Не сфаќам зошто. Знаеја дека назначување на Лампард ќе бара и трпение од барем неколку сезони. На крај излезе глупа одлука да го стават тренер in first place. (pozz
@Джонтра Вохохолта)
Не може да е глупава никако. Трпение треба и мора, без разлика. Но во процесот мора и да покажуваш знаци на некаков напредок. Некаков. Ниту еден фан на Челзи не се надеваше и не очекуваше титула оваа сезона.
Очекувањата беа Челзи да има смисла на терен, да се препознае тренерски печат и концепција. Да се намали гапот од првопласираниот, да почнат со победување на големи натпревари, да не губиш поени на смешен начин и со смешни екипи.
Да загубиш, ама да не се грижиш премногу бидејќи имаш игра и резултатите ќе си дојдат.
Титула во некој куп и напредок во ЛШ, ќе прртставуваше бонус.
Арно ама, ништо од ова не беше остварено. За жал Челзи изгледаше како нетрениран тим. Последниов текст на ,,The Athletic" го открива токму тоа. Играчите се чуделе, не добивале тактички инструкции. Со добар дел од тимот Лампард не разговарал.
Тоа долгорочно е убаво, тоа долгорочно си носи и консеквенци. Не можеш ти да тонеш од коло во коло и да се повикуваш на трпение. Притоа, не исполнуваш ниту еден елемент од горенаведените. Еден.
И тимски и индивидуално Челзи регресираше. Со тешко срце кажувам.
А одлуката не е глупава од повеќе причини. Челзи со трансфер бан и релативно небалансиран и истрошен состав, мораше да најде човек кој ќе ја хендла ситуацијата. Односно, некој што ќе се фокусира на академија и ќе се обиде да интегрира играчи во прв тим. Лампард тоа го направи. Наследството негово се огледува во пет англиски репрезентативци и пет првотимци во Челзи.
Обезбедувањето место во ЛШ во сезона кога Челзи беше отпишан од Европа Лига, претставува уште една причина за тоа дека Челзи не згреши со назначувањето.
Следниот тренер, Тухел ли се викал, Аврам ли се викал, наследува убава подлога за создавање навистина силен тим. Да не заборавиме и на ,,пул пауерот" кој Лампард го имаше летово при доведувањето на одлични фудбалери во клубот.
Споредби со Клоп, стоп. Во овој момент, стоп. Беа апликативни ланската сезона, јас прв ги користев. Клоп од сезона во сезона и од меч во меч драстично напредуваше. Крајниот продукт го видовме сите.