Денес беше објавена стратегијата за вакцинација во Франција.
Ќе се одвива во 3 етапи:
1ва етапа 1 милион луѓе ќе бидат вакцинирани во периодот Јануари и Февруари 2021 овде ќе се опфатат старците во старечките домови и постариот персонал кој работи таму, бидејќи се најризична група. Ова ќе биде направено со вакцината на Фајзер.
2ра етапа 14 милиони ќе бидат вакцинирани во Март 2021 а како ќе го направат ова во еден месец не знам. Овде ќе се најдат луѓе кои се над 75 години, помеѓу 65 и 74 години и здравствените работници кои имаат повеќе од 50 години и оние со одредени коморбидитети.
Ова ќе се прави со вакцините на Фајзер, Модерна, Астра Зенека, Куревак и Јансен искрено прв пат слушам за последниве 2 компании.
3та етапа проширување на вакцинирањето кон другите по не ризични категории до крајот на Пролетта како оние над 65 години, луѓе од било која возраст со коморбидитети, професионалци од здравствениот сектор и од другите сектори од есенцијално значење како образование, безбедност, транспорт... Ова ќе се изведува со вакцините на Фајзер, Модерна, Астра Зенека, Санофи, Куревак и Јансен
Вакцината ќе биде бесплатна.
Порачани се 200 милиони вакцини за во Франција
Имунологот Алан Фишер објаснува дека помеѓу трите вакцини кои се најблиску до добивање на одобрение за употреба, односно вакцините на Астра Зенека, Фајзер и Модерна, има 2 различни техники на дејствување:
Едната е да се вбризга вакцината преку инекција која содржи ДНК која би дало информација на клетките на произведуваат протеин кој би стимулирал имунитарна заштита. Ова е комплетно нов процес и важи за вакцините на Астра Зенека и Фајзер.
Втората техника е онаа со аденовирусите со вакцината на Астра Зенека која нема д абиде администрирана веднаш не поради прашање на опасност но поради прашање на ефикасност, бидејќи била по не ефикасна од другите 2.
Сепак главниот имунолог кој ќе ја води кампањата вели дека треба да се оди полека и претпазливо бидејќи овие вакцини се сеуште нови и не се знае нивното целосно влијание. Треба вели да се види дали навистина вакцините го штитат телото не само од инфекција ами и од понатамошна трансмисија на вирусот.
Се потрудив да преведам најдобро што знам и умеам.
Оригиналниот линк
овдека