Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
не се смеј,ова не е могуче вакво срање да испадне, дали има вкупно околу 40минути нов материјал, све друго се од предходните делови
Не знам како е ова новост. Се знаеше дека нема цел филм да е нов. Сними неколку нови сцени, неколку едитира, и то е то.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.771
Ја не знам од кај мислите дека ќе биде нов филм. Ја очекував баш тоа - некои 40 минути и евентуално подобрено монтирање, ефекти мејби (устата, оноа розевото срање...)...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
Ја не знам од кај мислите дека ќе биде нов филм. Ја очекував баш тоа - некои 40 минути и евентуално подобрено монтирање, ефекти мејби (устата, оноа розевото срање...)...
све тоа што има у трејлерите е у ствари новиот додаток, не ни планирам да го гледам и така го изгледав во рок од 15минути хаха
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.771
све тоа што има у трејлерите е у ствари новиот додаток, не ни планирам да го гледам и така го изгледав во рок од 15минути хаха
така де, според новата пракса на Холивуд, све што е вредно у филмот е у трејлерот
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Се сеќавам како вчера да беше. Прв филм во кино Ninja Turtles или само Turtles како и да беше насловот, овој од 1990.
Од школо не носеа трето одделение, се сеќавам многу добро оти знам тогаш војната 2001 беше актуелна и во школо главна тема, па за да ни одвлечат внимание на кино ќе не носат. :pos: После тоа сите носевме марами на главата изигрававме нинџа желки се додека еден копиљ не падна и скрши преден заб.

Последен пат влегов пред година ипол две во Берлин на Џентелменот, незнаејки дека швабите синхронизираат и во кино салите. Зјапав 15 минути ко будала, испцув, и станав си отидов. 15 евра во неповрат.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.794
Поени од реакции
11.741
Мене прв филм во кино ми беше Scooby-Doo (2002). Убаво памтам, прво одделение бев, од школо и нас не носеа. Кога влегов пошо првпат појма немав како е подобро да се седи, по умот од еден другар седнавме напред, демек најдобро било да се седи во прв ред, и тоа брзавме некој да не ни фати место. :pos:Како на филмот „Кад пораснам бичу кенгур“ бевме седнати, глава шинав, ебате искуството. :pos:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
Незнам кој ми е прв филм, ама знам како копиљ глеавме пор.о со Чичолина најака беше у тоа време , тоа гакичките коа ке и ги соблечеа тоа вуната преку платното и излегуваше хехе
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.771
Не знам тоа време порничите у кино што ги даваа дали беа со неа. На VHS (или betamax) да.
Автоматски споено мислење:

абе, Јапет Кото умрел
Бог да го прости
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Мене тетка ми ме носеше во кино првпат, Истерувачи на ѓаволот беше филмот, и со месеци се плашев да влезам во спалната на моите, ми личеше на собата на девојчето :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Мене тетка ми ме носеше во кино првпат, Истерувачи на ѓаволот беше филмот, и со месеци се плашев да влезам во спалната на моите, ми личеше на собата на девојчето :D
Што убав филм одбрала тетка ти. :LOL:

Јас ко дете од град без кино, чак у 2013 првпат гледав филм во кино.
Штрумфови 2ка беше насловот со Нил Патрик Херис. И тоа прво па машко во 3Д. :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Мене тетка ми ме носеше во кино првпат, Истерувачи на ѓаволот беше филмот, и со месеци се плашев да влезам во спалната на моите, ми личеше на собата на девојчето :D
Имам премногу прашања... :D

Интересна тема. Јас имав привилегија да сум роден во кино и не се сеќавам кој филм сум го гледал прв. Поради дедо ми кој веќе беше пензиониран кинооператор додека јас растев, ама сепак почитуван таму, секојпат си одев дома со постер од филмот што се прикажуваше. Последниот филм кој го гледав со дедо ми во кино додека беше здрав прав и можеше да си дозволи проекција беше Човек на месечината со Џим Кери и затоа секогаш кога се потсеќам на филмот ми буди убави спомени од детството. После одев со татко ми, па почнав сам. Најинтересна проекција на која што сум бил беше Мумија 2, филмот беше штур ама салата преполна, 300+ души навиваа на оваа сцена.


