Зашо ми го сфати постот ко спасување за Челзи и Лампард?
Збориме тука за работењето на клубот, не за очекување од медиуми и фан база.
Клубот се фокусираше на купување на млади таленти, Лампард може е лоша одлука но човекот успеа да го подмлади тимот и да фати топ4 место во сезона со трансфер бан а пред тоа го изгубија Азар.
Парите ги лупнаа, и за тоа минатата сезона што требаше да земат и за оваа, тука се е јасно. Е сега им треба време бе другар, нека се разиграат младите, нека се адаптираат тие сега што дојдоа. Затоа и ја зборат сите таа 3та сезона.
И тебе ти е јасно дека секое засилување не може да има инстант импакт како Бруно, за некој треба и време дур фатат ритам.
Сепак, Лампард го наследи Челзи во незавидна ситуација, полоша од таа на Јунајтед после Саф. Само што Челзи фати од старт со чистка и нов кадар.
Можеш и ти да сфатиш дека за успешна транзиција и менување на прва постава е потребно време.
Да, и јас очекував и бев понесен од хајпот на медиумите и фан базата на Челзи, ама реалноста очигледно е друга. Сепак ќе видиме како ќе се развијат играчиве сезонава. Рано е уште Челзи да се отпише, топ4 сеуште може да избори.
Далеку од тоа дека вината треба да се префрла само на играчите, јас не викам дека Лампард е класа и тренериште. Само кажав дека ми се свиѓа како работи последниве 2 години Челзи како клуб. Стабилно чекор по чекор гради тим со млади играчи со голем потенцијал, мисли на иднината а не брка "титула следната сезона". Можеби и Лампард е најслабата карика во тимот, но нели сметаш дека заслужува уште една сезона? Да не бидат овие 2 фрлени во вода?