Доволно е чоек да пушти Шпанско првенство на телевизија...небо и земја е разлика фудбалот и квалитетот...во Италија екипите после 70 минута одат по теренот..овде 90 минути роварат и плус играат докторска одбрана за разлика од Италјанците...тешко примаат голој..
Пробувам да не коментирам да не идеме во крајност со дискусијава, ама ти знаеш да погодиш со твоите реченици како никој.
Кое небо и земја разлика бе? Божем збориме за Премиер Лига а не Ла Лига каде играат Елче, Хуеска, Еибар, Алавеш и Хуеска...екипи на рамниште на Палермо од Серија Ц.
Гледам многу фудбал, особено откако сменив работна позиција каде фактички сум платен да гледам спорт и на викенд ги гледам тие првите што се вика утрински натпревари од Ла Лига, каде обично тие се тотално непопуларни мечеви и многу често гледам дуели на екипите од долниот дел на табелата.
Гледам и Серија А и Премиер Лига, и да ти кажам најкопачки фудбал моментално се игра во Шпанија.
Значи освен Севиља, Барса, Реал М. и Виљареал, другите екипи заборави дека играле некои си препознатлив шпански фудбал, посед или што ти ја знам.
Едино Леванте од тие послабите екипи е интересен за гледање, доста напаѓаат...ама затоа кога ќе се погодат со некоја екипа како Ваљадолид или Кадиз, бетон невиден. И ништо не значи тоа што газеле во Европа.
Ако Славија Прага го помина Лестер, тоа не значи дека едната лига е подобра од другата. Наполи е класа екипиште за Гранада. Да играат 10 мечеви меѓусебно, 8 пати ќе ги победат.
Сите овие статистики не значат ништо, многу слаб фудбал се игра во Италија. Вчера ја гледав Рома Милан, не е нормлано колку е слаба Рома, а топ 5 е во Италија. Играчите елементарно неписмени фудбалски, ни техника ни тактика. Неколку пати гледав послаби екипи против појаки од мака (читај кладење) и неверојатно е колку се лоши послабите екипи во Италија. Не претерувам, буквално како да гледаш мак фудбал. Ужасно, неподносливо лошо. Порано кога се играше одбрана во Италија, барем тактичкки беа потковани. Не се добиваше Каљари или Удинезе лесно, имаше крв да проплукаш за да добиеш. Сега се класично топовско месо.
Вчера имаа проблеми Рома со одбраната, им фалеа некои играчи и друга работа беше очајната поставеност на Фонсека. Плус, Милан изиграа доста добро напред, супер пресинг и одлична тактичка поставеност од Пиоли.
Манчини кој е стандарден CB го играше како десен бек, а Кристанте и Фацио, кои се ултра спори ги стави како централни бекови.
Играчи како Веретут, Кастровили лагано би играле прва постава во некои од топ тимовите во Ла Лига (без големата тројка)
Имаш играчи како Луис Алберто, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Имобиле, Муриел и да не набројувам уште многу ги има слични на нив кои се материјал и за во Премиер Лига. И знам сега ќе каже некој дека овие играле во Ла Лига ама не се снашле. Па играше и Банега во Интер па не можеше да се поврзе. Некои играчи подобро ќе се снајдат во Шпанија, некои во Италија. Зависи од тимот, зависи од играчот.
П.С. За фановите на Рома (вкупно двајца) ...знам дека играше 352 Фонсека, ама Манчини повеќе беше на десната страна да го маркира Ребиќ отколку како централен бек. Тоа што го имаше замислено Фонсека беше епски феил. Кристанте никако во вакви големи мечеви на ЦБ. Фацио може слободно да иде во Полска да игра за Рух во трета лига и да рога топки.
И не пишувам веќе, реков не се расправам на оваа тема напишав реферат ала Syn.