- Член од
- 14 ноември 2013
- Мислења
- 7.401
- Поени од реакции
- 23.235
Па не се согласувам искрено. Еве на пример, барем тие што ги знам, со децении лојални гласачи на СДС, после ова со Бранко почнаа отворено да јадат бурек против Заев/СДС, 2ца беа дури и на протестите пред некој ден пред Влада. 40 пратеници може ама над 42 не ми се верува освен ако не коалицираат со се и сешто па и тогаш максимум 45.Тоа беше вистина веќе овие избори, следните се далеку и кој знае дали ќе ги има. СДС се секта без пандан на светот, дали 5% од гласот ќе изгубат во Центар и Карпош, сите други муабети за градски селски крила се комплетна лага. Од ДПНЕ кој знае што ќе остане ако и овој пат потфрлат, широкото членството можат да го лажат само толку многу пред да пукне се.
А на следните избори ќе биде истото. СДС ќе се дотурка некако до 40-45 пратеници со поткупи, измами и останато и тогаш коалиција со секој што е потребно како што може дас се види од претходниве избории. Додека има по некое место за тајфата на Шеќеринска и Заев за другите не е важно, не е како да ќе се бунат.
Што Левица да не ќе треба да ја чекаме да иде од 2 -> 10 -> 15-20 -> 30 и одеднаш поминаа повторно 30 години, а во овој облик државава 30 години не преживува. А се поуверен сум дека сево ова е повторно само театар. Недела дена ќе помине од првите протести они сеуште немаат свикано средба на сите партии и организации за да се договорат. Не може некој да е сериозен за отпор а недела дена да го нема да свика средба и да се оформи план што како се планира. На крај Дурловски ќе испадне во право.
Прегледај го приврзокот 276587
И ние повторно ќе се вратиме на почетокот и во 21 век заедно со Курдите и Палестинците ќе мораме да се бориме за држава и права.
Но и тоа е отворено прашање. Идат локални избори каде што на СДС ќе им се пореметат сметките, сега имаат 95% контрола на општините (а од тука и моќта - местени тендери, вработувања итн) а нема теорија да го повторат успехот од 2017 така да ДПМНЕ ќе дојдат до позиција каде што ќе можат повторно да го поткупуваат членството. Е сега прашањето е кој ќе ги добие убавите општини. Понатаму, ДПМНЕ нели коалицираа со Алијанса и Алтернатива за локалните, што ги спречува да коалицијаат и на парламентарни?
Тука е и Левица но не знам за нивната популарност, едно е лајк на ФБ, друго е да се глас за нив на избори.
Интересно е да правиме муабет на форум ама ќе видиме што како ќе биде на крај, ваљда партииве си прават внатрешни анкети и анализи константно.