Untitled Paul Thomas Anderson project (2021)
written and directed by Джонтра Вохохохолта
Опасен режисер, знаев дека треба да почекам и да созреам за да си ги дозволам неговите филмови.
Профи, многу сум задоволен од повеќето филмови, како што може да се види и по оценките. Исклучителен талент за пишување пред се, за сценарио, за обработка на карактерите.
Режија и реализација на истите проекти, врвно. Секоја пофалба.
Не за џабе се става високо на пиедесталот како најдобар режисер на денешницава. Комплетно се сложувам со таквото мислење.
Сценаријата, односно филмовите комотно може да служат како лекции по човечка психологија и како лекции по филм.
Иако голем дел траат над 2 саати, за многумина и досадни ама тоа е се до моментот и очекувањата. Јас како некој што не ужива у праволиниски и спори филмови се изненадив од тоа колку ми беа јаки и најважно од се, не досадни. Дефинитивно имаат ривач валју повеќето од нив и се филмови на кои тешко дека некогаш ќе им помине модата. Човечката психа и човечките карактери се тие а ПТА ги има обработено перфектно.
Има снимено 8 филма, и само на 2 нема било каква номинација за Оскар. Од кои 6 за сценарио и режија и 2 за најдобри филмови. Ако е за утеха од тие 2 што се без ниедна номинација за Оскар, едниот има номинација за златен глобус. Нема никаква сериозна номинација само првиот, кој го има напишано и снимено на 26 години.
Многу јако и посебно што ми се свиѓа кај него е што е перфекционист, како за себе така и за другите. Премногу се посветува на актерите и од нив очекува максимална професионалност и стоење на висина на задачата.
Од 8 филма, има 9 номинации за Оскар за најдобри улоги. 1 победа на Даниел Деј Луис.
Ме чуди како сеуште не дошло до соработка со Леонардо ДиКаприо. Мислам дека ова е предобитна комбинација познавајќи што актер е Лео и како би влегол во некој од карактерите.
Истото важи и за Кејт Винслет и Кејт Бланшет.
Во продолжение ќе постирам неколку видеа врвни актерски настапи од кои се ежи кожа.
Ова е Том Круз и неговото отварање во Магнолија, доста моќна сцена.
Џулијан Мур и нејзиното експлодирање во истиот филм
Oва се Филип Сејмур Хофман и Хоакин Феникс во Мастер.
Филип Сејмур Хофман и пукање вена на чело во Панч Дранк Лав
Ќе има крв кај Даниел Деј Луис и Пол Дано
бонус од истиот филм
уште еден бонус
јес мистер ноу мадам, јес, аа ввв ууу бббб од Фантом Трид