Па да, тоа се вистинските проблеми, а не баговите. Мислев јасно ви е тоа
Немам јас со што да споредувам затоа што стварно не играм такви игри. Може и да се лажам, ама и многу други луѓе го зборат истото. Јас не осетив во муабетите и сето тоа изборите кои ги правам да имаат некое влијание врз приказната, бар врз главната. Имаш една или две опции кои ја продолжуваат приказната, и уште некои онака колку да си направиш муабет, но не прават некоја разлика. Мислам дека во главната приказна освен првата и последните две мисии се друго е исто. Тие зависат баш од твоите одлуки. Е повеќе мења во сајд квестовите ваљда затоа што некои одлуки кои ќе ги донесеш влијаат врз тоа дали ќе ти го даде тој сајд квест или не.
Друго, крафтање јас воопшто не чепнав, ништо не искрафтав. Скил три ми делува ко да е направено прекомплицирано само за да има премногу опции. Главните 5 атрибути добро, потребно е да ги билдаш затоа што тоа одлучува дали ќе можеш да отвориш некои врати, да хакнеш нешто и слично. Ама скиловите под нив некако небитно ми делуваа поголемиот дел од времето. Има некои добри, ама има премногу и дури и на едно да се фокусираш не верувам до крај на играта да собереш доволно поени за да го набилдаш профилот како што сакаш.