Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме кај лоши филмови да го додадам Locke. Каква глупост од филм, ако може така да се нарече ова нешто. Го симнав пред некој ден и почнува со Том Харди седи во кола, прави муабети. Кадриве се лоши некако, ама нема врска ај викам ќе помине сцената, ама не, си трае долго време, овој си прај муабет по телефон де со едни де со други. Тука си викам што е работава само во кола ли е филмов, премотувам и да саат и пол си прај без врска муабети дури иде кај швалерката. Филмот оцена 7.1 со 136к гласови...
 
Ова е најпогрешното мислење некогаш напишано на форумов.
 
Пред некој ден ме потсети некој на Барака, па пак го симнав да го изгледам заедно со Самсара. Има ли некои други вакви документарци што се must watch? Се што е на Нетфликс у овој стил ми е веќе изгледано.
The Salt of the Earth гледан ти е?
Не е баш ко овие ама има сличности и е поврзан со фотографија и е врв невиден.
 
Освен ако ти се свиѓа Том, не гледам како би ти бил добар филмов. o_O
 
Гледам HBO во моментов и жалам што потрошив 15 минути да ги слушам очајните обиди за комедија на Вил Ферел.
Има некој на кој овој му е смешен?
Не знам од кога трубам дека филм со Вил Ферел е срање филм.
 
Не знам од кога трубам дека филм со Вил Ферел е срање филм.

Тој најновиот што му е за Евровизија, едвај 10 минути изгледав.
Holmes and Watson пред некој ден го гледав, очи ме здоболеа. Па пизда му материна, како Солзи и Смеа да гледам. Не знам како може тоа да спаѓа во комедија.
 
The Little Things просечен филм. Штета со оглед на големиот хајп и актерската екипа. Глумата од сите на ниво, ама сценариото слабо. Дензел - стандардно одличен, Џаред Лето - искина, Рами Малек - на ниво. Ништо посебно 6,5/10.
PS. Не знаев дека Џаред Лето може толку добро да одглуми creepy guy.
 
Лето е сам по себе крипи гај. :D

Го гледав и јас, и зажалив негде после првиот саат.
Лошо раскажана приказна, ја би рекла и потпросечно за трилер.
Дензел и Реми не штимаа исто, ко пар, немаше хемија.
5 е солидна оцена за филмов.
 
Гледам HBO во моментов и жалам што потрошив 15 минути да ги слушам очајните обиди за комедија на Вил Ферел.
Има некој на кој овој му е смешен?
Вил Ферел ми е омилен комичар. Само што едно десет-петнаес филма по ред нема добра комедија. Сите му ги гледам, со надеж дека еве сега ваљда се опаметил и ќе напраи филм ко Таладега, Елф, или Енкормен.
Јок.
Има некои од последниве десетина филма, кои не се лоши како некои други, али слабо се приближува до квалитетот на старите филмови.
Автоматски споено мислење:

Не знам од кога трубам дека филм со Вил Ферел е срање филм.
Елф, Таладега Најтс, Енкормен...
 
Вил Ферел ми е омилен комичар. Само што едно десет-петнаес филма по ред нема добра комедија. Сите му ги гледам, со надеж дека еве сега ваљда се опаметил и ќе напраи филм ко Таладега, Елф, или Енкормен.
Јок.
Има некои од последниве десетина филма, кои не се лоши како некои други, али слабо се приближува до квалитетот на старите филмови.
Автоматски споено мислење:

Елф, Таладега Најтс, Енкормен...
Елф не ми се свиѓа, другиве два ги немам гледано.

Кажи ми само што е толку поразличен во Елф, пошто мене ми е истиот дебилен лик ко во секој друг негов филм.
 
Елф не ми се свиѓа, другиве два ги немам гледано.

Кажи ми само што е толку поразличен во Елф, пошто мене ми е истиот дебилен лик ко во секој друг негов филм.
Мене ми има доста разлика.
Хуморот е бољи. Ликот е бољи, у однос на други негови ликови, од поновите филмови.
 
Мене ми има доста разлика.
Хуморот е бољи. Ликот е бољи, у однос на други негови ликови, од поновите филмови.
Хуморот е индивидуална работа. Мене човекот ми е дебилен во секој филм што се појавил.

Од друга страна вчера го гледав првиот дел од Џандарите од Сен Тропе, Луј де Финес е врв.
 
Мене па овој со Евровизија не ми беше лош. Еве го кажав, нема врска што е непопуларно мислење. Работата е во тоа што филмот е баш онаков каков што очекував. Ја пратам Евровизија како фестивал и некои од работите кои ги исмеваат се ептен на место.
 
Најсмешното во тој филм (и некаков redeeming quality) беше ликот на Ден Стивенс, кој не е ни комичен актер пред се.

Вилчо не е смешен, мене никад не ми ни бил. Елф е ок филм, ради други работи, божиќен, има некоја приказна, фил гуд филмче, итн, а Вил се трефнало да глуми во него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom