Кога тој вели "ние" победивме, не мисли дека тој е заслужен за таа победа, туку дека е дел од една група која има ист интерес и дели исти емоции. Кој колку придонел за тој успех воопшто не е важно, како и тоа колку му е важно на Роналдо што било кој навивач на Јуве се радувал.
И кога ќе игра репрезентација во друга држава, повторно викаме "ние" победивме, без разлика што ни со навивање не си помогнал, а најчесто ни финансиски индиректно преку даноци, зошто мислам дека националните федерации не земаат пари од држава. А имаш и поинаква ситуација, дури и да ги финансираш индиректно преку даноци, можеш пак таа репрезентација да ја сметаш за туѓа или да си рамнодушен.
Финансирањето или влијание врз резултана на било кој начин, воопшто не е битно за да се идентификуваш со нешто, доволно е само со таа група да делиш иста емоција.
Доколку некој тврди дека тој е заслужен за резултатите, тогаш е друга приказна.