GTA 3 беше првата што сум ја играл од тој серијал, мислам негде 2001-2ра. Целиот доживљај го праеше слободата да се движиш надвор од некоја "замислена" патека на сценариото (не само замислена, туку и виртуелно реална, пошо немаше каде да одиш лево-десно). Се сеќавам на Quake 2, која многу малку луѓе ја играа мрежно, на шака се броеа 90ти години луѓе што воопшто играа, а камо ли мрежно....таму идеш по патеката и програмерите правеа некои некои кратенки или споредни патчиња, кои не знам како да ви опишам, во тоа време беа доживљај. На овој принцип беа сите игри од типот fps и tps.
Need for speed, скроз друг тип игра, која даваше само некои кружни патеки сместени во град или околината.
Е сеа, рачунајте што значеше open world концептот на GTA 3, кога ги спои сите овие у едно. Ај Vice city и не отвори толку нови можности со физиката, повеќе ја погоди атмосферата, добрата музика, ама San Andreas еба мајката со можноста да возиш буквално се' и да одиш на секоја точка од прилично голема карта. Плус беше што имаше многу интересна приказна со многу мисии и атмосфера и некои скриени фори на сите страни што те тераа и откако ќе ги пројдеш мисиите, да не ја бришеш од компјутер.
GTA 4 мене не ми праеше кеиф приказната, ниту основната, ниту продолженијата шо беа ултра кратки, ама физиката, светлото, хипер-реализам...знам дека Rockstar имаа соработка со филмски работници за да постигнат атмосфера, дури и Philip Glass компонираше специјална музика. Сега сфатив каков чекор напред била четворката.
Целиов реферат ми е дека физиката и АИ-то се многу, многу битни.
Не знам дали некој се сеќава на оваа игра, Rage, ја развија idSoftware, програмерите на Doom и Quake. Ме најде у време кога не ми беше компјутерот соодветен или одиграв нешто кратко, ама ми остана во сеќавање како добра тема, пост-апокалиптичен свет, исто отворен, малку повеќе инспириран од Mad Max филмовите. Cyberpunk има многу 80's во себе и има потенцијал да биде топ игра. И јас мислам дека ќе им треба многу време да ја опраат, месеци и години веројатно, со темпово со кое беше развивана.