Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Сеа на Барнли ке им дадеме до знаење кој можат да победат а кој да испратат со честитки:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Го чувте ли овој кретенов како Ливерпул имал најдолга низа на натпревари без пораз во ПЛ на домашен терен? Дури 31 :pos2::pos2::pos2: Во тој случај, што беа нашите *2,7 од овие на Ливерпул?
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.578
Поени од реакции
1.882
очекував ливафакинпул да ја наполни мрежата на вила, но овие го направија спротивното :vozbud:

шо ми е милоо, 6 планирани бода си отидоа уште во првите 3 кола :kesa:
 
F

fantomX

Гостин
Ова е постаро сега, ама е најдобрата шега во целиов заебан трансфер-период. :pos2:

Браво, браво, иако моментално е повреден, го гледам уште сега во некој натпревар в зимо, без африканците. На подолг рок, да се надеваме ќе го биди, не може да се кажи шо и како ќе биди.

Вака кога викам секогаш ја вртиме..чути си ти...:wink:
Не е до тебе, до жабариве е...:toe:

Солидна игра. Подобро од солидна, ама не одлична. Леле петата на Стариџ... Мислам дека Стариџ е играчот што ќе ја размрда нашата игра. Нормално, ако му се даде шанса. Не знам кој се бунеше сшто не играме со најјак состав. Па ако против вакви екипи нмаат можност да се докажат: Стариџ, Калу, Деко (ако е стар, не е првотимец, треба да се докажува), Бане итн, кога? Со Манчестер?

И уште нешто, за сите оние кои зборат дека сега станал Челзи клуб: Погледнете на трибини, видете колку луѓе има над 30 год, колку под 16, а колку 16-25, се ќе ви стане јасно... Најмалку 50% се над 30 год., некои 20% се деца, а остануваат 30% 16-25. Тоа докажува дека Челзи имал верни навивачи и пред да дојде Абрамович. Башка, 44.000 капацитет на стадион не е нешто многу, ама солидно е (и тоа одамна е толку). Сега да е 60-70к, мислам дека би се наполнил.
Прво (не само за твоево, општо гледам коментари), нема прв состав! Има 20 играчи кои во секое време можат да играат, и уште неколкумина солидни за покривање дупки. Шевченко не е единственото нешто шо го заеба Мурињо во Челзи, тој и сам се зафрка со неговите девет (мислам) „недопирливи“. Нема такво нешто појќе. :toe:

Кенион има зборувано дека испитувале можност за зголемување на капацитетот на 55000 гледачи, ама изгледа ништо не бидна. Можи да се зголеми зад едниот гол само, зад другиот е хотелот. Препорачливо е да е поголем, ама изгледа нема можност, не верувам да е до парите.

Јас не сум баш задоволен, може многу многу подобро ама барем ќеиф ми прави тоа што не примивме гол... Дрогба одигра одлично - за чиста 10ка останатите сите солидни
Босингва - Хачинсон ; Лампард - Деко беа замените, трета мислам дека немаше
Нормално дека може многу подобро, ова е само почеток. Лампард може многу подобро, Анелка можи некако да дава појќе голој, Босингва и Кол поактивни бочно (иако и сега се)....секако дека може.

Беше на клупа, а не играше веројатно заради некоја ситна повреда. Доволно фит за на клупа во случај да МОРА да се брка резултат, недоволно спремен за стартер, а со оглед на резултатот и не мораше да влегува и да ризикува влошување на повредата.

Следна утакмица ни’ е со Барнли дома. Новајлиите ги тепаја Манчестер Јунајтед и Евертон, да се надеваме дека нема да ја продолжат традицијата. :)
Само треба сериозно да се пристапи кон мечот, без потценување и без опуштање.
Есиен не играше пошто ред беше за Оби Микел, не мора многу форсирање, има и време и место и за Есиен. И тоа многу поважно него трето коло со Фулам.

Опуштање со Барнли нема да има, а и Дрогба ќе биди особено мотивиран. :icon_mrgr

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Прво (не само за твоево, општо гледам коментари), нема прв состав! Има 20 играчи кои во секое време можат да играат, и уште неколкумина солидни за покривање дупки. Шевченко не е единственото нешто шо го заеба Мурињо во Челзи, тој и сам се зафрка со неговите девет (мислам) „недопирливи“. Нема такво нешто појќе. :toe:
Воопшто не мислам на недопирливи или слично, ама да не се лажеме дека Калу и Дрогба се исто, или Хачисон и Босингва, или Бане и ТЕри. Тоа ми беше муабетот, на послаби утакмици треба да ги одмори „посилните“. Спомнав дека многу ме бендисува што ги ротира играчите, што секој мора да се бори за прв состав...
 
Калу и Дрогба не се исти, никој не рече такво нешто, но се различни. Калу со негојте предиспозиции е способен да игра покрај Анелка и Дрогба, со еден од двајцата. Можеби и со Стуриџ во иднина, можи и младичов да зајакни.
Хачинсон основно е центархалф, Мурињо го „пресели“ подесно, пошто нели, Тери и Карваљо беа недопирливи. Босингва е машина за напад десно, но Иванович (можеби и Хачинсон) се поцврсти од него.
Со вакви противници како овие досега треба да се игра со минимум сили потребни за победа, некој помлад да се растрча. Оби има само 22 години, како да напредува инаку? Па и Калу е млад уште, го очекувам со Барнли место Анелка, барем 40 минути ако не појќе.

Како и другите 10 тима, во кои играл ! Го сакал !?
Нема повеке фудбалери кои ги сакаат своите тимови !
Го сака од причина што Челзи е единствен врвен европски клуб за кој Анелка можи да игра во тие години. Никој друг таков клуб не го прима. :toe:

Жирков, Џо и Фереира почнале со тренинзи, макар шо ја не би брзал, особено со првиве двајца. Ах, здрав Џо ви е засилување од рангот на Рибери (со минимално претерување)...:toe:
 
Те сфаќам и се сложувам со тебе. Само некои други се лутат зошто не се игра постојано со оној „прв“ состав, т.е. да речеме најјакиот. Уште поодамна прашав и никој не ми оговори зошто Босингва не би играл како десно крило, така и така повеќе е напред него назад :) Искрено, на Калу не се надевам многу, ми се гледа само како добра резерва. А на Стариџ ептен се надевам. Малиот е добар. Имаше неколку добри потези кога влезе против Сандерленд. Ќе речеш Сандерленд е, ама сепак, никој не се обидуваше да дрибла или слично...
 
Босингва не е пробан, инаку ко можи Белети десно на средината, можи и Босингва.
Калу ко Калу, никогаш не очекувам да биди главна ѕвезда, но во појаки натпревари би му дал предност во однос на Анелка, никако двајцата.
За Стариџ, само времето ќе кажи. Ја Шева го чекам, разбирам дека е преведувач само сега засега, ама не е платен само за толку...:icon_mrgr
 
Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Босингва не е пробан, инаку ко можи Белети десно на средината, можи и Босингва.
Калу ко Калу, никогаш не очекувам да биди главна ѕвезда, но во појаки натпревари би му дал предност во однос на Анелка, никако двајцата.
За Стариџ, само времето ќе кажи. Ја Шева го чекам, разбирам дека е преведувач само сега засега, ама не е платен само за толку...:icon_mrgr
Џабе ко чекаш Шева. Ништо нема да биде од него освен добар стопер за пред гол :)

Сакам да земеме ПЛ или ЛШ годинава, ама многу посреќен би бил и кога би се воиграле новите играчи (може и без титула во тие 2 натпреварувања). Го имаме Оби (22 год, може да игра деструктивец или плеј, зависи како ќе го насочи Анчелоти). Го имаме Жирков (25 години спрема 30-те на Малуда), Матиќ (21 година, може да го мења Лампард ако биде нешто од него на што највеќе се надевам и радувам :)), Стариџ (замена за Дрогба), Калу (замена за Анелка). Е овие играчи ако се воиграат и ги биде во Челзи, тогаш може да се надеваме на многу титули во следните години...
 
Член од
9 мај 2009
Мислења
605
Поени од реакции
400
Нека ни се честити победите и да ни се множат...:eek:lee:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom