Си купив книга

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128

Ништо од Икона. Бев и во Рамстор и на Максим Горки. Има - ветер и магла. Само 1 најдов од Слово.
Затоа ќе им пишеш на инста ко мене дали имаат и нема да се малтретираш. :LOL:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
@Saladin не туку ми ставај тужни смајлиња да не ти го направам ова:

Ја имав. Ја зајмив. Откако изгубив секаков траг, дадов завет да не зајмувам книги. Едино со размена, редок наслов за редок наслов.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Инаку за сите визуелни книжевни естетичари Полица има одлична понуда на Ѕвездите На Светска Книжевност во тврд кожен повез за 150 денари. Колку и да звучи снобовски, шмекот на тврдиот повез е поголем и на допир и на изглед и во споредна улога како декор на полица. Цената е прениска за тој квалитет, има книги и со неколку стотици страни.

Jas uste Petok sabajle im pisav i mnogu veke gi nemaa. Denes stignaa, Drakula mi e u plan za poklon oti ja imam i citana a nemaa drugi od tie sto mi fatija oko na lager. Inace da, mnogu se profi.

IMG_20210202_122500.jpg
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Jaс пак му пишав на другар за да ми земи од Полица, чим е ограбена ќе свршам работа....
Желбата ми беше Вчерашниот свет-Цвајг, Раскази-Хемингвеј, Раскази-Вашингтон Ирвинг.
Инаку не ги купив поклон ги добив. Првата ја имам на англиски, ама нека ја и вака.

142736270_461295514882973_7837170248506035891_n.jpg
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Jaс пак му пишав на другар за да ми земи од Полица, чим е ограбена ќе свршам работа....
Желбата ми беше Вчерашниот свет-Цвајг, Раскази-Хемингвеј, Раскази-Вашингтон Ирвинг.
Инаку не ги купив поклон ги добив. Првата ја имам на англиски, ама нека ја и вака.

Прегледај го приврзокот 282178
Hemingway uste u Petok go nemase.
Inace ja imam tretava Avanturite na Sherlock, i voopsto ne mi se dopadna, mislam deka ne ja ni docitav.

Inace matica ima popust 5 knigi za 199 denari.

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Hemingway uste u Petok go nemase.
Inace ja imam tretava Avanturite na Sherlock, i voopsto ne mi se dopadna, mislam deka ne ja ni docitav.

Inace matica ima popust 5 knigi za 199 denari.

Прва е таа брат мислам. Шо знам докај 70-та сум, лабава книга, интересна ми е. Додуша уште го паметам серијалот со Џереми Брет кој е сниман според книгиве и ми текнуваше горе долу додека читав на епизодите и што се ќе се случува. Не многу опасен стил на Конан Дојл.
За повеќе импресии понатаму.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.041
Поени од реакции
24.786
Jas uste Petok sabajle im pisav i mnogu veke gi nemaa. Denes stignaa, Drakula mi e u plan za poklon oti ja imam i citana a nemaa drugi od tie sto mi fatija oko na lager. Inace da, mnogu se profi.

Прегледај го приврзокот 282170
И јас ја земав Дракула и следните три најголеми по страници. Знам дека не треба така да се мери, ама јас морам да размислувам и економски затоа што сакам цела таа колекција да ја соберам, некогаш. Чим веќе е истата цена кај Полица без разлика на страници ќе ги земам најдебелите прво, затоа што продавачите на старо ти логицираат со муабетот-Види ја оваа колкава е има 600 страници нема да ти ја дадам за истата цена како другата од 150 страници иако се од истата едиција. Дракула пак ја земав заради популарност. И продавачи и купувачи знаат дека е класика, сите имаат слушанато за Дракула и најбрзо ќе се разграба, а после тешко ќе се најде. Таа најдолната ти е исто од колекција 10 книги едиција Фантастика од Детска Радост 1990-та и е убава да се собере како колекција, не само поради кои се наслови влегуваат таму, туку и поради колоритните, разиграни корици.

Врти сучи вчера низ центар и кај тој што продава стари книги на улица Македонија ја начекав Вампир - психопат од Мамлеев.
Ретко книга да може да ме изненади како стил на пишување или содржина на пишаното. Може да е мајсторски направена, ремек-дело и беспрекорно изведена од сите аспекти и се тоа да стои, ама тешко дека ќе си помислам-Еј вакво нешто не сум видел до сега.

Вампир-психопат, 5-6 реченици читам, 5-6 секунди се држам за глава-Аууу, јеботе, што тоа јас читам уствари. Ако се фокусираме само на сегментот уникатност и неповторливост книгава е без двоумење 10/10. Не е Браќа Карамазови, не е Војна и Мир, не е Клетници. Нема да стане светски класик. И плус не е за сите. Ама ако некоја книга те избаци од литературна рутина и те мрдне од читачка комфорт зона тоа е оваа. Кога ја прочитав, побарав нешто и за Мамлеев, малку податоци имаше за него по нет, типот бил во некои спиритуални секти, се ебавал со некои парапсихолошки сеанси, се движел во некои крајно сомнителни социјални кругови. Мрднат скроз, нормален не може да напише вакво нешто. Мораш да имаш мајндсет како Мамлеев, како Линч, како Кептен Бифхарт за да го правиш тоа што они го прават.
 
Суси ти текнува на оние нобеловцине со борди тврди корици?

