не ми се свиѓа во играва што да убиеш некого треба да се убиеш од пукање, цајканите се телепортираат и ти ебаваат матер и немаш слобода да бегаш од нив. Играчот у ваква игра очекува да може да прави хаос наоколу како у ГТА.
Треба да си го оптимизираш карактерот подобро за да ги убиваш побрзо, добар билд и добри оружја.
Јас на пример играм stealth билд со rifles i smgs со silencer, повеќето ги убивам брзо со еден куршум ако е хедшат на hard. Но овој damage доага само кога пукам од stealth. Но не е лошо и во ситуации кога сум откриен.
Моментално ставив поени во крафтање за да можам да крафтам некој iconic оружја што ми фатија око. Ставив поени за да можам епик варијантите да ги крафтам, за леџендари варијантите некако многу атрибут поени ми е ќе треба да жртвувам многу за други таленти. Но може и да направам respec понатаму за 100К eddies и да насочам поени во друго а оружјата највероатно пак ќе ми останат.
Иначе играва е одлична, има багови и гличови да, но сепак, ако го оставиме тоа на страна пошто секако ќе ги средат тие проблеми понатаму, играва е добар баланс помеѓу Fallout, Call of Duty И GTA. AI-то е просечно, РПГ елементите се просечни и излажаа за маркетинг и со тоа им падна репутација за понатаму. Но како целосен пакет играва е дефинитивно забавна, глумата е одлична, приказната ми изгледа интересна. Споредната содржина ми се допага многу, не делува репететивно и изгледа динамично и разновидно.