Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.601
Не им нудеа бесплатна правна помош на овие групи граѓани?
Нивните објави се помалку мемиња, а повеќе за конкрени случаи, за кои никој во јавноста не се потресува посебно, за кои никој не го боли цеф по медиумите, како на пример, за правата на одредени работници, во одрдедени погони и слично.
 
M

Macedon1um

Гостин
Не им нудеа бесплатна правна помош на овие групи граѓани?
Да и добар дел од финансииве што ги зимаат одат баш за такви работи (судски правни трошоци) плус 25% од пратеничката плата ја донираат назад во партијата и еден од ретките пратеници е Крмов што се откажа од патни трошоци. Знам еден е некој сега ќе рече па затоа, ама поставуваат нови стандарди во политикава
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.926
Поени од реакции
17.922
И понатаму не им верувам, ама ај да не расправаме криви дрини, ама ке се согласам со повеќето дека друга група на луѓе треба да таргетираат, доколку сакат да победат или да бидат подоминантни. Значи треба да ја изораат Македонија, во секое селце, во секоја населба, во секое градче, во секоја фабрика, на секој пазар, значи сегде каде има барем еден жив човек да му ја претстават програмата. Како што кажа Ејсид со хехе и хаха постови на интернет, сдс и дпне со онолку војска не се бутаат така лесно.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не им нудеа бесплатна правна помош на овие групи граѓани?
Мислам дека да. Е, мене ме интересира дали овие воопшто знаат дека им следува.
Нели претходно оној Савески беше, па ја раскантаа. Мислам дека он поише влечеше на таа страна и накај синдикатите. Ете, брзо успеаа да ги скараат....небитно, ова - треба да се комуницира константно со тие луѓе за да не ги забораат дека постојат како опција.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Нека кадар Левица, еден локален штаб им функционира со по неколку луѓе, претежно по некој млад човек и професори. Сите критики ви се на место, и треба да се пренесат до нив. Мислам дека проблемот е што голем дел од таа комфорна младина прво не сака да реагира поради менталитетот,, второ не оди во штаб затоа што не сака да се стане член на партија, еве јас сум во мкд, ќе останам сигурно уште 2 месеца но само од таа причина не одам во штабот иако како да сум веќе нивни член, го имаат мојот број ако треба да се оди на протести, итн.

Не верувам дека ќе останат само на ова, за следните избори сум убеден дека ќе допрат на некој начин и до работничката класа, ама верувајте дека оној кој е на овие ставови веќе знае за Левица и е свесен дека треба да ги гласа, додека останатите и во погонот да им дојде нема да има некаква разлика, они си знаат стандард муабети, "сите крадат", "ќе го вработите ли син ми", итн. Не можеш да допреш до некој кој нема ни тронка борбеност во него да смени нешто, да добие втор слободен ден во неделата, да има 40 работни саати, преголема отупеност владее кај работничката класа, едноставно се соживеани веќе со системот. Од дома тргнувам секогаш, викаат епа ајде оди у штаб ама нека те вработат после, да си останеш тука, за жал така функционираат работите овде.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.798
Поени од реакции
8.545
Мислам дека доста потценуваат колку тешко е да се започне партија посебно во последниве 5-10 години кога клиентелизмот и апатијата се до плафон. Не за џабе се сметаше за невозможно некоја нова партија некогаш да влезе во парламент. Земете во предвид колку партии имаат почнато и пропаднато без да постигнат ништо. Како што кажаа и некој од другите првин медиумски немаат никаква покриеност, они имаат барем 5-10 луѓе по мое мислење кои можат да бидат викани на дебати но не се никогаш викнати. Значи ако немаш олигарх да ти даде пари да се промовираш, немаш странски служби да те буткаат немаш скоро никаква шанса да добиеш каква било медиумска подршка.

А чесните и способните луѓе се имаат изгорено милион пати во последните 30 години што и на јогурт ќе дуваат. Едноставно ќе треба далеку повеќе докажување за да почнат да им ги полнат штабовите. Сега за сега мора да одат со сензационализам зошто гласачите кои единствена желба им е да има некој кој што конечно се бори против двајцата браќа близнаци им се најлесните гласачи за добивање.

Со следните локални избори преку советниците они ќе можат да воспостават присуство во секоја општина и да почне да се развива повеќе нивната партиска инфраструктура. Ако пак од нивните пратеници зависи влада тогаш конечно и ќе можат да постигнат нешто и да покажат дека се способни.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.883
Поени од реакции
36.939
Им треба лик од калибарот на Бранимир Јовановиќ со добра економска поткованост што ќе може да се уклучи на економски дебати да им даде малку економска тежина и сериозност.

За локалните можеби добра стратегија е да пробаат да најдат луѓе кои постигнале нешто на професионален план (доктори, адвокати, претприемачи со ОК фирми) и да им понудат да ги подржат за кандидати.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Им треба лик од калибарот на Бранимир Јовановиќ со добра економска поткованост што ќе може да се уклучи на економски дебати да им даде малку економска тежина и сериозност.
Не се прослави многу, си го заборавил. Меѓу првите закони во кои рчкаше муртинецот беше даночењето и Бране одма излизга.
Да не го коментирам податокот дека прв влезе у влада, многу опортунистички и еднократно.
Културен лик е, ама жал ми е како наивно изигра.

Треба некој сериозен економски тим и тоа многу внимателно да се бира меѓу професорски демагози и "бизнис"-лешинари чорбаџии.
За мои сфаќања, треба да се работи на барање на пазари во странство и подобрување на квалитет на домашен производ. Се изнагледавме безидејност и идиотски идеи како туристичка дестинација - дизниленд и ова лудило со канабис од кое се офајдуваат 5 луѓе. Ако се стегне одма со рестрикции на работодавачите и ако им се обесат за јајца за непочитување на работнички права, нема долго да траат. Меѓутоа, прво, ништо не праат без критична маса - база на гласачи.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Еве ние како Кајгана членови заедно да се согласиме за неколку точки во кои Левица потфрла и да им ги пратиме на меил. Сепак е подруго кога ќе имаат увид како нивните гласачи гледаат врз сегашната работа и функционирање. Се со цел да се подобрат. :)

Јас сум да воведат пренос во живо еднаш неделно на нивната страна на фб во која ќе дискутираат 2-3 членови + гости за некоја одредена тема. Гарант ќе имаат по 10к гледачи во живо и уште 10 пати повеќе прегледи на видеото. Така ќе ги запознаат повеќе гласачите. Не им требаат покани по телевизии.Главната страна ја следат 50-60.000 а Апасиев 63.000 + 5.000 пријатели. Ете ти телефизија, си прајш само емисија и си лафиш.:)
 
Овоа последното е топ (y).

Треба да се проба некако да се дојде до работничката класа, тука лежат многу гласови, има многу луѓе кои ги презираат двете партии па може и да се убедат да гласаат.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.985
Не се прослави многу, си го заборавил. Меѓу првите закони во кои рчкаше муртинецот беше даночењето и Бране одма излизга.
Да не го коментирам податокот дека прв влезе у влада, многу опортунистички и еднократно.
Културен лик е, ама жал ми е како наивно изигра.

Треба некој сериозен економски тим и тоа многу внимателно да се бира меѓу професорски демагози и "бизнис"-лешинари чорбаџии.
За мои сфаќања, треба да се работи на барање на пазари во странство и подобрување на квалитет на домашен производ. Се изнагледавме безидејност и идиотски идеи како туристичка дестинација - дизниленд и ова лудило со канабис од кое се офајдуваат 5 луѓе. Ако се стегне одма со рестрикции на работодавачите и ако им се обесат за јајца за непочитување на работнички права, нема долго да траат. Меѓутоа, прво, ништо не праат без критична маса - база на гласачи.
Прво нешто што ми иде на памет, брзо изводливо, и не премногу скапо, е субвенционирани/ефтини ИТ курсеви, за секој што сака да учи.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.798
Поени од реакции
8.545
Прво нешто што ми иде на памет, брзо изводливо, и не премногу скапо, е субвенционирани/ефтини ИТ курсеви, за секој што сака да учи.
Да се надодадам само. Веќе постои инфраструктура и организација низ која може да се спроведе истото. Работничките Универзитети. Сите тие локални факултети и дисперзирани студии треба да се укинат и да се заменат со достапни стручни обуки каде што секој граѓанин би имал право да посети да кажеме по еден курс бесплатно на секој 4-8 години ( со услов на пример дека не смее да пропушти повеќе од 10% од предавањата или треба да плати). Заварување, Електричари, ИТ, Водоводџии, Механичари, работа со гипс картон, обуки за управување со тешка механизација, шиење/кроење, земјоделство/сточарство/овоштарство/пчеларство, масажери, медицински сестри итн ... .

Така би се создал еден систем кој би имал повеќе бенефити:
  1. Реквалификација на кадар во барани професии. Овдека не станува збор само за ИТ. Не може да се очекува во Македонија да се донесе каква било сериозна индустриска инвестиција ако истата нема никаков начин како да најде работна сила. Не е се во платите кои треба да се исплаќаат, колку сака нека се ниски, ако нема заварувачи и треба да ги обучуваат од нула они не ти доаѓаат.
  2. Луѓето и да не се определат за таа струка за која посетувале настава сепак населението ќе се здобива со се повеќе вештини и ќе биде по-продуктивно.
  3. Ќе има државата сериозна база на податоци за тоа кои вештини ги има населението и со тоа ќе може да се прави каква таква продуктивна распределба на грантовите но и да се знае какви инвестиции да се бараат.
Дури и да се иселуваат тие што ги поминале курсевите, далеку повеќе пари ќе направат ( и пратат назад дома ) ако работат како квалификуван кадар, наспроти да работат по бутици, брза храна и собарки.

