Немале никакви надворешни повреди. Една фрактура на череп и 2 повреди на градниот кош, од кои едната починала од внатрешно крварење.
Високо ниво на радијација имало само на облеката од Људмила Дубинина и Александар Колеватов, кај останатите немало. Дубинина и Колеватов биле пронајдени во потокот и на двајцата им фалеле очите, а на Дубинина и јазикот. За Дубинина можеби е чудно (но и не толку, зашто тие избегале од шаторот оскудно облечени, а Дубинина имала повреда на градите и веројатно била во покритична состојба од останатите, заради што можеби Колеватов и позајмил дел од неговата (радиоактивна) облека), но Колеватов бил студент по нуклеарна физика, со што лесно се објаснува радиоактивноста.