Демек не може и со 50 саати да ти понуди подобро искуство од другиве? Јас ич не го сфаќам тоа со должината на игрите. Не може должината да ми ја одредува вредноста. Некогаш игра од 10 саати може да понуди повеќе од игра од 100 саати.
Многу
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Не сум навлезен јас баш, да не се правам дека разбирам нешто многу. Компјутерот ми е земен за работа и најчесто играм само Хартстоун, ама од време на време пробувам по нешто. За Сајберпанк се знаеше дека ако сакаш најдобро искуство ќе мора на РС да играш (пак си играм со џојстикот од Сони).
i9-9900K, RTX 2070, 64GB RAM
Пуштено ми е се на максимум, ама мора со тоа DLSS што го спомнав да играм за стабилен фрејмрејт. Со тоа на ултра перформанс цело време играм на 60 фпс и не приметувам некоја разлика во графиката. Ако го исклучам паѓа на 30, па и под. Ама како што прочитав Сајберпанк ептен добро ја користи таа опција. На други игри го расипувало квалитетот.
За да се извади апсолутен максимум, треба РТХ 3080, нормално.