Ама јас не знам зашто форсирате дека Јувентус има слаб тим, ете нај објективниот навивач на форумов
@Mondonico е убеден дека Јувентус сеуште има најквалитетен тим и дека е кадарен за триплета... Само Пирло го нема сеуште најдено победничкиот ритам.
Кај вас интерашите постои еден голем проблем во перцепцијата на работите, особено во тоа да сфатите дека како прво и основно на клупата го имате убедливо најдобриот тренер во лигата.
До пред 2 месеци Конте ви беше за падење, немаше појма од измени, буквално за се' беше крив, за сега повеќето мудро да си молчат знаејќи дека доста грешеле со таквите оценки.
Наједноставно, кога ние велиме дека Пирло е крив за најголем дел од резултатите и проблемите - реакцијата ви е пфф, не ви го бива составот.
Кога вие се жалевте дека Конте е крив, никој не смееше да промрмори за составот, како да сте Барселона од 2015та година.
А замисли, Конте е докажан тренер, со 4 титули на грбот, а на Пирло ова му е прв ангажман во кариерата. Едноставно, никој не му крив на Јувентус што се решил на чекор да го ангажира Пирло, тоа секако на крајот ќе си го плати Јуве и никој друг, ама не се понашајте дека со друг тренер иста ќе беше состојбата.
Никој не негира дека Јувентус нема лоша средина, играчи како Бентанкур и Рабио кои на моменти не се ниту за клупа добри, ама Јувентус има состав, да со подобар тренер имаше 7-8 бодови повеќе.
Многу пати во играта се забележува недостаток од основна идеја и концепција, немање алтернативен начин на игра, бавен пристап, претерано тупење со изнесување на топка кога тоа очигледно не оди и мал милион глупости кои горе-долу се во рацете на тренерот.
Никој на Пирло немаше да му проговори ако беше малку похрабар во избор на состав и пофлексибилен во пристапот, ама непоправлив впечаток е дека не го извади најдоброто од она малку со што располага.
Објективно, тоа не е ниту изненадување, така да главната вина си оди кај менаџментот на Јуве и нивната лоша проценка.
За ланската сезона не знам како не ве мрзи да се објаснуваме по 100 пати. Од сите 9 титули на Јувентус таа им беше најлошо изиграна, ама дури и во таква состојба беше прилично убедлива, пред се заради слабите резултати на конкуренцијата.
Титулата едно 80% ја освои Јуве со 4те победи по ред одма после рестартот (27 - 30 коло), и 99% ја завери против Лацио во 34то коло.