Прв harry potter and the philosopher's stone, последен The Gentlemen мислам. Една од предностите на Битола е киното, за 100-150 денари сите нови филмови во 2Д ги имаме. Последните неколку години не бев излезен од таму.
lol
Пошто не памтам имиња и глупости од таков тип, само ги ѕирнав сликиве и си реков, овој ме потсеќа на една глумица.
Автоматски споено мислење:
леле кои ви биле првите филмови у кино на сите
не знаев дека сите имате 12-14 години овде
абе завчера излегоа тие филмови...
Стјуарт Литл, Годзила...
Ко ќе ми текне дека како мал идев на секоја претстава у кино Кисела Вода, два пати неделно (на толку се мењаше).
И најинтересно е, што даваа секакви филмови. Буквално. А осумдести богами какви филмови се правеа...
Тоа се филмови кои денес не можат ни на торент да се најдат. Филмови кои не дека не се за деца, него не се за никого. Gore-sexploitation-trash fest. Неверојатно е од денешна перспектива дека се снимале уопште такви филмови, а уште поневеројатно е, како некој у Југославија таму ги одобрувал и пуштал да идат по кината.
Spy Kids 3D првиот филм у 2003, и тоа роденден беше кај некој другар.
2011 почнав да собирам кино карти, последен пат кога ги броев беше бројката околу 310, можно е да има плус уште 10-15 карти. Немам податоци за претходните години и последнава година 2 пати бев од кој еднаш за Тенет.
Дефинитивно најдобар впечаток имам од Аватар и Warcraft, а на вториов неколку главни сцени имав чест да ги работам (roto, paint и matchmove).
И мене Spy Kids 3D ми беше прв филм во кино кое веќе мислам дека не постои. Зашто имав само 9 години, бев со татко ми и супер си поминав, башка што 3D тогаш беше нечуено, уште памтам како рандом предмети излегуваа од екран и бев каo woah. Мислам дека тоа беше единствен пат што сум била во кино со татко ми, и не знам кој беше похајпнат од нас за филмот со оглед на тоа што првите два дела ги имавме изгледано сто пати.
Star Wars: Episode I - The Phantom Menace (1999) за мене. Оргиналите ги имав прегледано на ТВ по 100 пати, кога испадна овој, па и гледање на кино, фантазија човече. На сите им викав дека кога ќе пораснам ќе бидам џедај.
Ете, свашта се дешава.
Некогаш факап ќе направи некој north HBO on demand сектор и ќе го пушти по грешка порано, некогаш ќе им влезат у систем... баш ме интересира како го собрал/е овој/ие WORM.
7.3гб за 4 саати филм веројатно нема да биде со одличен квалитет, ја би почекал до асален рилис утре.
А што е разликата у контекстов, идеш у кино и таму у голема сала ти проектираат филм, или се собирате дома и у голема соба гледате проекција на филм? Пошто ако и второво се рачуна за гледање кино, тогаш кој знае кој ми е прв филм.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.