Сето ова секако би се одвивало во форма на вечерна школа со што би можело и да се вработуваат како предавачи веќе вработени лица наместо да се држат професори со полно работно време. Да цената најверојатно би била малку посолена за се да имплементира. Али немањето продуктивни животни вештини е голема рана на нашето општество која мора да почне да се решава.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.985
Да се надодадам само. Веќе постои инфраструктура и организација низ која може да се спроведе истото. Работничките Универзитети. Сите тие локални факултети и дисперзирани студии треба да се укинат и да се заменат со достапни стручни обуки каде што секој граѓанин би имал право да посети да кажеме по еден курс бесплатно на секој 4-8 години ( со услов на пример дека не смее да пропушти повеќе од 10% од предавањата или треба да плати). Заварување, Електричари, ИТ, Водоводџии, Механичари, работа со гипс картон, обуки за управување со тешка механизација, шиење/кроење, земјоделство/сточарство/овоштарство/пчеларство, масажери, медицински сестри итн ... .

Така би се создал еден систем кој би имал повеќе бенефити:
  1. Реквалификација на кадар во барани професии. Овдека не станува збор само за ИТ. Не може да се очекува во Македонија да се донесе каква било сериозна индустриска инвестиција ако истата нема никаков начин како да најде работна сила. Не е се во платите кои треба да се исплаќаат, колку сака нека се ниски, ако нема заварувачи и треба да ги обучуваат од нула они не ти доаѓаат.
  2. Луѓето и да не определат за таа струка за која посетувале настава сепак населението ќе се здобива со се повеќе вештини и ќе биде по-продуктивно.
  3. Ќе има државата сериозна база на податоци за тоа кои вештини ги има населението и со тоа ќе може да се прави каква таква продуктивна распределба на грантовите но и да се знае какви инвестиции да се бараат.
Дури и да се иселуваат тие што ги поминале курсевите, далеку повеќе пари ќе направат ( и пратат назад дома ) ако работат како квалификуван кадар, наспроти да работат по бутици, брза храна и собарки.

Сето ова секако би се одвивало во форма на вечерна школа со што би можело и да се вработуваат како предавачи веќе вработени лица наместо да се држат професори со полно работно време. Да цената најверојатно би била малку посолена за се да имплементира. Али едноставно необразованоста и немањето продуктивни животни вештини е голема рана на нашето општество која мора да почне да се решава.
Да, да.. Тоа е идејата, колку повеќе, толку подобро. Тоа со ИТ го пишав пошто е најперспективно, најдоходовно во моментов, а курсевите се доста скапи за наши услови.

Во ЕУ, као што слушам од нашиве гастарбајтери, нешто слично правеле со студентските кредити, од кои едниот ти ги покрива трошоците за студирање, и се исплаќа на установата каде што учиш, а другиот, кој што му се дава на студентот, во ануитети, што на годишно ниво излегувало некаде околу 10 000 евра. Старосна граница немало, може да решиш дека сакаш да учиш медицина на 50 години.

Условите за враќање, биле нешто како што биле во бивша Југославија. Враќаш ануитети со дел од заработката, која што е над одредена сума, дали минималец, дали просечна, не сум сигурен, тој дел не го разбрав добро, ама во секој случај беа некои комунистички услови.

П.С - Ова не ми подробно истражено, и се темели на база на кажувања на наши гастарбајтери, што ги користеле/користат тие кредити. Не ме интересирало повеќе, ама кој сака/има интерес, нека истражи повеќе.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Сдсм и Вмро се толку лоши моментално што ништо да не прават Левица пак ќе си добиваат нови гласачи. Долгогодишни верни гласачи (кој немаат некаква корист од партијата) на сдсм разочарани од политиките на Заев ќе гласаат за Левица на следни избори. Барем неколку ми се имаат изјаснето така во последните неколку денови. А дека не привлекувале пензионери, па не би рекол. Пензионерите најмногу гледаат ТВ и се согласувам дека повеќе треба да ги има по емисии но и од тоа малку што го имаат видено им има Апасиев оставено силен впечаток.
Дедо ми 75 години е, цел живот гласа за Вмро, последните избори не гласал. После изборите стана муабет за политика и ми вика оној со долгата коса, со брадичката е најдобар за него треба да гласам, партал ги прави на арамиите. Нека си поживее, на следни избори ќе го однесам да ги гласи.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Има на форумов врсник на Ричард Гир. @Ireal може да се изјасни за мислењето на гратскиот, прогресивен и дигитално писмен дел од таа пресудна за избори популација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom