- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.749
- Поени од реакции
- 2.564
Ваквото однесување од водачот беше сосема очекувано затоа што јасно му даде до знаење унапред дека ставот таму е таков - не го сметаат оглувувањето за хендикеп, не го сметаат за нешто што треба да се поправи туку учат да живеат со него. Таму не го поправаат слухот, туку ја поправаат главата.
И Рубен со потегот отиде контра целата идеологија на кампусот, и водачот беше сосема разочаран дека не успеал Рубен да „ја сфати поентата“ па затоа, јас го разбирам недостатокот на емпатија.
Тоа што не му дозволи да се врати во кампот затоа што ја направил операцијата за враќање на слухот, тоа е принципиелност и тоа е ок. Си кажа јасно човекот уште на почетокот кои се правилата, ако ти чини ок, ако не, не си за тука. Но тоа нема врска со емпатија.Нема толку многу пропусти, колку што режисерот премногу слабо ги има објаснето поради неискуство претпоставувам.
Се гледа дека ова му е прв филм, а и фалеше малце поубаво да ги развие карактерите, поготово во ваква емотивна драма.
Во врска со девојка му, да чудно беше зашто така го остави, ама мислам дека не им беше тоа првичниот план.
Јас како што сфатив, овој да отиде кај сектата, а она да отиде да го сними албумот и да пробаат да соберат доволно пари за операцијата.
Првиот пат кога се уклучи на мејлот имаш порака со подршка од неа, е вториот пат кога се прикачи на нивната страна на бендот, виде како некој во коментари имаше ставено видео како ја снима дека пее во Франција.
Затоа он испопродаде се што имаше, во надеж дека ќе отиде и ќе ја врати.
За водачот, не мислам дека имаше недостаток на емпатија. Баш напротив, пробуваше да биде јак додека му соопштуваше на Рубен ЗАШТО нема поента да остане кај нив, за одкако стана Рубен и си отиде, човекот се распадна и почна да плаче.
Исто и со татко и, сите викаат зашто не им даде одма пари, ама првиот пат кога отиде Рубен во Франција и седнаа да ручаат со татко и додека неа ја немаше, он лично му кажа дека не го сакал, бидејќи се осеќал дека ја украл ќерка му од него.
Претпоставувам дека поради тоа не побарале помош од него, мислејќи дека ќе добијат категорично НЕ уште од старт.
Пак ќе кажам, ова е моја претпоставка. Затоа викам дека поради неискуство режисерот многу слабо ги има објаснето некои пропусти и дупки во сценариото.
Во најмала рака требаше да го праша дали има каде да преноќи. Уште повеќе што овој го продаде комбето каде што живееше и само што му побара позајмица. Можеше да му дозволи да преноќи во некоја соба, без да се меша со останатите жители или да побара да не им кажува дека правел операција. И така сѐ уште беше глув, никој немаше да забележи некаква промена, и така носеше капа да ги сокрие лузните. Но овој го исфрли како куче. Не му ни посака ни среќа со враќањето на слухот ниту успех во понатамошниот живот.
Целото однесување му беше добредојден си ако ја прифаќаш догмата и беспоговорно ме следиш, ако не не постоиш. Тоа е комплетно отсуство на емпатија, себичност, да не именувам сега некои потешки карактерни пореметувања.
Имаше дузина начини со една реплика да ни соопштат зошто не бараат пари од таткото. Или дека побарале ама не им дал. Ниеден не искористија.
Всушност ние и не знаевме дека тоа воопшто е опција се додека пред крај не го отворија тоа прашање и ни кажаа. А воопшто и не мораше.
На крајот на краиштата таткото и не мораше да биде богат. Никакво значење немаше тоа за приказната или за ликовите. Можеше да биде и некој што се пропил откако ја изгубил сопругата и со долгови до гуша и баш му е гајле за ќерката и уште помалку за нејзиниот дечко. Но испадна баш спротивно на тоа, уште и благодарен на Рубен што и се нашол и што заедно излегле на прав пат.
А како што забележи и @ElNinho, на ниеден начин не беше кажано колку време тој помина во кампот. И по колку време ги виде сите две пораки од девојка му за кои не видовме дали и прати одговор.