Реал, Баерн, Челзи и Сити.
Со проценти не се замарам![]()
Баерн и три англиски екипи во полуфиналето.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Реал, Баерн, Челзи и Сити.
Со проценти не се замарам![]()
Никој не го става Реал во финале, само фановите на Реал сме задоволни од ждрепкава, зашто колку и да е утепан Реал сепак може да игра со овие екипи.Реал изгледа со Миравци игра, сите го сместија во финале. 50/50 дуел, не знам каде летате само.
На Сити му се поклопија сите коцки да испаднат пак. Четвртфинале, фаворит, против брзи крила.
Никој не го става Реал во финале, само фановите на Реал сме задоволни од ждрепкава, зашто колку и да е утепан Реал сепак може да игра со овие екипи.
Да не ме сфатиш погрешно, не викам дека СИГУРНО ќе ги помине, дека сепак може да игра, има некакви шанси да помине.
Да се падневме со Баерн јадевме петарда, Сити исто сигурно ќе не испаднеа бидејќи Гвардиола е како пеницилин за Реал и освен кога беше тренер на Баерн, секогаш излагал како победник против Реал, ПСЖ е значајно подобар од Реал, се тешат барса фан бојс со реваншот бидејќи сепак ПСЖ 99% беше квалификуван, имаат тренер со карактер и сепак истиве играчи минатата сезона играа финале.
Со Ливерпул, Челзи, Порто, Дортмунд сепак Реал може да игра, иако не се исклучува опцијата дека и од овие четири екипи можат да испаднат.
Види, како навивач на Реал никогаш не би навивал да НЕ освои, реални да бидеме.Јас да сум навивач на Реал, би навивал Реал да не освои, односно да не игра ниту финале. Греота е ваков мизерен Реал да освои и со тоа потполно да го девалуира такмичењето кое го има освоено најмногу пати.


Види, како навивач на Реал никогаш не би навивал да НЕ освои, реални да бидеме.
Али те разбирам што сакаш да кажеш, ма да, ако освои Реал сепак ќе треба да се бара кривица во другите екипи што дозволиле ваков мртов Реал да освои титула.
Нешто слично како Лестер во ПЛ.![]()

Искрено мене нема да ми биде жал ни малце.Не е слично со Лестер и ПЛ, настани како тој со Лестер му даваат шарм на такмичењето, враќаат надеж кај луѓето дека парите не се се во животот, и дека некогаш чуда се случуваат. Овај Реал да освои би било баш жално, една стара, истрошена и демотивирана екипа полна со преплатени остарени звезди.
Потполн антиклимакс.
Али поизедначен дуел мислам дека немат во ждребов.
Им даваат предност, иначе не е интересно.Не е ни Баерн убедлив сезонава, прошло коло налетав на инфо дека 22 или 23 пати први примиле гол сезонава...
Војче Китановски
Невидена и нечуена смешка