Ја ценам, ама факт е дека ти немаше поим во тој момент туку мораше да идеш до Левица за да се распрашаш
Не сум баш убеден дека е СДССовски бот, Левица зима и доста гласови од ВМРО, со секој ден Ж'миц како прецедател се губат гласови, а сигурно нема да гласат за СДССМ туку за Левица како единствена која се бори против хунтата.
Ако Левица зема од поранешни гласачи на ДПНЕ тоа во најголем дел ќе бидат неутралните по патриотски настроени гласачи или анти-СДС гласачи на кои секогаш најважно им било партијата за која гласаат да биде анти-ДУИ, анти-СДС, итн... . ДПНЕ мнозинството од тие гласови ги изгуби во моментот кога со 62 пратеника потпишуваа Пржински влади, им тераа ќејфови на СДС и на крај 8 нивни пратеници гласаа за промена на име. Претходните парламентарни избори можеби беа последниот пат каде што они ќе видат некаква поголема бројка од нив да гласаат за ДПНЕ, без разлика дали постои Левица или не.
Истото важи и за СДС со Шарените,урбаните неопределени гласачи и таа цела интелектуална/културна сфера која со себе носи една прилично респектабилна бројка на гласови. СДС тие гласови ги изгуби без разлика дали Левица постои или не постои.
Целиот проблем на СДС и ДПНЕ не им е што они изгубиле по 100-150к гласачи. Они дали се тркаат со гласови во опсегот 400-480к гласови или 300-380к гласови не им прави никаква разлика. Проблемот им е што ако некој друг земе макар и 30-40% од тие неопределените/неутрални и сега имаш втора партија која има 80-150к гласачи. Е тогаш они имаат ОГРОМЕН проблем.
На следните локални ако продолжи вака ситуацијата нема да има ниту еден општински совет со мнозинство. Сите тие советнички места што ќе ги изгубат СДС-ДПНЕ, кај ќе идат тие луѓе. Кај ќе бидат ухлебани? Они меѓу себе цело време си ротираа кадар и на крај истите си се цело време на функција. Али сега излегуваат нови втори кои што не ги примаат и им ги земаат местата.
Ако изгубат некоја општина или на следните избори уште дополнителни 10 пратенички мандати не контролираат СДС-ДПНЕ, одеднаш колачот станува се помал и помал за нив. А они се навикнати колачот само да се зголемува.
Во моментот кога СДС и ДПНЕ нема да можат да направат влада со ДУИ одвоено ќе дојде последниот стадиум на Македонското политичко распаѓање во форма на "широки влади за ЕУ и НАТО интеграции" ( иако веќе сме влезени во НАТО колку што знам не знам зошто го спомнуваат веќе). Е тогаш ќе се отцртаат многу чисто линиите кој е на чија страна и се ќе отиде надолу доста брзо.