Дијатловата експедиција

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Многу многу чудно случување е Дијатловиот инцидент.

Многу нелогичности и збунувачки траги поради кои неможе да се извади ни приближно сигурен заклучок што се случило.

Мене стварно ме бунат најдените траги од радијација. Ме буни како ги напуштиле шаторите така, кога секој кој оди на таква експедиција е свесен дека не смееш да ја напуштиш својата опрема во никој случај. Тоа го потопува тврдењето за збунувачкото соблекување при хипотермија.

Исто така самиот шатор бил малку покриен со снег што значи дека немало лавина.

Страшен е фактот дека они седеле под дрво два часа на 600 метри од својот камп и премрзнале, што значи дека по никоја цена неможеле да се вратат кај кампот, од некоја причина. На дрвото биле најдени траги како еден член се искачил горе на дрвото за да погледне што се случува кај кампот, што значи имало нешто.

Настрана повредите кои би можеле само од некоја екстремна сила да бидат нанесени, многу ми се нелогични нивните потези кои би се оствариле само при екстремен страв од нешто. Плус не сфаќам како они биле соблечени и во кампот...на -30 никако не се соблака облеката и се спие со чизми.

Многу многу чудно работи се случувале таа ноќ таму.
Настрана ова, само радијацијата на нивните тела е доволно збунувачка за да те врти случајов во круг.

Радијацата е секаде околу нас, излегува од внатрешноста на земјата, од карпите и се шири. СЕКОЈ човек во себе соддржи некое помало ниво на радијација, просек е 1.7 милисиверти. Друг е случајот со луѓето чија природна средина на движење и живеење им е близината на некоја централа. Максималното ниво на радијација е дури 5 милисиверти. При вонредни состојби, на 1.5 сиверти се јавува радијациона болест, а на 2 сиверти е смртта. Да умреле од голема радијација, трагите би биле очигледно видливи. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.035
Поени од реакции
29.404
Настрана повредите кои би можеле само од некоја екстремна сила да бидат нанесени, многу ми се нелогични нивните потези кои би се оствариле само при екстремен страв од нешто. Плус не сфаќам како они биле соблечени и во кампот...на -30 никако не се соблака облеката и се спие со чизми.
На жалост сега може само да се шпекулира.
За ова погоре на пример, може да шпекулирам дека таму горе биле ограбени од некои планинци. Високо во планините и сега има индогени староседелци, иако повеќето се симнати во долините. Во тоа време имало многу повеќе примитивни староседелци.
Тоа би објаснило недостаток од облека, посебно обувките. Квалитетни обувки секогаш биле барана роба.

Се разбира, тоа не објаснува се. Најмногу радијацијата е необјаснива.
Но многу би помогнала обдукција на денешно ниво на науката. Иако не се сомневам дека советските доктори завршиле добра работа за тоа време. Причината за смртта е најважна за секоја реконструкција. На пример, дали починале од хипотермија, или се смрзнати после смртта.

Како и да е, и како што веќе кажав, сега сето ова можат да бидат само шпекулации. Таква една шпекулација е филмот од прошлава година (и како шпекулација, ништо полоша од нашиве шпекулации): Devil's Pass (2013)
Пред некој ден го гледав (иако одамна го имав симнато). Искрено очекував дека ќе биде многу лош, ама испадна пристоен, како за инди филм
Од друга страна објективноста ми дискутабилна, пошто многу сакам филмови во „новинарски стил„ каде камерата е рачно движена со point of view на самите глумци. Посебно кога се работи за такви филмови од хорор жанр или барем со хорор елементи.
(Quarantine, [Rec], The Blair Witch Project, и слични)

Еве траилер од филмот:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Настрана ова, само радијацијата на нивните тела е доволно збунувачка за да те врти случајов во круг.

Радијацата е секаде околу нас, излегува од внатрешноста на земјата, од карпите и се шири. СЕКОЈ човек во себе соддржи некое помало ниво на радијација, просек е 1.7 милисиверти. Друг е случајот со луѓето чија природна средина на движење и живеење им е близината на некоја централа. Максималното ниво на радијација е дури 5 милисиверти. При вонредни состојби, на 1.5 сиверти се јавува радијациона болест, а на 2 сиверти е смртта. Да умреле од голема радијација, трагите би биле очигледно видливи. :)

Дефинитивно пронајдените траги од радијација ми се премногу чудни. Што само ми иде во прилог на мислењето дека тука има криење на докази и предмети.

Плус кај шаторот пронајдени се траги од крв али никогаш не е утврдено чија била крвта. Кога го напуштиле шаторот едниот што бил најден од нив имал напукнат череп (еквивалентно на удар со палка).

Нешто дефинитивно се има случено во или околу шаторот, или некој има дојдено што ги натерало нив да бегаат за своите животи.

Незнам дали имаат утврдено каква е поврзаноста меѓу тој 37 годишниот и другите од групата. Дали местото е пристапно со џип.

За да ти свесно избегаш и седиш надвор по долна облека на минус 30 на 600 метра од шаторот значи дека нешто опасно по живот било таму. Целата група се однесувала свесно али на нас потезите нивни ни се нелогични зашто фалат некои делови од загатката.

Па од друга страна не е логично зашто би ги пуштиле така да го напуштат шаторот и да запалат оган, место да ги убијат сите.

Тие другите што биле најдени со повредите исто така многу чудно. Го објаснуваат со паѓање во ендекот што е тотално нелогично бидејќи тогаш би имале повреди на нозете и на рбетот а во никој случај смачкани гради. Штета што неможело да се утврди дали јазикот и е исечен пред или после смртта. Ја тука не би ја исклучил и опцијата ова да им било направено на друго место па после да биле фрлени во ендекот.

Мое мислење е дека тука има неколку докази и факти кои се сокриени и кои ќе ја објаснат ситуацијата. Не само што ќе ја објаснат ќе и дадат и тотално друг тек од овој сега :)
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Многу чудно навистина. Тоа со облеката не можеме да знаеме како било. Може да грабал кој што можел од шаторот додека бегале или пак да ја земале облеката еден од друг кога ќе умрел некој па веќе не му требала (како што пишуваше на тој линкот што го прикачивте). Друго, од каде знаеме дека целата група се скривала под борот? Можеби некој стигнал до борот, а можеби некои не ни стигнале до таму. Од каде знаеме дека прво отишле кај борот па потоа се враќале назад па умреле? Правецот на движење мислам дека е прилично тешко да се уврди со сигурност. И тоа мене што ми е најчудно во цела приказна, огнот. Ако запалиле оган да се стоплат, зарем не мислеле дека тоа ,,нешто" ќе може да види кај се скриваат и дека ќе им дојде да ги докрајчи? Во цела таа темница сигурно ќе забележиш светлина од оган. Пишува дека местото каде што бил шаторот било повисоко отколку местото кај борот, но сепак, мислам дека оган на планина, во црна ноќ каде што ниедно друго светло не продира, би бил забележан.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.861
Поени од реакции
34.902
Изгледа само јас сумњам у тој типот што ги напуштил неколку дена пред трагичната вечер. Ми стои дека е поврзано , и унапред планирано ова.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
Ако не се лажам имаше емисија на Дискавери за ова, и тоа дека Јети е виновен за нападот..
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Ако не се лажам имаше емисија на Дискавери за ова, и тоа дека Јети е виновен за нападот..
Ако стварно спомнале Јети на дискавери, срамота :icon_mrgr:. Ептен детска приказна со Јетиво.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јети не ги објаснува сите језиви детали кои искочија во врска со случајов. И тоа, детали кои е одобрено да се пуштат во јавност. Ако нешто може да земеме здраво за готово, е дека имаат околу 200 пати повеќе инфо на страна. Инфо кое можеби успеале да го објаснат некако, а може и не, ама не е јавно достапно во секој случај. За помалку чудни работи луѓето кријат информации за случаи, не па за ваков морбиден (благо речено!) случај.
 
Член од
21 февруари 2016
Мислења
1
Поени од реакции
1
Yuri Yudin edinstveniot sto ostanal ziv bidejki se razbolil i zaminal porano od ovaa ekspedicia kaza nekolku raboti:
1.Deka pola od opremata sto e na slikite ja nemale

2.Toj sator stoe na slikite ne bil nivni
3.Nivnata ruta ne pominuvala na mestoto kade sto se najdeni
Moe mislejne e deka tie se ubieni nasilno na nekoe sosema drugo mesto i se odneseni tamy kolku da site mislime deka se ubieni na toj premin i normalno vojskata e zamesana 10000%
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@fidelio Зошто едноставно не се егзекутирани на најобичен начин? О чему сите фрики елементи?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.035
Поени од реакции
29.404
^^
Се разбира. Ако била војската (државата), дечките едноставно имало да ги снема. Без трага и глас.
Ниедна држава не сака непотребен негативен публицитет, советската држава не била исклучок.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Здраво
Живеам во Русија веќе многу долго време и темава ми е добро позната.
Се вртат многу разни верзии околу погинувањето на Свердловските студенти или групата на Дјатлов.Едни од најпопуларните се како они исконзумирале халуциногени дроги па си ја извадиле душата меѓу себе,ги унишило КГБ дека виделе нешто што нетреба да видат,како и најлудите НЛО и отварање на трета дименија,паралелни светови итн итн.
Според мене најверодостојна верзија е следнава.

Имено во официјалните извештаи за оваа трегедија не е наведено,дека во радиус од местото на несреќата се најдени делови или шрапнели од ракета.За ова се дознава послем многу години од изјавите на членовите на спасувачките експедиции.
Овие изјави се поклопуваат совршено со новите докази во повторната истрага (случајот е откриван за повторна истрага неколку пати)
Имено дека,тоа може да биде ракетен систем Р-7 или т.н проект Бура,интерконтинентален балистически проектил,кој бил активно тестиран во тој период во тој дел од Урал.Со ова може да се објасни потеклото на радијацијата на нивата облека,и потеклото на изгорениците по телото.
Имено како се изгледало според Јевгениј Тамплон - претседател на Руското географско обштество.

-Исплашените студенти,се дале во бегство од шаторите во противно-положена страна од планината,подалеку од местото на случувањето т.е нагоре по планината.А во февруари снегот по дејство на силен ветер се претвара во цврста серпентина,а исплашени луѓе во бегајки шокова и афектна состојба лесно заработиле повреди на на голомразицата кој ги чинеле живот.Официјално сите се угинати од премрзнување.
Девојката за која напишавте дека е најдена со пресечен јазик,уствари е најдена со прегриза
н јазик и скршена чељуст, т.е паднала и треснала со вилицата у мраз и си го прегризала јазикот.

Можам да пишувам уште многу.Али незнам колку ќе ви биде интересно.
Ако сакате мошам да ви пратам линкови со статии и хроники за оваа трагедија,али незнам колку ќе ви бркаат работа пошто сите се на Руски.

Однапред се извинувам за лошиот спелинг и грешките во пишувањето !
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
http://www.obltv.ru/news/society/itogi_nedeli_tajna_perevala_datlova_raskryta/

http://m.epochtimes.ru/content/view/72138/9/
Повелетр, не заборавајте да ги причитате и коментарите,таму има доста интересни верзии! ))[DOUBLEPOST=1456221689][/DOUBLEPOST]Неодамна излезе и филм на оваа тема, супер дотеран продукт, ама домашно производство на Руски, ако некој е заинтересиран праќам линк )))
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom