Нема врска сакањето, сите сакаат титула уште од прво коло, и Јувентус и Интер и Милан и Џенова и Кротоне, ама желбата е едно, реалноста друго. Па така и покрај нашето сакање за Милан да е шампион, реалноста е друга, иако е прв засега, а реалноста говори дека постои друг субјект кој ја има економската, финансиската, политичката, спортската и фудбалска моќ, како и медиумската пропаганда и поддршката од подземјето, субјект кој врз основа на ова веќе девет години воспоставил и одржува монопол врз лигата, па така се укажува на тоа дека тој монопол ќе продолжи да постои, иако во моментов не е во толку поволна положба, може за брзо да ја врати сета моќ и сила која ќе се одрази и врз позицијата на табелата, а веќе почна да ја враќа моќта оваа сезона.