Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Мене тетка ми ме носеше во кино првпат, Истерувачи на ѓаволот беше филмот, и со месеци се плашев да влезам во спалната на моите, ми личеше на собата на девојчето :D
Мене сестра на баба ми ме носеше на овој
и на овој

а мајка ми на овој
и на овој

(како и на многу други филмови, али овие беа најнезадеца)

Тоа ти е, бруки и срамови. Они поима немале какви филмови се тоа, а тогаш никаков PG рејтинг не постоеше за нижи основци. Нема каде да дознаеш каков е филмот, пред да го гледаш. Само од плакат.
Автоматски споено мислење:

Баба ми работеше у ТЦ. Преку врски карти за сите премиери (И Ти, Гремлини, Враќање во иднината etc.) у Центар на 11-ти ред. (тоа е оној ред баш на средина што има пролаз и тие пред тебе се подалеку и не ти сметаат)
 
Последно уредено:
101 далматинци со Глен. Не носеа од градинка, забавиште, претшколска, не знам како се вика тој дел сега, али немав повеќе од 5 години. Не памтам ништо од филмот, само фризурата на Клоуз на платно.
Пред мене и другарка ми седеше едно дете, кому му беше ептен досадно и се вртеше на местото во сите можни насоки. Наеднаш се заглави скроз во тоа седиштето, пола влезе во тој празниот дел и почна да плаче. Ние 2-3ца околу него наместо да викнеме некој поспособен и повозрасен од нас, земавме да го тегнеме де него, де седиштето, поима неам како успеавме да го измкнеме. После тоа почна појако да плаче и да се заблагодарува. Трауми. :D

После тоа се сеќавам дека и на школо не носеа на уште 2-3 филма, пред да го затворат киното, али поима неам кои биле.

Што се однесува на родителска незамаранција за што гледа детето, мајка ми цел живот заспива пред тв. Каков сака и да е филмот, само да врти нешто. Иам фобија од хорори сега, мислам дека повеќето тогаш ми се изгледани и потиснати во потсвест некаде за да заспијам нараат. :D
 
Сценава со Џулијан Мур е најдоброто нешто што сум го видел подолго време.
Што се однесува на родителска незамаранција за што гледа детето, мајка ми цел живот заспива пред тв. Каков сака и да е филмот, само да врти нешто.
Јас некој од најстрасните и најмрсни сцени ги имав гледано во латино сапуници, вдневна, некои од нив од оваа точка скроз ги гледам ко софт порн, на моите не им беше гајле хахаха.
 
Па добро, мојата ќе изгасела ваљда канал, ама да била свесна.
Пример, до пред некоја година кога го репризирав, мислев дека Парфем филмот завршува со оргијата насред плоштад, зашо таа беше последната сцена што ја видов на тв дома. :D
 
не се смеј,ова не е могуче вакво срање да испадне, дали има вкупно околу 40минути нов материјал, све друго се од предходните делови
Не знам како е ова новост. Се знаеше дека нема цел филм да е нов. Сними неколку нови сцени, неколку едитира, и то е то.
Ја не знам од кај мислите дека ќе биде нов филм. Ја очекував баш тоа - некои 40 минути и евентуално подобрено монтирање, ефекти мејби (устата, оноа розевото срање...)...
све тоа што има у трејлерите е у ствари новиот додаток, не ни планирам да го гледам и така го изгледав во рок од 15минути хаха
Искрено, не ми е јасно како според вас филмов е ист како претходниот, па некој од вас викат "само 40 минути нов материјал". Демек, малце се 40 минути? А не сум ни сигурен дали се 40 минути "нов" материјал, немам начин како да го проверам тоа, а не сакам да вадам бројки од ракав, онака лаички колку за да ми делува јака поентата. Јас го изгледав филмов, и искрено ова е комплетно различен филм од претходниот, ама комплетно. Нормално дека ќе има повторување на некои работи, ама да кажите дека нема разлика со претходниот филм е нон сенс.

А основната математика вели дека претходниот филм траеше 120 минути, а овој трае 230 минути... Како се ова само 40 минути нов материјал, не знам, можда јас не знам да собирам и одземам.

Иначе, да не се сфатиме погрешно, гледате дека во ниту еден момент не спомнав за тоа дали ви се допаѓа, дали ми се допаѓа или не новиов филм, ама едноставно осетив одговорност, како љубител на гледање филмови, да го одбранам филмов од невистиниве шо ги наведовте.
 
И од тие 120 минути, се што снимаше Whedon е скратено, така да има минимум цели нови 2 часа. Ги виделе воведнитте сцени со Вондер Вуман и Брус Вејн кога го регрутираше Аквамен на почетокот, и им се видел ист филм.
 
така е и оживувањето на супермен нов материјал, и доагањето на степенфолф кај амазонките е нов материал, и пак борбата со степенволф во тунелот е нов материјал и така натака.
 
Имам читано дека само 30% e користено во филмот (2017) од Зак што снимил првично.
 
Искрено, не ми е јасно како според вас филмов е ист како претходниот, па некој од вас викат "само 40 минути нов материјал". Демек, малце се 40 минути? А не сум ни сигурен дали се 40 минути "нов" материјал, немам начин како да го проверам тоа, а не сакам да вадам бројки од ракав, онака лаички колку за да ми делува јака поентата. Јас го изгледав филмов, и искрено ова е комплетно различен филм од претходниот, ама комплетно. Нормално дека ќе има повторување на некои работи, ама да кажите дека нема разлика со претходниот филм е нон сенс.

А основната математика вели дека претходниот филм траеше 120 минути, а овој трае 230 минути... Како се ова само 40 минути нов материјал, не знам, можда јас не знам да собирам и одземам.

Иначе, да не се сфатиме погрешно, гледате дека во ниту еден момент не спомнав за тоа дали ви се допаѓа, дали ми се допаѓа или не новиов филм, ама едноставно осетив одговорност, како љубител на гледање филмови, да го одбранам филмов од невистиниве шо ги наведовте.

Готово, го одбрани филмот. Во JL 2 ти ќе бидиш executive producer.

Иначе, да не се сфатиме погрешно, гледаш дека не коментирам дали го бива или не, туку само што евентуално е ново и колку е ново.

Го одбранил филмот. :pos:
 
така е и оживувањето на супермен нов материјал, и доагањето на степенфолф кај амазонките е нов материал, и пак борбата со степенволф во тунелот е нов материјал и така натака.
Па не е ова брат Justice League 2, ова е поинаква верзија на Justice League 1, не знам што очекувавте. Нормално дека приказната ќе е иста и 'рбетот од филмот ќе е тој.
Имам читано дека само 30% e користено во филмот (2017) од Зак што снимил првично.
Не 30%, муабетот е 10% дека е искористено во првиот филм од тоа Зак што го снимал пред Видон.
 
Мене прв филм на кино мислам дека ми е оној со Мојсие, 10-те заповеди. Го гледавме со дедо Ное во арката, имаше посебна просторија за филмови. Мислам дека Анчо беше задолжен за проекцијата.

Времиња...
 
Искрено да ви кажам, преку кур ми е од глупави филмови во изминативе години и единствено нешто за што сум навистина хајпнат и го очекувам со нетрпение е Dune римејкот.

Извинете вака вон контекст.
 
Лоши Момчета Завинаги прилично добра акција, све на ниво, еден од ретките филмови што сите продолженија се на ниво.
 
Искрено да ви кажам, преку кур ми е од глупави филмови во изминативе години и единствено нешто за што сум навистина хајпнат и го очекувам со нетрпение е Dune римејкот.

Извинете вака вон контекст.

Nebare ti site drugi dobri filmovi gi izgleda, pa ti ostanaja ushte novive. A tie sranje :(
 
пред некој месец дојдов до наслов кој е ремек дело од ретро Б холивуд продукција. Филмот е тотално промашен во секој поглед, кадрите неверојатно исместени, глумата катастрофа, З'дар во најдобро издание. Акција, безпотребни експлозии, софт-порн сцени. Сето ова го прави филмот да посебен. Препорака за сите кои се вистински филмски уживатели.
сцена од филмот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom