Мејсон Маунт и Тимо Вернер стануваат јадрото на оваа екипа. Се надевам дека Одои и Џејмс ќе се приклучат, засега се на добар пат. Тоа што може да сум грешка од првичниот впечаток е тоа дека Вернер може да биде главен напаѓач во екипата, може да треба некој класичен шпиц играч.
Го споменувате Халанд, јас не би се согласил за него. Едно што составот е преполн со многу млади играчи како него и недостасува искуство и лидерство, друго од Борусија Дортмунд не би купувал ништо после Пулишич (нешто е труло во тренинзите таму, како да премногу ги форсираат премлади и потоа играчите влечат хронични повреди). Ако РА е решен за составување топ екипа, да сум на негово место би работел на Хари Кејн или Роберт Левандовски. Убеден сум дека и лондонските кокошки и баварските колбаси имаат цена, овие вториве со радост би ги спржил после гомната кои ги испосраа за Хадсон-Одои, фашисти латентни.
Во оваа прилика да ги споменам Зијеш и Пулишич.
Првиот несомнено има голем талент со топката во нозете но ништо повеќе од тоа за да биде првотимец на сериозна екипа. Од старт бев скептичен дека може да биде стандарден првотимец, сега сум убеден дека нема физички капацитет за такво нешто. Може да биде корисен squad player ако му одговара таквата улога.
Вториот нека продава дресови во УСА и кога е здрав, коректно да покрие за сите претходно споменати да можат да одморат малку.
Чилвел би го спомнал, за дечкото мислев дека е ок лев бек за денешницава. Далеку поназад од Ешли Кол, но и далеку понапред од Емерсон и слични. Мислам дека има само лош период, дури и како LWB очекувам да се избори пред Алонсо само ќе му треба малку време. Вчера имаше среќа со офсајдот кога фаулираше за пенал, нема никаква потреба од LWB да се бори на таа позиција на теренот.
Во централната дефанзива ќе има проблем, проблем е повредата на Тијаго пошто останува само Аспиликуета како стабилна глава. Се надевам дека Зума има само пад на форма и кондиција и за брзо ќе се врати, и тој е лејка на ветрот ама барем има цврстина за разлика од другите две лејки Кристенсен и Рудигер. Иако Кристенсен мора да се пофали дека игра ок кога е централен од тројца стопери.
Го заборавив Менди. Ако не бил доволно гласен да го предупреди Рудигер да му ја загради топката при примениот гол, и тој сноси дел од вината. Треба да му е јасно досега со какви вртимушки пред него си има работа, мора да е гласен и јасен. Верувам дека Чех знае да му објасни како, треба само да примени.