После двд-ата зедоа замав и киното полека почна да губи публика. Непребол. Да не се правам стар пошо не сум, ама многу сум среќен што го фатив последниот воз од кино ерата. Премногу убави спомени.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Untitled Paul Thomas Anderson project (2021)

written and directed by Джонтра Вохохохолта
BPP3ER.jpg

Опасен режисер, знаев дека треба да почекам и да созреам за да си ги дозволам неговите филмови. :D
Профи, многу сум задоволен од повеќето филмови, како што може да се види и по оценките. Исклучителен талент за пишување пред се, за сценарио, за обработка на карактерите.
Режија и реализација на истите проекти, врвно. Секоја пофалба.

Не за џабе се става високо на пиедесталот како најдобар режисер на денешницава. Комплетно се сложувам со таквото мислење.
Сценаријата, односно филмовите комотно може да служат како лекции по човечка психологија и како лекции по филм.
Иако голем дел траат над 2 саати, за многумина и досадни ама тоа е се до моментот и очекувањата. Јас како некој што не ужива у праволиниски и спори филмови се изненадив од тоа колку ми беа јаки и најважно од се, не досадни. Дефинитивно имаат ривач валју повеќето од нив и се филмови на кои тешко дека некогаш ќе им помине модата. Човечката психа и човечките карактери се тие а ПТА ги има обработено перфектно.
Има снимено 8 филма, и само на 2 нема било каква номинација за Оскар. Од кои 6 за сценарио и режија и 2 за најдобри филмови. Ако е за утеха од тие 2 што се без ниедна номинација за Оскар, едниот има номинација за златен глобус. Нема никаква сериозна номинација само првиот, кој го има напишано и снимено на 26 години.

Многу јако и посебно што ми се свиѓа кај него е што е перфекционист, како за себе така и за другите. Премногу се посветува на актерите и од нив очекува максимална професионалност и стоење на висина на задачата.
Од 8 филма, има 9 номинации за Оскар за најдобри улоги. 1 победа на Даниел Деј Луис.

Ме чуди како сеуште не дошло до соработка со Леонардо ДиКаприо. Мислам дека ова е предобитна комбинација познавајќи што актер е Лео и како би влегол во некој од карактерите.
Истото важи и за Кејт Винслет и Кејт Бланшет.

Во продолжение ќе постирам неколку видеа врвни актерски настапи од кои се ежи кожа.
Ова е Том Круз и неговото отварање во Магнолија, доста моќна сцена.

Џулијан Мур и нејзиното експлодирање во истиот филм

Oва се Филип Сејмур Хофман и Хоакин Феникс во Мастер.

Филип Сејмур Хофман и пукање вена на чело во Панч Дранк Лав

Ќе има крв кај Даниел Деј Луис и Пол Дано

бонус од истиот филм

уште еден бонус

јес мистер ноу мадам, јес, аа ввв ууу бббб од Фантом Трид
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.771
Мене тетка ми ме носеше во кино првпат, Истерувачи на ѓаволот беше филмот, и со месеци се плашев да влезам во спалната на моите, ми личеше на собата на девојчето :D
Мене сестра на баба ми ме носеше на овој
и на овој

а мајка ми на овој
и на овој

(како и на многу други филмови, али овие беа најнезадеца)

Тоа ти е, бруки и срамови. Они поима немале какви филмови се тоа, а тогаш никаков PG рејтинг не постоеше за нижи основци. Нема каде да дознаеш каков е филмот, пред да го гледаш. Само од плакат.
Автоматски споено мислење:

Баба ми работеше у ТЦ. Преку врски карти за сите премиери (И Ти, Гремлини, Враќање во иднината etc.) у Центар на 11-ти ред. (тоа е оној ред баш на средина што има пролаз и тие пред тебе се подалеку и не ти сметаат)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom