Premier League - Season 2020/2021

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?


  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Баји на клупа за Линделоф. Зошто?
Зихерашки состав на Солскјер (класика), ми мириса на победа на Ливерпул.

Ваљда е фитнес во прашање. Баји нема играно 6-7 утакмици по ред скоро 2-3 години. Баш штета.
 
Баји на клупа за Линделоф. Зошто?
Зихерашки состав на Солскјер (класика), ми мириса на победа на Ливерпул.

Единствена логика за изборот на Линделоф е дека очекуваат страшен пресинг и притисок, Линделоф мисли колку толку со главата и е постабилен под притисок, Баји знае да прави луди и непредвидени потези. Плус подобар е Линделоф во пас игра и изнесување топка. Малце тапа избор е Линделоф за воздушните дуели зошто Ливерпул се број еден сезонава по центаршутеви.
 
Ми се чини дека денес ако не искористи Јунајтед против ваква одбрана на Ливерпул, кај шо штопери ќе глумат Хендерсон и Фабињо, нема кога.

Доста офанзивно се одлучи Клоп, мада мислам дека Хендо е во одбраната наместо младиот Рис Вилијамс само заради искуство, а и Вилијамс е доста „тромав“, тешко би можел да се носи со брзите напаѓачи на Јунајтед. Единствена енигма ми е Шаќири на средина, доби предност пред Милнер/Окс/Џонс. На прв поглед, доста офанзивно. Вајналдум ќе треба доста да покрива во одбрана.

Ми мириса на некое нерешено.
 
Единствена логика за изборот на Линделоф е дека очекуваат страшен пресинг и притисок, Линделоф мисли колку толку со главата и е постабилен под притисок, Баји знае да прави луди и непредвидени потези. Плус подобар е Линделоф во пас игра и изнесување топка. Малце тапа избор е Линделоф за воздушните дуели зошто Ливерпул се број еден сезонава по центаршутеви.
Џабе ќе се центаршутеви денес на Ливерпул, кога нема ниту еден играч за скок игра.
 
Џабе ќе се центаршутеви денес на Ливерпул, кога нема ниту еден играч за скок игра.

Ми се чини дека Фирмињо има добар off ball movement а ние се браниме зонски, очекувам да начека некоја топка што Мегваер и Линделоф погрешно ќе ја проценат или некоја топка во меѓу простор.
 
Ливерпул тепа, реми е добар резултат за Јунајтед, претпоставувам тоа ќе бркаат, а не верувам дека би издржале до крај.
 
Дај да им се јавиме на СК за следното дерби меѓу екипиве да интервјуираат некои од форумов :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Што формација ќе биде ова на Оле? Според составов очекувам да немаат крила, Марсиал и Раш напаѓачи, позади нив Бруно и Погба, а како дмф Мектоминеј и Фред.
 
Браво, еве ви едно колаче
Пресмешен исфорсиран третоодделенски хумор во обид :(

ПС: Очекувам блага победа на Јунтајтед со оглед на тоа дека Ливерпул се без штопери...
 
Што формација ќе биде ова на Оле? Според составов очекувам да немаат крила, Марсиал и Раш напаѓачи, позади нив Бруно и Погба, а како дмф Мектоминеј и Фред.

4-4-2, дијамант верзија, погба лево, Фред десно, Скот дмф, Бруно пред нив. Отприлика вакво нешто.
 
Пресмешен исфорсиран третоодделенски хумор во обид :(

ПС: Очекувам блага победа на Јунтајтед со оглед на тоа дека Ливерпул се без штопери...
Нема ти шо да очекуваш тука, ти можиш да очекуваш вечер да ви ја дупни главата Атлетик :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom