- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.260
Има работи за кои се согласувам. Но фамозната трета сезона би имала смисла само доколку во оваа постоеше некаков напредок. Челзи регресира по секој основ. По секој. Ланскиот Челзи би го демолирал овогодинешниов.Секоја чест за Лестер, од сезоната кога освои стана најинтересен клуб за сите неутрални. Мило би ми било и сезонава да ја крунисаат со титула. Доста паметно го водат клубот, секоја чест.
Околу Челзи мислам дека си грешка.
Мислам дека најпаметно што можеа изиграа од кога го земаа Лампард.
Види им го само составот, полн со млади таленти и играчи под 30 години. Постепено градат состав за следните 5-6 години.
Вернер, Хавертз, Пулишич, Абрахам, Маунт, Чилвел и Рис Џејмс се играчи што се под 25 години. Плус тука е што се во трка за Рајс, лани не успеаа да го земат, следново лето очекувам да успеат.
За Лампард можеме што сакаме да кажеме но човекот успеа да го подмлади тимот и да фати топ 4. Сезонава исто мислам дека ќе успее да фати пак место во ЛШ.
Сеа Вернее и Хаверц не стартуваа како сите што очекувавме ама има време, доаѓаат од Германија, од Бундеслига, млади се, да им дадеме барем една цела сезона да се навикнат и уиграат.
Уопште не делува челзи како рингишпил или распад систем. Постепено работење, не бркаат инстант успех, многу млад тим во споредба со другите од топ 6, менаџер што постепено си гради тим по негов вкус итн.
Лампард може не е докажан и класа менаџер но сега за сега сеуште заслужува да остане на клупата на Челзи, барем уште една сезона.
Веќе од следната сезона очекувам уиграни да влезат и да бидат во трка за титулата до сам крај.
Сепак ниту еден клуб за 1-2 сезони не успеал да смени генерации и донесе успех.![]()
Сентиментот настрана, иако тоа е претешко навистина. Не би можел никогаш да бидам хаштаг ЛампардАут, но играта, резултатите, самата ситуација, налагаат таков развој на настаните.
Штом доаѓаш до фаза во која вината исклуливо ја префрлаш на играчите, знаеш колку е часот и кое време е дојдено.