Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.349
Поени од реакции
21.731
Собирањето на лајкови на социјалниве мрежи од страна на партииве.
Јасно ми е, нормално. Само смешно е што овој Костадинов ги обвинува Левица за некакви фејк лајкови и алгоритми, а всушност неговата секта се служи токму со такви работи за кои обвинува.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Сум гласал на анкетава "не", а искрено, сакам да почне да ме влече накај "да". Само, нешто ми недостасува... Уште имам впечаток дека опстојува истиот проблем за кој пишував и пред парламентарните избори - просечниот гласач ја гледа Левица како "човек-партија" или "интернет-партија" (Thug-Life Апасиев и хехенца на Facebook и Twitter).

Ако не е така, како партија треба сериозно да продолжат да работат на тоа да ја запознаат јавноста со останатите "коњи" кои би трчале за партијата на следните избори. Еве, се ближат локални - каде се суптилните најави за потенцијални кандидати преку активности кои би ја заинтригирале јавноста? Додуша, од март до декемвери, малку повеќе се слушна и дозна и за Крмов, а и Мојсоска е прилично активна на социјални медиуми. Ама пак ќе речам, најчесто со хехенца и дневно ботски доскочици на Twitter :)

Еве, на пример, ги следам Левица - Аеродром на Facebook (for research purposes, нели). Освен шернување статуси од лидерот, не гледам никакви активности на локално ниво. А ова е една од најбитните општини во Скопје и можеби Македонија. Вчера објавија некој документ за договор на Општината за организирање на настани (склучен пред пандемијата) и се обидоа да предизвикаат внимание, ама некако издишаа поради тоа што "сензационалното откритие" немаше врска со реалноста. Цела година чекам за "shot fired" и на крај испаднаа влажни петарди :(

Муабетот ми е, Апасиев е интересен, елоквентен и упорен лик кој е вистинска ноќна мора за неговите соговорници. И поради тие квалитети, знае да мотивира луѓе да гласаат за Левица. Но, Апасиев нема да биде кандидат на локални, ниту пак член на совет. Дај малку да ги запознаеме и локалните левичари, ако ги има.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Немаат никаков значителен напредок откако станаа парламентарна партија, во поглед на проширување на гласачкото тело, иницијативи, акции, освен протестот пред некој ден за изливот на Заев.

Еве актуелна е ситуацијата со тутунарите и лошите цени за откуп. Се декларираат како работничка партија, ова им е одлична шанса да застанат во одбрана на тутунарите и да ги поддржат во барањата. Дури и пред да влезат у парламент имаа такви акции (за текстилните фабрики) сега не гледам дека прават такво нешто.

Премногу се (то ест лидерот) сконцентирани на сензационализам. Тоа се исполни. Влезе во собрание, трн у око им е, но влада не се бутка со лајкови и тролање, тоа особено не пали кај повозрасното население. Ова со „шеговитите“ амандмани воопшто не беше потребно, освен „хахах“ нема никаква придобивка. Апасиев е влезен во Бетмен Велит/Влатко Васиљ филм, да изиграва заебант, наместо да израсне у сериозен лидер на партија која би влечела десетици илјади гласови. Имаат прилика да се покажат како вистинска трета опција, имаат пенал ситуација, ќе видиме дали ќе го реализираат или ќе ги изеде и нив комформизмот на фотељата и да станат уште едно ново разочарување.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Треба и членство поголемо, ние повеќето даваме подршка на интернет и се тоа е убаво ама за на терен требаат луѓе. Мал дел од попаметниве сакаат да излезат од конфорна зона и да се заложат активно за таа партија која сметаат дека оди во друга насока, додека на будалите не им е проблем и за лоши политики да трчаат.

90% од Македонциве само чекаме некој да не „спаси“ од олошиве а никако активно да се уклучиме и сами во спасувањето..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.331
Поени од реакции
26.281
Немаат никаков значителен напредок откако станаа парламентарна партија, во поглед на проширување на гласачкото тело, иницијативи, акции, освен протестот пред некој ден за изливот на Заев.

Еве актуелна е ситуацијата со тутунарите и лошите цени за откуп. Се декларираат како работничка партија, ова им е одлична шанса да застанат во одбрана на тутунарите и да ги поддржат во барањата. Дури и пред да влезат у парламент имаа такви акции (за текстилните фабрики) сега не гледам дека прават такво нешто.

Премногу се (то ест лидерот) сконцентирани на сензационализам. Тоа се исполни. Влезе во собрание, трн у око им е, но влада не се бутка со лајкови и тролање, тоа особено не пали кај повозрасното население. Ова со „шеговитите“ амандмани воопшто не беше потребно, освен „хахах“ нема никаква придобивка. Апасиев е влезен во Бетмен Велит/Влатко Васиљ филм, да изиграва заебант, наместо да израсне у сериозен лидер на партија која би влечела десетици илјади гласови. Имаат прилика да се покажат како вистинска трета опција, имаат пенал ситуација, ќе видиме дали ќе го реализираат или ќе ги изеде и нив комформизмот на фотељата и да станат уште едно ново разочарување.
Што може да направи Апасиев, кога никој од другите не двои и не може да остане запамтен? Едноставно толку му е потенцијалот на партијата на кадровско ниво. Мора да солира.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Кадровски се покриени и има деца кои немаат медиумско покривање па затоа се мисли дека е one man show. Меџу остало имам забележано дека нивото на Апасиев стана мерило па затоа ни/ви изгледа дека во Левица нема паметни луѓе.

И покрај тоа што на ТВ куќиве им рипа рејтингот за 500% кога гостува Апасиев,го гледаме на тв еднаш во два месеци. Тоа ти е тој режим, заробени медиуми по кој се плукаше кога бешеГрујо а си остана денес.

На Само Вистина секоја недела гостуваат Златев, Стојанче, Алберт и ред други аналитичари или новинари, а никој не го викнал Реџеп од Левица кој е магистер на политички науки.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028

А кој освен Стојанче ќе се нафати да гостува со Реџеп?
Као ѓавол од крст бегаат.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Што може да направи Апасиев, кога никој од другите не двои и не може да остане запамтен? Едноставно толку му е потенцијалот на партијата на кадровско ниво. Мора да солира.
Па тоа да направи, да биде Сплинтер и да извади бар 4 нинџи што ќе се снаоѓаат у канализацијата „македонска политика“. Во време кога големите две партии имаат апологети како гласноговорници, сигурно може да најде некого да ги шлака истите. Особено ради тоа што сеуште го имаат џокерот „неоцрнети“, затоа што не биле претходно на власт.

Мора да се групираат и да делуваат така.

Но дури и без тоа, како соло, треба да намали со меме политиката за тоа сигурно има други кандидати да го прават, он нека се сконцентрира како посериозен. Не пропушта да се пофали дека е професор, нека делува така. Со хахах хихихи политика нема да има значаен напредок.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Следните избори се локални и може да освојат нешто повеќе советнички места од сега. За градоначалничко, многу тешко. Немаат кадар и не се многу активни, а штета пошо барем за скопскиве општини можам да коментирам - нема еден градоначалник што заслужува реизбор.
Да не си барам постови за Левица од пред 3,4 години, добро е што барем во овој дел од дискусијата, има повеќе луѓе што го делат мислењето дека треба друг тип на пропаганда да форсираат и да олабават со фејсбук твитер. Пазарџиине, бедана што работи по погони, конфекции, маркети абер нема од твитер и фејсбук. Не можеш на нив да им се приближиш со оваа комуникација, со овој речник.
Ова за што пишува @ElNinho е скроз у право - секоја година земјоделците се ебани за откуп, за субвенции, ги мафтаат со евтини нафти...тие луѓе треба да ги таргетираш, а не нерадници на фејсбук, што ок, може и те разбираат идеолошки, ама кога ќе дојде денот за гласање сеедно им е и не гласаат воопшто или гласаат за бандитиве пошо должат вработување.
Нема многу млад свет што ја разбира идеологијава. Или го перцепираат тоа како нешто од прошло време, срамно, осудено на пропаст или уопште не разбираат општествено уредување и само мислат како да збришат од овде. Ако се бараат кадри од факултетите за општествени науки, социологија, политикологија, таму одат луѓе шо немаат појма шо да праат у животот и за жал не ни перцепираат дека се сиромашни и немаат иднина. Така да, веројатно и тешко е да создат база на членство, ако планираат да држат некое ниво. Ако им е сеедно и ако прибираат копуци опортунисти, ќе останат у просекот на дом, лиле миле партии.
Мора да излезат од конформизмот и на терен да работат, пошо политика е многу прљав спорт. Македонскава политика ја означија строго лопужи, преваранти, хохштаплери, амди, зинго...ние за 30 години не избацивме еден чоек од политика за кој може да се каже "да, тој беше принципиелен, одговорен, елоквентен, патриот...". Нема таков, све фукара...и со такви ако не се фатиш за гуша и не играш тврдо, има да те изедат.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Да, све е тоа точно, али нема дилема дека такви - какви што се, за сега, пак се подобра опција од Мурто и Курто.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Пазарџиине, бедана што работи по погони, конфекции, маркети абер нема од твитер и фејсбук.
Не им нудеа бесплатна правна помош на овие групи граѓани?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom