- Член од
- 14 ноември 2013
- Мислења
- 7.401
- Поени од реакции
- 23.234
Па биле на состанок и пиеле кафе, Апасиев е пратеник а Стојанче е шеф на кризниот штаб за справување со ковид. За тоа другото, тие двајца што ги има спомнато Димитар се дежурни бранители на СДС по социјални мрежи, ништо ново тука, од време на време јаде бурек за вакви ликови.Не се согласувам во потполност, колку сака да е патриотски народот ако сите политичари до еден се продадени луѓе нема многу место за маневар ( чист пример се Палестина и Курдите). Ние во 1991 се ослободивме како држава во која полицијата и службата има 102.5% проценти контрола врз политичарите. Во последните 30 години секој гнев беше изменаџиран, ЕДНА ПОБЕДА НЕ СМЕ ИМАЛЕ. Константна пропаганда за деморализација од секој медиум врти 24/7.
Протести имаше многу, како Скопје и други градови гореле но која е поентата ако нема политичка или каква било друга структура која ќе го искористи моментот и ќе го поведе народот. А во меѓувреме јас не се сеќавам еднаш некој наш политичар да направил некакво екстремно дело макар и отишол во затвор за да даде пример за другите.
Не можеш да очекуваш ти дека просечни луѓе од улица кој 30 години добро не виделе од државата ќе тргнат со револуција додека "водачите" седат во дваесети ред и посматраат кога ќе дошол моментот. Што треба јас да излезам сега да направам некоја тешка глупост, додека "политичките лидери" чекаат да видат дали народот ќе биде инспириран за да излезат или ако не е да ме остават 20 години во затвор без збор да кажат. Они да ги лапаат сите привилегии, а јас да го јадам стапот на крај ( како сите од шарена што го изедоа).
Чист пример гледајте го Апасиев за што пишува во ваква ситуација за Кафе со Стојанче и за како некој си Дерала и некоја типка требале да се венчаат. Не сме ние толку лоши колку што системот е премногу заебан. Не може ние Македонците во која било друга држава што има неутрален став наспрема нас да функционираме сосема ок и од аспект на култура и идентитет, додека во Македонија да имаме проблем. Од следната година послободни ќе бидат Македонците во Србија, Хрватска и Албанија одколку во Македонија, тоа е тоа.
Народот не е толку лош колку што државниот систем е комплетна катастрофа. Немањето на ниту една државотворна институција ( полиција, војска, разузнавање, универзитети, МАНУ, олигарх) под контрола на патриотски луѓе е тоа што не толчи и ќе не дотолчи. Системот уште од Југославија а посебно овие последни 30 години целата своја моќ ја ставаше само на еден проект а тоа е да ги исчисти сите институции од какви било државотворни луѓе. Само црвите останаа.