UEFA Europa Conference League

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.441
Поени од реакции
58.813


UEFA Europa Conference League ќе претставува трето по јачина европско клупско првенство.

Ова натпреварување ќе започне летото 2021 и тоа:
- Прва квалификациона рунда: 8 и 15 јули
- Втора квалификациона рунда: 22 и 29 јули
- Трета квалификациона рунда: 5 и 12 август
- Плеј оф: 19 и 26 август
- Групна фаза: 16 и 30 септември, 21 октомври, 4 и 25 ноември и 9 декември
- Прелиминарна нокаут фаза: 17 и 24 февруари
- 1/8 финале: 10 и 17 март
- 1/4 финале: 7 и 14 април
- 1/2 финале: 28 април и 5 мај
- Финале: 25 мај
* Со исклучок на финалето, натпреварите ќе се играат во четврток.

Во UEFA Europa Conference League учество ќе заземат 184 клубови.
- По 1 клуб ќе имаат нациите рангирани од 1 до 5 место според УЕФА коефициентот
- По 2 клуба ќе имаат нациите рангирани од 6 до 15 место
- По 3 клуба ќе имаат нациите рангирани од 16 до 50 место
- По 2 клуба ќе имаат нациите рангирани од 51 до 55 место
- Лихтенштајн бидејќи нема своја лига, ќе имат 1 претставник во натпреварување и тоа победникот во домашниот куп
* Место ќе добијат и дел од поразените екипи во ЛШ и ЛЕ

Форматот се состои од:
- 3 квалификациони кола
- Едно плеј оф коло (право на учество ќе имаат поразените екипи од третото квалификационо коло од ЛЕ)
- Групна фаза (составена од 32 клубови, од кои 10 места припаѓаат за испаднатите екипи од плеј-оф за ЛЕ)
- Прелиминарно нокаут коло (составено од второпласираните екипи од групната фаза и 8 третопласирани екипи од групната фаза од ЛЕ)
- Нокаут коло (16 екипи, победниците од групите + победниците од прелиминарното нокаут коло)

Победникот обезбедува место во групната фаза за ЛЕ следната сезона, а со воведувањето на ова натпреварување, наместо 48 клубови во Лига Европа ќе се натпреваруваат 32.
Првото финале на UEFA Europa Conference League ќе се игра на националната арена во Тирана.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
Супер шанса за Македонија да заврши во топ 50 спроед УЕФА лигата па така:
-Шампионот да игра квалфиикации за ЛШ
-Второпласираната екипа и победникот на купот да играат квалификации за ЛЕ

А во квалификациите за ова натпреварување да ги гледаме великаните Борец, Струга Трум И Лум и Силекс

Европска Струга Трум И Лум, како гордо тоа звучи
Автоматски споено мислење:

Првото финале на UEFA Europa Conference League ќе се игра на националната арена во Тирана.
Какви се коефициентите дека ќе снема струја во 35 минута, а во 68 со дрон ќе излезе мапа на Голема Албанија? :icon_mrgr:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Ќе има Интер што да освои. :D
Фан клуб Интер, никој не сака да го шутира пеналов? Сигурно никој? Ок, ај ја тогаш.

Интер е поуспешен клуб во Европа од Јувентус.
Конечно едно натпреварување во кое Јувентус може да стигне до финале, што може да го добие.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.201
Супер шанса за Македонија да заврши во топ 50 спроед УЕФА лигата па така:
-Шампионот да игра квалфиикации за ЛШ
-Второпласираната екипа и победникот на купот да играат квалификации за ЛЕ

А во квалификациите за ова натпреварување да ги гледаме великаните Борец, Струга Трум И Лум и Силекс

Европска Струга Трум И Лум, како гордо тоа звучи
Автоматски споено мислење:


Какви се коефициентите дека ќе снема струја во 35 минута, а во 68 со дрон ќе излезе мапа на Голема Албанија? :icon_mrgr:
Со ова натпреварување Македонија и сите други освен топ 15 лиги нема да имаат тимови во квалификациите за ЛЕ како претходно тројца. Сега ЛЕ започнува од трето квалификациско коло и таму ќе се сретнат испаднатите од ЛШ втора квалификациска рунда (Македонија почнува од оваа рунда, прва е за најслабите 4 лиги)
Ќе има и плејоф каде за влез во групна фаза ќе играат испаднатите од квалификациите за ЛШ трета рунда и победниците о трето квал. ЛЕ а во групна фаза победниците на куповите од топ 7 и по една екипа од топ 5 лигите.
Значи ако еве пример Арсенал заврши 7мо, а го освои купот тогаш ќе идат ЛЕ, а Евертон ако се 6то ќе идат во новото натпреварување зашто од појјаките лиги таму ќе има само по еден тим.

Мене ми се свиѓа оваа промена, ЛЕ следна година ќе биде многу поинтересна него оваа.
Второ и трето пласираните тимови од овие пацерскиве лиги нема да имаат можност да играат ЛЕ и ќе може да се гледаат подобри утакмици во групна фаза за разлика од сега каде тимови ко Дундалк и Дуделанж, па и Вардар ќе го спомнеме во тој контекст играат против Сосиедад, Арсенал, Милан...
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Фан клуб Интер, никој не сака да го шутира пеналов? Сигурно никој? Ок, ај ја тогаш.

Интер е поуспешен клуб во Европа од Јувентус.
Конечно едно натпреварување во кое Јувентус може да стигне до финале, што може да го добие.
Ништо, го утна пеналот. Интернационални титули Јувентус-Интер 11-8, со тоа што и овде сигурно ве ебеле судиите па пак сте послаби од Јувентус.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Ништо, го утна пеналот. Интернационални титули Јувентус-Интер 11-8, со тоа што и овде сигурно ве ебеле судиите па пак сте послаби од Јувентус.
Во право си, исто како Монтеро во финалето во 2003та. :(
Сепак, разликата ја прават титулите во Интертото купот и Купот на победниците на куповите.
Како што реков, ова ќе биде право натпреварување за вас. Зошто да не отидете и на 12 титули.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Во право си, исто како Монтеро во финалето во 2003та. :(
Сепак, разликата ја прават титулите во Интертото купот и Купот на победниците на куповите.
Како што реков, ова ќе биде право натпреварување за вас. Зошто да не отидете и на 12 титули.
...каде што Јуве има по една титула. Што ли ја прави другата разлика?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.786
Поени од реакции
17.306
Уф, ова ке биде Лига Европа за сиромашни. Како навивач на Партизан, сега одиме со минусите, наградите ке бидат далеку помали од учество во Лига Европа, да не зборуваме за Лигата на шампионите. Исто така и противниците ке бидат далеку неатрактивни. Ама од друга страна бар ке има некој приход, отклоку да не се игра ниедно европско натпреварување. Како и да е добра шанса за екипи од послабите земји кои вложуваат пари во екипите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom