Филмски месец за... (Февруари 2021: Carey Mulligan)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.700
Поени од реакции
33.333
Еве го и новиот предизвик кој го ветив за од јануари. Всушност, ова и нема баш да биде класичен предизвик, каде морате да гледате 2, 3, 5, 10 филмови, туку нешто поинаку. Идејата влече корени од 5X предизвикот, тема во која гледавме 5 исти филма на одредена тема, секој месец, по предлог на некој од учесниците во предизвикот. Истата ја поедноставувавме, видоизменувавме, стана 3X предизвик (а имавме и 10X), но никогаш вистински не заживеа, веројатно заради тоа што во голема мера ја ограничуваше слободата на гледачите да гледаат тоа што сакаат, а и не за сите 5 филма месечно е достижно. Затоа се одлучив максимално да ја поедноставиме, и од јануари 2021, секој месец да биде месец на одредена тема, но да нема ограничувања кој што да гледа и колку да гледа. Еве, поедноставно, со правилата:

1. Од јануари 2021, секој месец ќе биде месец на одредена тема, зададена од некој од учесниците во „предизвиков“.

2. Секој учесник може да одбере, 1, 2, 3, 5... 100 филма на зададената тема, и откако ќе ги гледа, да напише рецензија или рецензии тука. Нема потреба да пишувате кои филмови ќе ги гледате, едноставно само, што ќе ви фати око, одговара на темата, а вие сте го гледале во тој месец - пишете за него тука!

3. Темата за следниот месец ќе ја предложува тој кој гледал и напишал рецензии за најмногу филмови во претходниот месец. Ако повеќемина имаат гледано ист број на филмови, ќе се договориме. ;)

4. Што е поентата на темата? Да пишуваме повеќе! Значи, низ месеците можеби случајно ќе изгледаме некој филм на веќе зададената тема тука, па така, ова нека биде катче каде ќе ги запишеме импресиите за тој филм и за начинот на кој е поврзан со темата. Или пак, темата нека ве мотивира, како предизвик, да најдете еден филм, барем еден, таков, да го гледате, и да пишете нешто за него.

5. Темите можат да бидат што ќе посакате: филмови од некој режисер, или актер, или лик... жанрови, филмови од некој фестивал, некоја општа тема која ги поврзува... реално - сѐ!

Толку е едноставно!

2020 беше година на карантини, година кога многу слободи ни беа ускратени, и година во која дознавме како е да си како птица во кафез, или со скршени крила. Затоа во јануари 2021 одлучив да започнеме со темата:

ЈАНУАРИ 2021: СЛОБОДА

Ова може да се однесува на многу работи, па така, сѐ што ве асоцира на слобода, може да влезе тука. Како помош, еве неколку листи кои ги најдов на Letterboxd а од каде може да изберете нешто, доколку не сакате да пребарувате сами:

-може да се филмови за бегство од некаде или од нешто, т.е. филмови за стремеж кон слободата (како The Shawshank Redemption, Room, Gravity, Cube...): https://letterboxd.com/tajlv/list/flights-to-freedom-my-top-25-escape-movies/

-може да се филмови за ослободувањето од некое ропство, најчесто историски: https://letterboxd.com/bilgesusisman/list/freedom/

-може да се филмови за слободата на изразување, или за ослободувањето од стереотипите, како најчесто повеќето LGBT themed movies: https://letterboxd.com/khian/list/freedom/

-може да се филмови за борбата за човечките права, имаше и Showdown на Letterboxd таков: https://letterboxd.com/showdown/freedom-riders/

-а може да е и сѐ друго што ве асоцира на слобода: филмови за слобода на духот како American Honey, за road-trips, за ослободување од некое чувство кое ве притиска, како Three Colors: Blue... може да се филмови за било каква слобода. Вие одлучувате. Темата е и доста широка, што повторно ви остава многу простор за слобода на избор.

Затоа, ѕирнете што ви фаќа око, и ако сакате да учествувате, ги чекаме вашите коментари за филмовите кои сте ги гледале!

Ова е листа каде ќе можете да ги најдете сите филмови за кои некој пишал нешто во темава: (линкот подоцна).

Па, да почнеме!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.700
Поени од реакции
33.333
Никој, ништо? :(

Ајде, да не биде без ич темава, јас ќе сефтосам. Филмот заради кој и ми дојде на ум темата, и главниот кандидат за Оскар за најдобар филм годинава, воедно беше и првиот филм кој го гледав во 2021:

NOMADLAND

Клои Жао ја запознав прв пат во 2017, со нејзиниот филм The Rider кој навистина ми се допадна, пред сѐ како храбар потег од една анонимна режисерка, по потекло од Кина, нешто што кога ќе го прочиташ не очекуваш премногу. А The Rider испадна и повеќе од солиден филм. Плус, пак ќе речам, навистина е храбар потег тоа што наместо актер, главната улога ја толкуваше вистинската личност на која и се случило тоа што се случило: младиот Брејди Јандру (+ и целото негово семејство).

Кога прочитав дека со следниот филм по The Rider, токму таа кинеска анонимна режисерка направила филм кој ги собра сите почести на Венецискиот филмски фестивал (вклучително и Златниот лав), а сега е и главен кандидат за Оскар, во повеќе категории меѓу кои и за најдобар филм, повторно се изненадив. Но кога го изгледав, и не беше баш за изненадување: Nomadland е по многу работи сличен на The Rider. Пред сѐ ја дели истата естетика, со многу меланхолија, со многу одеци кон минатото, со одлична кинематографија и перфектна музика, но со еден прекрасен минималистички пристап. (За музиката, да не зборувам дополнително, доволно е само да слушнете:)


Ludovico Einaudi - Oltremare :cuc: (кога ќе го подигне Оскарот за најдобра музика, да не речете дека не ви реков!)

Е сега, како е поврзан Nomadland со нашата тема? Во гратче во рурална Невада се случува економски колапс на компанијата од која се хранат буквално сите жители на градот (нешто што многу потсетува на деведесетите во било кој град во Македонија). По затворањето на компанијата, за многу кратко време, логично, и градот престанува да постои: сите луѓе се иселуваат. Меѓу нив и Ферн (Френсис Мекдорманд), која одлучува да води поинаков живот - како модерен номад. Се пакува во своето комби кое станува нејзин нов дом, и патува од место до место, наоѓајќи нова работа секаде, запознавајќи нови луѓе (некои од нив, номади како неа). Не дека Ферн не е способна да се вгнезди на едно место, туку нејзината желба е да живее таков живот. Врзувањето за едно место, создавањето нов дом, за нејзе значи создавање нови врски и ново затварање кое се плаши дека може да заврши болно како тоа претходното. Затоа, таа во номадскиот живот ја пронаоѓа својата слобода. Номадизмот е ослободување од стравот да се остане заробена во кафезот кој подоцна може да ѝ донесе толку болка, како што еднаш и ѝ се случи. Има една сцена во која Ферн е многу блиску повторно да се врати на нешто налик на животот кој го живеела претходно. За момент дури и се замислуваме дали би можела да ја прифати понудата на Боб да остане да живее со него и неговото семејство. Но веќе во следната сцена ја гледаме Ферн повторно во нејзиното комби, кон нова дестинација... За сите оние кои одлучиле да го живеат животот така како Ферн, можеби изгледа како да немаат дом, или како домот да им е возилото со кое се превезуваат од место на место. Но не е така. Возилото е само средство со кое ја постигнуваат целта да се чувствуваат слободни. А дом имаат - тој им е насекаде! Нивниот дом е слободата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.700
Поени од реакции
33.333
Јануари помина... никако! Со само еден единствен филм изгледан на темата „Слобода“, и тоа од мене :( . Дали можеби беше преопшта, или малкумина ја видоа темава... Не знам. Еве, во февруари ќе пробаме со многу поконкретно нешто - филмови со една од моите најомилени актерки, британската актерка: Кери Мулиган. Кери ја запознав прв пат преку мојот омилен Never Let Me Go, каде и не зрачеше баш со многу сексапил, ама затоа, потоа... особено во Drive... :love: Ама ај, ќе оставам сите мои симпатии и љубовни пораки да и ги пишам подолу, откако ќе гледам колку можам повеќе од тоа во кое таа глумела, а јас без срам сум го испуштил. Значи:

ФЕВРУАРИ 2021: CAREY MULLIGAN

Тука може даги најдете сите филмови во кои глумела: https://letterboxd.com/actor/carey-mulligan/ Па се надевам ќе ве остави без здив, ко мене. :ljubove:
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Преубава, али одсекогаш ми била антипатична..незнам зошто. Али после Promising Young Woman ептен ме напали, можеби оти е постара, а ме палат mid 30's теткици, па скролав по филмографијата.

И ги имам гледано Drive, Gatsby, Public Enemies, Brothers, и Wall Street. Скоро го гледав Shame, а Inside Llewyn Davis ми е симнат. Ако го изгледам месецов, ќе пишам една мега-кратка рецензија, пошто не ме бива за рецензии.. :icon_mrgr:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.700
Поени од реакции
33.333
Гледав 2 филма со Кери Мулиган во февруари:

THE DIG - Слаб филм, не ми се допадна, ова може да го сакаат само тие кои се занимаваат или интересираат за археологија. Инаку навистина не гледам како некому би му бил интересен. Кери не одглуми нешто посебно. Не дека беше лоша, таа секогаш е сонце, ама толкава можност и даваше улогата. Млако, многу млако...

SHAME - Ништо подобро од тоа погоре, а очекував многу од филмов. Тука Кери беше во споредна улога, ама далеку подобар впечаток ми остави. Башка ја видов :цицки:!

Инаку, темава оди во hiatus, не гледам причина чуму тема во која сам си водам монолози. Ако некогаш се создаде желба кај некого, ќе ја рестартираме.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Гледав 2 филма со Кери Мулиган во февруари:

THE DIG - Слаб филм, не ми се допадна, ова може да го сакаат само тие кои се занимаваат или интересираат за археологија. Инаку навистина не гледам како некому би му бил интересен. Кери не одглуми нешто посебно. Не дека беше лоша, таа секогаш е сонце, ама толкава можност и даваше улогата. Млако, многу млако...

SHAME - Ништо подобро од тоа погоре, а очекував многу од филмов. Тука Кери беше во споредна улога, ама далеку подобар впечаток ми остави. Башка ја видов :цицки:!

Инаку, темава оди во hiatus, не гледам причина чуму тема во која сам си водам монолози. Ако некогаш се создаде желба кај некого, ќе ја рестартираме.
Јас иако не учествувам, убаво ми е да те читам. Ако продолжуваш со концептов лично за себе, плс барем во Генерална продолжи да ги рецензираш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom