Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 5.916
- Поени од реакции
- 17.872
На крај ке земеш некое вино со струганици на дно, ке купиш најевтина салама и ако мајка ти ти направила, ке земеш и руска салата. Ке пуштиш во позадина турбо фолк микс од јутјуб, а на ТВ ке гледаш мрсни певаљки, ама таму ке угасиш тонот, пошто ако ги слушаш нив уште до толку ке те дотепа атмосферата. Негде околу 1:30 ке почне Дотако сам дно живота и ке се сетиш на сите пропуштени прилики, а посебно на Марјана од трета година, осми клас и ке мислиш каква прилика сум пропуштил, а она земала за маж некој ултрамегагигатера богат. Ке пробаш да ја скршиш флашата од глава така пијан и ке сакаш со стаклото да исечеш вени, арно ама ке се сетиш дека ке мора да одиш на ургентно да те шијат или не дај Боже твоите во црно да ги завиеш, па отвараш друга флаша од тоа струганиците и ја пиеш побрзо. Сабајле се будиш, не знаеш дали си на планетата Земја или на планетата Марс, битно си дочекал уште една, нова година!