La Liga Santander 2016/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Atso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ултра, мега, гига јакиот и пред се ОФАНЗИВНО квалитетен Атлетико.
Што е најтрагично ова е точно. Ок можда не ултра гига мега квалитетен, ама овој тим им е многу јак и офанзивно јак, е сеа Чоло што има кансор пристап на вакви мечеви е друг муабет. Центар не пројдоа до 80та минута, срамно издание денес на Атлетико. Али и натаму се главни фаворити за титула освен ако не ги фати некоја голема криза.
 
Со ваква игра Атлетико до Февруари максимум ќе бидат први. Мртва игра, гнаса фудбал
 
Никогаш не сте биле олку напалени на победа. И ние ја тепавме Барса па не скокавме толку. Ама во ред оправдано е. Не се имате израдувано сезонава се некој малери ви се дешаваат. Смалете доживљај оти за конец ЛЕ ќе игравте. Во последниве 6 месеци Атлетико вака лоши утакмици има 4-5 одиграно, другото се е на ниво. А тој што го гледал Атлеико и Феликс сезонава знај за каква игра и играч станува збор.

На кое ниво бе одиграл Атлетико досеа?

Едвај поминавте групи во ЛШ, БаЈерн ве демолираше со прв тим, со трет тим им извадивте нерешено. Ебените Локомотив Москва не ги тепавте. Валенсија и Барселона, никад поутепани, едвај.

Апсолутно ништо нема покажано овој Атлетико, да играше овој Атлетико против тој од пред неколку сезони, ќе беше издоминиран (секако со 1-0 ќе завршеше резултатот).

Нема ни Реал ништо покажано сезонава, ама тоа го знаеме веќе, исто како и Барселона, ама за Атлетико беа пофалбите дека сезонава ќе доминираат.

Ќе се борите за титула пошто лигата е никаква сезонава, не заради тоа што сте посебно јаки, во споредба со себеси од претходните сезони сте исто послаби како и другите.
 
Ова мора да е некој парарелен универзум...фанови на СРеал и Фарса здружени против малиот Атлетико.

Па ако веќе се лидери на табелата и мојот тим треба да брка негатива овој резултат и не е толку лош. Ама да не се лажеме цел меч навивав за Атлетико. Едноставно природно ми е да навивам против Реал и секако ако Барса изгуби шанси за титулата помило ќе ми биде Атлетико да освои од Реал. Само сум реален дека вечерва дно допреа.
 
Никогаш не сте биле олку напалени на победа. И ние ја тепавме Барса па не скокавме толку. Ама во ред оправдано е. Не се имате израдувано сезонава се некој малери ви се дешаваат. Смалете доживљај оти за конец ЛЕ ќе игравте. Во последниве 6 месеци Атлетико вака лоши утакмици има 4-5 одиграно, другото се е на ниво. А тој што го гледал Атлеико и Феликс сезонава знај за каква игра и играч станува збор.
Се радуваме пошто сте летнати во облаци, кои јаки утакмици ги одигравте вие сезонава што се замислувате дека сте најјаки? Ја тепавте најмртвата Барса во последните години после грешка на Тер Штеген, ја тепавте мртвата Валенсија и готово господ за јајца го фативте. Баерн со втор тим ве издоминира во ЛШ и се тресевте до последно коло дали ќе ја поминете групата. Ние бар си признаваме дека Реал се срање и ни е потребен голем ребилд доколку сакаме да се вратиме на врвот.

Атлетико сезонава е благ фаворит во однос на Реал и Барса само затоа што овие два клуба се премногу летаргични на голем дел од натпреварите, не дека Атлетико е поквалитетен тим. Утакмицава вечерва е само доказ за тоа.
 
Последно уредено:
Мене Атлетико ништо посебно не ми се за сега.
Со Барса ништо не изиграа, имаа само среќа да се избламира Тер Штеген.
Со Баерн првата беа демолирани, а втората само бод извадија против дечиштана.
И сега со Реал не ја видоа топката.

Имаат среќа што Реал кикса против послабите, а Барса е утепана, иначе пак ќе беа 3-4 место. Во ЛШ било кој да им се падне они ќе испаднат.
 
Со Кореа и Лемар во напад негатива брка. Како бе воопшто дојде овој тим до прва позиција?
 
