Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.203
- Поени од реакции
- 18.311
Не ми го земај лебот.@Trolejbus на апарати....
@Trolejbus другар само за тебе е голов . Плус тоа нема да се лутиш, против Барса на Камп Ноу.
Еве ти награда за најочаен коментар на вечерта. Секоја чест како успеа да ги надминеш борците за права на луѓе со обоена кожа на форумов, пораснати во целосна хармонија со самите себе, без никакви предрасуди и комплекси. Први меѓу еднаквите, необременети од никакво дискриминаторско чувство.Не дека Барса пак не беа криминално лоши ама сега ги сфаќам фановите на Интер и Милан... Која смејурија од пенал беше првиот на Јувентус. Еве сочувство што мора ова да го трпите скоро секој викенд.
Апсолутно сочувство сношти може да има само за некои луѓе, а тоа не се фановите на Интер и Милан.
Првото сочувство е за главниот судија, Оведиу Хатеган, на мечот ПСЖ - Башкершир, кој постави рекорд да суди 6/6 мечеви во групна фаза од ЛШ, апсолутна светска класа од судија, иден делител на правдата на финалиња на големи натпреварувања (ЛШ, Светско/Европско првенство). Ни крив ни должен, прво заради колегата кој во вакво време испушти доста невнимателна фраза, а второ, секако побитно, заради тешкото срање кое се случува во светот на тема „угнетени“ целни групи на луѓе, кои може да бидат од секоја категорија, само никако стрејт бели мажи. Врз нив нема тортура, тие се владетели, благословени од Бога да раководат со останатите смртници на планетава.
Е сега, второто сочувство е за фановите на Барса (во оваа група веќе спаѓаш ти), кои што беа приморани да го гледаат својот омилен клуб, кој е во слободен пад години наназад како губи на домашен терен, на неприкосновениот Камп Ноу, 0-3 од Јувентус.
Јувентус кој е трето место во Серија А, Јувентус кому Беневенто и Кротоне му извадија нерешено.
Дури мислам дека има и трето сочувство, а тоа е дека ни помалку ни повеќе, најмногу за овој 0-3 резултат придонесе Роналдо, вашата ноќна мора, згора на се' со два гола од пенал!
Врв на се ќе биде, поради второто место да налетате пак на Баерн Минхен. Тогаш ќе си се пуштам на форумов, ќе си ја отворам темава и ќе јадам пуканки на сеирот, предводен од неприкосновениот @STEALTH.
Поздрав сега