„Мртовец“ (Dead Man) на Џим Џармуш: е еден од ретките филмови за Индијанците што е режиран од белец (не-Индијанец), а во кој внимателно се дадени деталите на разликите меѓу различните племиња, за разлика од вообичаените стереотипи. Филмот не е романтизирана претстава на Дивиот Запад, туку напротив, ги гледаме најгрубите настани.
Филмот содржи разговори на јазикот на племињата Кри и Блекфут, кои се оставени без превод, како ексклузивност за припадниците на овие племиња. Во кино, само Индијанците кои го знаеле јазикот се смееле, останатите немале поим што било кажано. Сепак ова не го остава гледачот без континуитет во филмот.
За некој што не го сака стилот на Џим Џармуш (развлечени долги сцени со молк, отсуство на акција, на пример), и не ги сака „Кафе и цигари“ или „Надвор од законот“ или „Дух куче“ или „Скршени цвеќиња“, мислам дека сепак „Мртовецот“ може да го изгледа.
Но без скокање на сцените, треба да имате време, да не сте под стрес, на пример, дајте му шанса барем да го изгледате по ред. Да, и овде има долги сцени, на пример 10 минути Џони Деп се вози во возот за да стигне во градот каде добил работа како сметководител, но не се здодевни.
И за крај, музиката е на Нил Јанг, кој ја создал во студио гледајќи го филмот. Видеото не е трејлер, туку музика од филмот: