Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.441
- Поени од реакции
- 58.813
UEFA Europa Conference League ќе претставува трето по јачина европско клупско првенство.
Ова натпреварување ќе започне летото 2021 и тоа:
- Прва квалификациона рунда: 8 и 15 јули
- Втора квалификациона рунда: 22 и 29 јули
- Трета квалификациона рунда: 5 и 12 август
- Плеј оф: 19 и 26 август
- Групна фаза: 16 и 30 септември, 21 октомври, 4 и 25 ноември и 9 декември
- Прелиминарна нокаут фаза: 17 и 24 февруари
- 1/8 финале: 10 и 17 март
- 1/4 финале: 7 и 14 април
- 1/2 финале: 28 април и 5 мај
- Финале: 25 мај
* Со исклучок на финалето, натпреварите ќе се играат во четврток.
Во UEFA Europa Conference League учество ќе заземат 184 клубови.
- По 1 клуб ќе имаат нациите рангирани од 1 до 5 место според УЕФА коефициентот
- По 2 клуба ќе имаат нациите рангирани од 6 до 15 место
- По 3 клуба ќе имаат нациите рангирани од 16 до 50 место
- По 2 клуба ќе имаат нациите рангирани од 51 до 55 место
- Лихтенштајн бидејќи нема своја лига, ќе имат 1 претставник во натпреварување и тоа победникот во домашниот куп
* Место ќе добијат и дел од поразените екипи во ЛШ и ЛЕ
Форматот се состои од:
- 3 квалификациони кола
- Едно плеј оф коло (право на учество ќе имаат поразените екипи од третото квалификационо коло од ЛЕ)
- Групна фаза (составена од 32 клубови, од кои 10 места припаѓаат за испаднатите екипи од плеј-оф за ЛЕ)
- Прелиминарно нокаут коло (составено од второпласираните екипи од групната фаза и 8 третопласирани екипи од групната фаза од ЛЕ)
- Нокаут коло (16 екипи, победниците од групите + победниците од прелиминарното нокаут коло)
Победникот обезбедува место во групната фаза за ЛЕ следната сезона, а со воведувањето на ова натпреварување, наместо 48 клубови во Лига Европа ќе се натпреваруваат 32.
Првото финале на UEFA Europa Conference League ќе се игра на националната арена во Тирана.