Јунајтед е тимот што треба да жали после крајот на мечот.
@RickyLFC9 за играта имаше пишано поназад, па да ти одговорам. Солскјер играше со оваа формација и тактика со сите екипи од "топ 6" до сега сезонава. Иако 4 од тие 5 утакмици беа на Олд Трафорд, така да јас лично (а верувам и било кој друг фан на Манчестер) не очекуваше нешто порзлично. Три од 5те утакмици завршија 0-0, но од друга страна не доби ни една.
Искрено ни јас не сум нешто фан на пристапов, пошто реално со Челзи и Арсенал дома требаше и мораше да победи. Но за денеска може да се каже дека Јунајтед во второ беше подобар и пред се далеку поконкретен противник. Ливерпул многу импотентни како што кажа и ти, шанса не направија цела утакмица.
Прерано е да говориме за тоа кој би освоил титула, но според мене ако Агуеро конечно му се врати на Гвардиола - Сити се први фаворити. Доколку породолжат проблемите за Кун, мислам дека може било кој тим да земе. Дури и Лестер Сити.