- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.092
- Поени од реакции
- 74.878
Според мене, сосема очекувано се зголемија бројките, со враќањето на администрацијата на работа. Додека одеа во групи, ситуацијата беше многу помирна. И есента ова го зборував, откако ги вратија почнаа да се зголемуваат бројките. Од една страна, ако имаат мали деца ги праќаат во градинка во тој период, па поголема е шансата детето да ги зарази по дома (ова не е занемарлива бројка на случаи, иако не се спомнува често. Детето им крева температура еден ден, они се прават дека ништо не е, па после 5 дена гледаш цела фамилија паднале болни). Плус, куродрвците од администрација одат на работа за да одморат од животот, цело време се напикани во мали простории, пијат кафе, пушат цигари на секои 5 минути и лесно го шират вирусот. Мерките не се носат ОТКАКО ќе се зголемат бројките, они требаше да проценат дека убавото време ќе понуди поголеми можности за дружба, дека враќањетѕо на работа ќе ги зголеми бројките и требаше навремено да реагираат. Сега повторно е ситуација плукни залепи. Сите одат на работа, кафичите пак си работат најнормално, повторно ќе крцаат, ама ете немало децата да се дружат меѓу 10 вечер и 5 сабајле. Голема работа, ќе се напикаат кај некого во стан и дамбетер ќе биде.
А, ситуацијата во болниците повторно е страшна и тоа е најголемиот проблем во моментов.
А, ситуацијата во болниците повторно е страшна и тоа е најголемиот проблем во моментов.