Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Искусниот судија признал дека погрешил на дуелот меѓу Интер и Јувентус пред неколку години, кога не му додели втор жолт картон на Миралем Пјаниќ.

Тоа беше грешка, бев блиску, но не го забележав она што се гледа од повторените снимки. Јас видов вообичаен воздушен дуел, а немаше простор за реакција на ВАР според протоколот, – објаснил Орсато.

Точно ли е ова? Сомнително ми е нешо, не го постираше @Trolejbus :icon_mrgr:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.949
Поени од реакции
23.444
Беше пенал тоа над Леао, дадоа после снимка го закачи Карсдорп позади по нозете Леао. Исссст пенал свирнаа над Лаутаро против Лацио, буквално. Гомното не го свирна пошо веќе им даде пенал на Милан, а имаше пред тоа сомнителна ситуација со Тео и Михтаријан. Тоа не беше пенал, ама не беше ни фаул во напад.

Да бе мамата сеа глеав пак ситуацијата имаше пенал.
Ја вчера кој даваја снимката фокусот ми беше у рукете дал го влече ило го турка појше од нормално и не видов ништо за пенал.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Како да ти кажам, тимот не е добар, ама за да се бориш за Скудето во Серија А и не мора да бидеш којзнае што.

Еве лани Јувентус освои, а беше сосема просечен, Интер е прво место испадна во групи ЛШ, Милан е второ место, а се натпреварува во Лига Европа.
Лани беше лани, од тогаш Интер троши а Јувентус мисли дека Рабио и Бентакур се доволни за титула. Јас оваа година за жал изгледав повеќе натпревари од италијанската лига, и навистина е очајна. Мислам дека во моментов е вон топ 4 лиги, вистинска селска лига. Ама и за прв на село да бидеш, треба да бидеш подобар од другите селски екипи, а Јувентус во моментот не е ни тоа. Не знам што е толку тешко да признаете дека Јувентус во моментот е едноставно слаб. Некои од навивачите на Јувентус на форумот се толку скарани со реалноста, што неодамна еден напиша дека оваа година ИЗГЛЕДА нема да играат финале на ЛШ.

Јувентус во моментот е вистинска селска копачка екипа, без трошка креативност во играта. На Јуве му недостигаат два квалитетни бека, бидејќи Квадрадо не е бек, а Сандро повеќе не игра од што игра, потоа му недостигаат 3-4 квалитетни играчи во среден ред, му недостига лево крило, затоа што нема ниту едно, и му недостига квалитетен полушпиц, затоа што на Дибала очигледно не му се игра за Јувентус. Тоа се тотал од 5-6 играчи, кои никако не можат да се купат во еден преоден рок. Реално гледано, на Јувентус му фали голем ремонт.

Кога сме кај Дибала, направија огрома грешка што не го продадо лани кога држеше цена, сега мислам дека им изгубено барем третина од вредноста.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.475
Поени од реакции
14.913
Мислам дека во моментов е вон топ 4 лиги, вистинска селска лига.
Е кои се тие четири лиги пред италијанската?

И што е шпанското првенство, подобро од италијанското? Јуве кога требаше ја растури Барса, а Реал со играч повеќе одвај ја победи Аталанта.

По мене, повеќе може моментално да се зборува за неколку силни клубови во Европа, отколку за силни лиги.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Е кои се тие четири лиги пред италијанската?

И што е шпанското првенство, подобро од италијанското? Јуве кога требаше ја растури Барса, а Реал со играч повеќе одвај ја победи Аталанта.

По мене, повеќе може моментално да се зборува за неколку силни клубови во Европа, отколку за силни лиги.
Шпанското првенство, иако оваа година послабо, е многу поквалитетно од италијанското. Тука не се споредуваат само топ 3-4 клубови, туку цела лига. Мислам дека екипите од 6то место надолу во Шпанија, се до последната, се многу подобри од италијанските.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Доктор Серсе Косми нов тренер на Кротоне.

Види го, збори ко славејче и одеднаш голтна кило шајки и се претвори у Дикембе Мутомбо.

Ајде и Џиги нека најде клуб. Може чека Јуве да го избрка Пирло па да му се јават.
Автоматски споено мислење:

Види му статистика, едноставно тоталира со минус гол разлика цела кариера.

Дрско и безобразно ќе испадне со Кротоне, само се надевам дека бар на некоја утакмица ќе влезе у клинч со противнички тренер.
Дај боже со Јуриќ да се дават или со Рино.
 
Последно уредено од модератор:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
Ахахаха леле серија им правеле бе. Главен лик е мртвиот јазовец Андреа Пирло со буквално една емоција на него за кого Лазар Бараков е десетпати похаризматичен. Споредни ликови - некапениот газда Ањели, уфилманиот голман без ниеден трофеј во ЛШ, флопот Дибала со веѓите ала Сопранови кого најверојатно го барале по телефон за да го лоцираат кај е за да му уснимаат неколку кадри и меѓу другото, неталентираниот Бентанкур кој има физиономија на Шеги од Скуби Ду.
 
Ја има ли на Рабиот мајка му, госпоѓата Вероника која вешто и без грам осет и совест измолзе 12 милиони евра плата за синчето од големите магови на преговарањето и финансиско-економските гуруа Недвед и Паратичи? :gjavol:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Е кои се тие четири лиги пред италијанската?

И што е шпанското првенство, подобро од италијанското? Јуве кога требаше ја растури Барса, а Реал со играч повеќе одвај ја победи Аталанта.

По мене, повеќе може моментално да се зборува за неколку силни клубови во Европа, отколку за силни лиги.
Муабетов ти е типично вртење на водата на твоја воденица и ништо повеќе. Тоа дека еден клуб победил друг во Европа не е никаква мерка за тоа колку е јака лигата. Ако е така еве најслабата Барса во последните неколку години го победи Јуве во Торино.

Се гледа вкупната слика а таму Италијанците никако не се сјајни. Види го само фактот што ниту една италијанска екипа не е во круг на фаворити за освојување ЛШ или ЛЕ. Или тоа колку често италијански клубови знаат да испаднат од некој тим надвор од топ 5 лигите. Или еве квалитетот на екипите што се на средина на табелата во Шпанија и Италија. Не дека не е квалитетна Серија А, по мене се држи на трето место, но не е подобра од ПЛ или Ла Лига.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.771
Поени од реакции
8.034

Многу јасно, кој ја држеше целата италијанска лига последните 10 години? Поточно цел живот Јувентус ја држи Серија А.

Знам и кога Јуве беше избацен од Серија А, дури падна уште толку лигата... француската му го завзема местото со 4 понатаму во ЛШ (кога се сметeа во бодови)

Минатата, а посебно оваа... Јуве падна и паѓа и лигата.

Па како ќе се борат во ЛШ кога првиот моментално у Италија игра по 2 нерешени резултати со деветиот од Германија и вториот од Украина.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Па како ќе се борат во ЛШ кога првиот моментално у Италија игра по 2 нерешени резултати со деветиот од Германија и вториот од Украина.
првиот во Италија лани играше финале ЛЕ....можеби искиксаа во ЛШ ама пак во ЛЕ колку толку изиграа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom