Тоа беше вистина веќе овие избори, следните се далеку и кој знае дали ќе ги има. СДС се секта без пандан на светот, дали 5% од гласот ќе изгубат во Центар и Карпош, сите други муабети за градски селски крила се комплетна лага. Од ДПНЕ кој знае што ќе остане ако и овој пат потфрлат, широкото членството можат да го лажат само толку многу пред да пукне се.
А на следните избори ќе биде истото. СДС ќе се дотурка некако до 40-45 пратеници со поткупи, измами и останато и тогаш коалиција со секој што е потребно како што може дас се види од претходниве избории. Додека има по некое место за тајфата на Шеќеринска и Заев за другите не е важно, не е како да ќе се бунат.
Што Левица да не ќе треба да ја чекаме да иде од 2 -> 10 -> 15-20 -> 30 и одеднаш поминаа повторно 30 години, а во овој облик државава 30 години не преживува. А се поуверен сум дека сево ова е повторно само театар. Недела дена ќе помине од првите протести они сеуште немаат свикано средба на сите партии и организации за да се договорат. Не може некој да е сериозен за отпор а недела дена да го нема да свика средба и да се оформи план што како се планира. На крај Дурловски ќе испадне во право.
Прегледај го приврзокот 276587
И ние повторно ќе се вратиме на почетокот и во 21 век заедно со Курдите и Палестинците ќе мораме да се бориме за држава и права.
Па не се согласувам искрено. Еве на пример, барем тие што ги знам, со децении лојални гласачи на СДС, после ова со Бранко почнаа отворено да јадат бурек против Заев/СДС, 2ца беа дури и на протестите пред некој ден пред Влада. 40 пратеници може ама над 42 не ми се верува освен ако не коалицираат со се и сешто па и тогаш максимум 45.
Но и тоа е отворено прашање. Идат локални избори каде што на СДС ќе им се пореметат сметките, сега имаат 95% контрола на општините (а од тука и моќта - местени тендери, вработувања итн) а нема теорија да го повторат успехот од 2017 така да ДПМНЕ ќе дојдат до позиција каде што ќе можат повторно да го поткупуваат членството. Е сега прашањето е кој ќе ги добие убавите општини. Понатаму, ДПМНЕ нели коалицираа со Алијанса и Алтернатива за локалните, што ги спречува да коалицијаат и на парламентарни?
Тука е и Левица но не знам за нивната популарност, едно е лајк на ФБ, друго е да се глас за нив на избори.
Интересно е да правиме муабет на форум ама ќе видиме што како ќе биде на крај, ваљда партииве си прават внатрешни анкети и анализи константно.