Ги продаваа 104 книги за 14 000, што би му дошло во просек по некои 140 денари од книга.
Лиги ми течат онака кога гледам.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Прва е таа брат мислам. Шо знам докај 70-та сум, лабава книга, интересна ми е. Додуша уште го паметам серијалот со Џереми Брет кој е сниман според книгиве и ми текнуваше горе долу додека читав на епизодите и што се ќе се случува. Не многу опасен стил на Конан Дојл.
За повеќе импресии понатаму.
Јас ги користам кога ме мрзи да читам нешто тешко, одлични ми се за пред спиење по еден случај 25-30 страни.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Jas uste Petok sabajle im pisav i mnogu veke gi nemaa. Denes stignaa, Drakula mi e u plan za poklon oti ja imam i citana a nemaa drugi od tie sto mi fatija oko na lager. Inace da, mnogu se profi.

Прегледај го приврзокот 282170
Ти ли ми ја лапна Дракула? :) Ја сакав и јас ама ја немало. Арно имале повеќе копии од Јустина, инаку ќе останев и без неа. Си порачав и јас, се надевам дека утре ќе ми пристигнат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.041
Поени од реакции
24.786
Суси ти текнува на оние нобеловцине со борди тврди корици?

Ги продаваа 104 книги за 14 000, што би му дошло во просек по некои 140 денари од книга.
Лиги ми течат онака кога гледам.
Информација-две што треба да ги знаеш ако ја бркаш оваа колекција. Едицијата Нобеловци првично беше замислена на принципот по ЕДНА книга од секој автор што освоил Нобелова. Тендерот за издавање на едицијата го добива издавачката куќа Микена од Битола. Едицијата се издава, но во меѓувреме се случуваат две работи. Првата работа е што владата тогаш решава да ја прошири едицијата, односно да се вклучат уште книги од авторите. Затоа денес од таа едиција ќе најдеш од некој автор само една книга а од некој две или три. Втората работа, пропаѓа Микена од Битола. Новододадените книги ги добиваат други издавачки куќи и тие го задржуваат кафеавиот дизајн заради доследност на владиниот проект, но книгите ги печатат таму кај што нив им одговарало па според тоа има една суптилна разлика во изгледот, дали книгата е од првиот бран од Микена или од вториот кога не е Микена, а тоа е делот од корицата што е помеѓу предната страна и задната страна, еве гледај кај wot како ги сликал, делот од книгите кај него што се гледа, за тој дел кажувам. Кај Микена тој дел е рамен, а кај не Микена тој дел е овален односно ваков:

додека кај Микена е ваков:

Гледаш самата корица предна, задна и странична како да формираат правоаголник, а на горната слика не формираат поради овалниот, полукружен дел.

По тоа што го гледам од сликите, сите тие се со рамен страничен дел, нема ниту една со овален дел, што значи дека сите тие се микенските книги. Ако треба да ставам пари, огласувачот е или екс вработен од издавачката куќа Микена, најверојатно бившиот газда, или некој кој е во блиска соработка со екс Микена. Тој сомнеж ми е поткрепен со самиот статус на Фејсбук дека комплетот е распродаден, но ќе следи друг, што значи дека огласувачот не е некој обичен човек што си го продава својот комплет чим може да најде и втор да продаде. Фирмата пропаднала и преку Фејсбук гледаат да ги дораспродадат книгите. Во кригла пиво се кладам дека ако го контактираш лицето што ги продава ќе ти рече дека е од Битола. Не е наместено, не сум го барал па да знам.

Што тоа значи во превод? Значи дека ако го набавиш тој комплет едицијата нема да ти биде комплетирана, туку ќе треба да ги бараш и останатите книги. Мислам дека се околу 30-тина дополнителни. Секако збориме условно ако сакаш да го имаш целиот комплет, тебе можеби воопшто не ти е важно дали ќе ги собереш сите или ќе ти фали некоја.

Е сега што се однесува до цената ќе ти дадам 2 одговора. Првиот објективен, а вториот мој личен пристрасен.

Објективниот вика дека цената е реална. Тврда копија, едиција Нобеловци или на француски крем де ла крем, имаше некои забелешки за преводите, дел оправдани дел не толку, но глобално земено, се ставено на вага цената е пристојна.

Од друга страна, јас лично би пробал да одам и уште пониско. Барем на 12000 да ги донесам иако првично максимално ќе пробам да ги избоксувам за стартни 150 евра а на 10000-10500 ќе пружам солиден отпор и разубедување. Ама па јас сум друг профил на човек, знам каде да притиснам, знам што ќе проба тој другиот да ме разубедува, упорен сум, а и напорен. И постигнувам цена испод онаа што би се сметала за "фер и коректна", не секогаш, но посебно кога се работи за голем квантитет не сакаш јас да сум ти купувач, а ти да си од другата страна на шалтерот.

Така што некоја интуиција ми вика дека тој комплет ќе се појави уште неколку пати. Кој и да е микенската врска позади тој фејсбук профил, ќе извади неколку комплети. Тие книги не беа пуштени во слободна продажба по книжарниците, така што тоа ме тера да мислам дека залихата им е голема. Нека продаде типот 2-3 комплети на најпасионираните, најзагреаните. Кога ќе почне да се мачи со 5-тиот, 6-тиот комплет, кога тие што многу сакале да купат-купиле, а на него му стои уште залиха, тогаш јас би настапил. "Лош и суров" сум, знам. Ама, така функционира пазарот, така функционира економијата. На крајот на краиштата никој на никого не му става пиштол на глава да купува или продава било што.

Секако, се ова е моја претпоставка. Може да сум скроз грешка. Може да се работи за некој бивш владин функционер кој лапнал 2-3 комплета на поклон и сега гледа да се опари и/или отараси од нив.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.760
Поени од реакции
36.663

Овие се истите тие од кои ја купив Невидливи градови. Имаа некаде пишано дека поседуваат три големи магацини полни со книги, што значи - многу држи вода твојата претпоставка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom