорот на Вајналдум. 2-3 сезони му се шлепаат играчи како Матип, Милнер, Шакири, Фирмино.
Го купи Тијаго иако голем дел од јавноста сметаше дека нема да му одговара на стилот на фудбал што го практикува, на крај испаднаа у право.

Му се лупа од глава курчењето у секоја екипа што ја води и не знае да се извлече од криза. У секоја екипа допира дно откако ќе го исполни максимумот со екипата и нема да ја освежи.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.463

Има теорија што ја туркаат у последно време во Англија за бројот на обиди на центаршутеви по меч, а тоа е дека трент е голем трошач на топки, па кога ливерпул не е во можност да му обезбеди 30-40 центаршутеви по меч, му останува да игра на прецизност, наместо само да уфрла топки во 16 метри цел меч, па некоја ке падне на глава на негов играч.

Не верував во ова се дур самиот трент не изјави дека иде на центаршут во одрена зона, а не на конкретен играч. Би сакал да видам некоја статистика за обиди за центаршутеви од лани и сезонава. Би требало сезонава да има значително помал број на центаршутеви.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Хендерсон Вијналдум и Фабињо заедно со Милнер имаат највеќе утакмици одиграно сезонава што се однесува на играчите од средината на теренот.
Ливерпул имаше серија на утакмици без пораз со Фабињо на штопер. Хендерсон дали 5-6 утакмици изгра на штоперска позиција.

Бековите не можат центаршут да погодат, Салах е себичен, Мане е умрен од прво коло, Фирмино од лани не знае кај удара. Каква врска има дали некој му покривал на бекот или не ако он не е способен една квалитетна топка да упати.

Јас не викам дека не е битна средината, далеку од тоа, везниот ред е кичма на секој тим.

Фудбалот, стилот, пристапот на Клоп е највеќе крив за падот на Ливерпул. Јес да имаа и повреди ама тоа се нормални повреди што ги има секоја екипа секоја сезона, они лани немаа ниедна и затоа сеа се зачудени а освен Ван Дајк другите имаа да речам нормални, тековни повреди.
Клоп од 5 години, 4 води инат за некупување играчи и играње курташак и лупање у гради со постоечките.

Не ја освежи екипата првенствено на штоперска позиција, купи сомнителен лев бек, десен бек за резерва нема, средината освен Фабињо му е истрошена, цела сезона се занимаваат со договорот на Вајналдум. 2-3 сезони му се шлепаат играчи како Матип, Милнер, Шакири, Фирмино.
Го купи Тијаго иако голем дел од јавноста сметаше дека нема да му одговара на стилот на фудбал што го практикува, на крај испаднаа у право.

Му се лупа од глава курчењето у секоја екипа што ја води и не знае да се извлече од криза. У секоја екипа допира дно откако ќе го исполни максимумот со екипата и нема да ја освежи.
Џабе се мачиш, никој нема да ти прочита 10 пасуси стручна анализа, не се филмај не си ти Џони за да ја имаш таа привилегија.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Обично прифаќам заебанции на моја сметка ама овај муабет е веќе клише со оглед на тоа дека во последно и баш ми оди со прогнозите...ако ти е за утеха и лани уште во 1/8 финалето типував на Баерн дека ќе го освои и дека ќе го прегазат твојот Челзи(што баш така испадна).

Реално Челзи делуваа најспремни моментално од таа гранка (каде се добива финалистот)..Реал и Ливерпул имаат многу мани,недостатоци,повреди,форма и се останато...Челзи се со комплетен состав,во форма,компактни и се останато...уште Вернер со Зијеш да постигнат некој гол и да добијат на самодоверба бидејќи се добри играчи ама не му оди едноставно.
Автоматски споено мислење:

Никаде....ама јас ги спомнав Хендерсон со Фабињо како дуо на средина..и тој ми изигра мајтап демек Хендерсон е никој и ништо и можат без него..а се гледа колку можат со Алкантара на средина....нема ниту 10% од импактот што го носи Хендерсон.

Не велам дека е подобар играч од него,туку дека за играта и системот што го практикува Ливерпул Хендерсон е измислен играч на средина и се гледа дека многу му фали...посебно кога треба некој да ги покрива Робертсон и Арнолд.

Добро сега, не дека беше тешко да се предвиди дека лански Баерн ќе го елиминира лесно Челзи. :)
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Добро сега, не дека беше тешко да се предвиди дека лански Баерн ќе го елиминира лесно Челзи. :)
Можеби од ова перспектива делува така, можеби ти така си размислувал во тој период...ама добро се сеќавам дека во Декември 2019 немаше такво општо мислење за тој дуел...напротив сите тогаш типуваа 50-50 и дел од фановите на Челзи(особено Донев) тука беа убедени во пласман....кога напишав дека Баерн лесно ќе се справи со Челзи најмалку тројца се потсмеваа демек глупости тресам.

Сега сериозно мислам дека Челзи има добри шанси да оди до крај бидејќи Реал и Ливерпул се ранливи,предвидливи и ништо не играат...ама којзнае шо ќе се случи за 20 дена...можи ќе се короносаат/повредат дел од играчите и одма поинаку е.
 
Никако не бев јас убеден, тогаш се заебавав дека ќе испадне обратно од тоа што го пиша ти :D

Ама да, во тој период може и реално беше да се каже 50-50 затоа што Челзи беше во добра форма и играше супер фудбал, а од друга страна Баерн се мачеше и беа шести во Баерн лигата... После тоа Челзи падна, а Баерн смени тренер и почна да гази се пред себе па на крај ептен предвидливо беше дека лесно ќе поминат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom