А зошто па вие, Интераши, се најдовте повикани да ја браните лигата, во деценија во која, во најголем дел, Интер беше длабоко влезен во бантер ера. Остајте ги овие со 9 титули по ред, нека ја бранат честа на лигата.
Факт е дека, откако Јувентус испадна од кремот на европскиот фудбал овие две сезони, Серие А никогаш не била послаба. Исто, факт е и дека Примера е подобра лига. Овие две сезони, првенствено ради корона кризата, Примера е падната во квалитет, ама сепак е подобра лига. Пред две години, односно пред Сити и Ливерпул да го кренат нивното ниво на квалитет до овој левел, Примера беше убедливо најдобрата лига на свет.
Во последните 10 години, тимови од Примера освоија 5 ЛШ и 6 ЛЕ титули. Серие А има само една титула, таа на Интер од 2010 година. Од 2008 година и таа генерација на Барса со Пеп, Италијаните немале ни еден тим, кој стигнал до тоа ниво на квалитет, практично да доминираат во клупски фудбал, како што тоа успеја да го направат Реал и Барса во неколку наврати.
И сега, пак, располагаат со неверојатен квалитет во тим, без разлика што се влезени во кризен период. Види ги Хакими и Тео, најдобрите два бека во лига се играчи кои Реал практично не ги сакаше, зошто има два подеднакво добри бекови како опција. Друг пример, еве да не ги споменувам ривалите, е како Интер (2-ро место лани и прво место за сега годинава) помина во 4 дуели во ЛШ групи, со Барса и Реал. Во минимум два дуели од тие, Интер изгледаше како класа подоле тим.
Како помина со Севиља лани во финале.
Не гледам што е проблем да се признае тоа.
Серие А треба да скокне уште некоја скала, за да биде во друштво на ПЛ и Примера. Првично, треба Интер и Милан да земат некоја титула, да играат редовно ЛШ, да го вратат реномето, да се стабилизираат финансиски (и да го изградат тој проклет стадион). Па заедно со реконструиран Јуве, природно ќе го вратат и интересот и квалитетот во лигата. Со сета должна почит за нив, ама тимови како Наполи, Аталанта, Лацио и Рома не прават ништо за подобар квалитет на лигата, ако они се константно во врвот. Не дека се криви, ограничени им се можностите. Тоа не значи дека треба да им ги отстапат местата на Интер, Милан или Јуве, ама од овие три клуба зависи дали Италијанска лига ќе се става во иста реченица со Англиска или Шпанска.
Интер пополнува ростер со 30+ (често 35-6) годишни бесплатни играчи, а Милан со позајмици на непотребни играчи од големите клубови. И пак имаат катастрофални финансиски резултати.
Минатата година беше прв пат, како некој клуб од Италија, освен Јуве, ја помина границата од 400 м. евра во приходи, кога Интер го направи тоа со преку 100 милиони фантомски пари од спонзорства, од Кина и ХК. Барса, Реал, Баерн и the big 4 во ПЛ, го направија тоа пред 10ина години и веќе се повеќе се ближат до милијарда.
Ова не го кажувам за да набројувам банални факти, туку затоа што, најчесто, финансиската моќ на клубовите се одразува на терен. И тоа, влијае и врз атрактивноста на лигата и врз квалитетот на фудбалот што се игра.
Квалитетот на клубовите од 12-13 место до 20 место во Италија, последните години, е катастрофален. И треба сериозно да размислат, да намалат на 18 тимови, за да ги затегнат и конкуренцијата и финансиите во лигата.