Чоло нема муда за големи утакмици и тоа е тоа.
Пак се класа над Реал и Барса годинава. Уствари додека не се врати Хазард ќе им парираме, после пак ќе кренат бодовна разлика.
 
Дочекав играч ко Лукас Васкез да ми е главна карика во омилениот тим ‍♂
Честитки пријателе. Изгледа јас малку отповеќе згрешив завчера. Се враќате на голема врата, иако не ве симпатизирам, ама тоа е што е. :)
 
Cholismo, nesto ja snema, deka e, da ne taguva? :oops:
 
Со ваква игра Атлетико до Февруари максимум ќе бидат први. Мртва игра, гнаса фудбал

Да секако....дека и другите екипи ги имаат растрчани и здивени Модрич,Крос,Касемиро,Васкез,Кархавал и Менди.....не заебавајте, Реал е докажана екипа на големи натпревари и затоа Атлетико ви делуваа слаби...едностано физички се предоминатни Реал кога сакаат да играат.
Автоматски споено мислење:

Во ЛШ било кој да им се падне они ќе испаднат.

Секако.....сите добивме колективна амнезија дека во март месец пред пандемијата да го завладее светот го испаднаа предоминантниот Ливерпул со ДВЕ ПОБЕДИ...и тоа втората му ја свртија од 2-0, 2-3 .

Во ЛШ ништо не се знај.
 
Не навлегвам во дискусија кој е подобар, кој ќе освојт, кој која класа е. Впрочем, за џабе не е излезена изреката "Титули се добивет на мали утакмици".
Оттука Атлетико е прв, а Реал таму кај шо се. И ако продолжит така до крајот на сезоната ништо немат да се менит на табелата.

Али....на вечерашнава утакмица, онака најобјективно колку шо можам да кажам е дека Атлетико го немаше. Да, моеше да дајт 2 гола (тие на Лемар и Саул) и со то да го замаскирет лошиот настап, но по шо не влегоа останвит само ова второто.

Кога Крос-Касемиро-Модрич имет свој ден, сите тројца во исто време противникот па и немат шо да барат тука. Константна контрола, со огромна дефанзивна помош од Васкез и Винициус (колку и да е изгубен денес беше многу дисциплиниран во одбрана) , Реал константно беше вишак, дал во одбрана или во напад.

Херера изигра ужас а ја имаше најодговорната позиција на теренот. Кога еден од двајцата организатори немојт топка да примит, знајш дека немат ништо тука.
Тие 3 измени наеднаш на полувреме колку и да внесоа некоја свежина, внесоа уште толку поголема конфузија на теренот. Дури се консолидираа, дојде 75 мин и беше веќе касно.
Малку ми е жал за Љоренте. Чоекот смена 3 позиции за пола сат. Јес да е добро да имаш таков играч како џокер за секоја формација, ама и она беше умот да ти се земит.
И последно, мислам дека згреши со вадењето на Феликс шо се виде и по неговата реакција ко седна на клупа. Едини шо преземаше одговорност беше тој. Суарез остана појке од него на терен, а ништо не напрај.

Така да, одамна Реал немал позаслужена победа во некое дерби од оваа. Наредната, ќе видиме како ќе е :)
 
Дај бе не јадете ако сте го гледале 2-3 пати сезонава Атлетико... Нема врска со ланска игра. После паузата од корона имаат скоро 2,5 гола по натпревар за разлика од пред короната кога имаа 1,3. Во ЛШ имаа само две лоши утакмици со Локомотив и една со Баерн, во другите три одиграа супер.
Со ваква игра Атлетико до Февруари максимум ќе бидат први. Мртва игра, гнаса фудбал
Еве го. Со ваква игра. Да, со ваква игра ќе испаднат. За среќа ваква игра сезонава има една на 10 утакмици. Боту еден.
 
Дај бе не јадете ако сте го гледале 2-3 пати сезонава Атлетико... Нема врска со ланска игра. После паузата од корона имаат скоро 2,5 гола по натпревар за разлика од пред короната кога имаа 1,3. Во ЛШ имаа само две лоши утакмици со Локомотив и една со Баерн, во другите три одиграа супер.
Како што кажуваш испаѓа дека во 50% од утакмиците во ЛШ сте изиграле лошо. Тука можеш комотно да ја додадеш утакмицата против третот тим на Баерн.
На крај испаѓа сте кикснале на 4 утакмици од можни 6, односно добри утакмици ви се двете против Салзбург ..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom